fbpx

ВМРО-ДПМНЕ една вечер ќе протестира пред Министерство за правда, друга пред „Шутка“

-

Од утре ВМРО-ДПМНЕ ќе ја менува рутата и локацијата на протестите против притворањето на осомничените за насилствата во Собранието од 27 април, меѓу кои се и шестмина пратеници на опозициската партија.

Ова на вечерашниот протест пред Министерството за правда во најави Александар Николовски, кој во своето обраќање пред насобраните граѓани рече дека од утре па натаму една вечер протести ќе има пред Министерството за правда, а една вечер пред истражниот затвор „Скопје“ во населбата Шуто Оризари за да им се даде поддршка на, како што рече, неправедно притворените.

– Сега пред да дојдам тука имав можност да се сретнам со роднините на дел од притворените, дел се и тука меѓу нас. Сите велат дека овие собири многу им значат и тоа треба да е еден мотив да доаѓаме секоја вечер, да сме што побројни, да е што помасовно и да ги поддржиме овие луѓе-рече – Николоски.

Никола Мицевски пред насобраните граѓани изјави оти се надеваат дека „СДС ќе ги увиди своите грешки и ќе почнат соодветно да го спроведуваат законот“, а не да врши класичен политички прогон и демонстрирање на сила“.

– Денеска од овде бараме безусловно запирање на сите овие процеси на политички прогон, бараме итно и безусловно стопирање на малтретирањата, на теророт и изживувањето кое што го прави СДС. Бараме итно пуштање на слобода на сите лица кои се опфатени со овој класичен политички прогон – рече Мицевски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Откриен еден од осомничените за тешка кражба на сеф во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 23-годишник, осомничен за кражба на сеф во Црниче. Ноќта меѓу 31 март и 1 април, осомничениот заедно со уште три лица, провалиле во...