fbpx

Мицкоски отворен за постојана комуникација со претставниците на ЕУ во Македонија

-

Македонско-германските односи, актуелната политичка состојба и стратешките приоритети на земјава биле темите за кои на денешаната средба разговарале лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и амбасадорот на Германија во Македонија, Томас Герберих.

Двајцата соговорници констатирале дека и во иднина ќе продолжат постојаните контакти и комуникации помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и амбасадата на Германија, како и со претставниците на Европската Унија во Македонија.

Мицкоски на средбата истакнал дека стратешка определба на е членството во ЕУ и НАТО, а заложбите на ВМРО-ДПМНЕ за остварување на овие цели „биле и ќе останат приоритет“.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ го информирал Герберих и „дека неоправдано во притвор од страна на актуелната власт се држат 6 пратеници од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и дека и покрај забелешките на Народниот правобранител за начинот на притворање и процедурата за спроведување на народните избраници до судот, до сега нема никаква одговорност од страна на актуелната власт.

Мицкоски исто така потенцирал дека нема конкретни чекори од страна на СДСМ за подобрување на политичкиот дијалог помеѓу опозицијата и власта.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Гранатирани инфраструктурни објекти во Запорожје и Одеса

Руски проектили погодија индустриска инфраструктура во градот Запорожје, информира Регионалната воена управа на Запорожје, пренесува Укринформ. Утрово, руската армија лансираше балистичка ракета од привремено окупираниот Крим и врз инфраструктурен...