fbpx

Хан: Новата 2018 е решавачка година за Западен Балкан, ајде заедно да ја обликуваме иднината

-

Еврокомесарот за соседска политика и проширување, Јоханес Хан во пресрет на дочекот на Новата година им се заблагодари на сите земји-партнери на Европската Унија, меѓу кои и на Македонија, за соработката во текот на 2017 година и порача дека следната 2018 година ќе биде решавачка за Западен Балкан.

„На крајот на оваа година полна со предизвици сакам да им се заблагодарам на сите наши партнери од нашето непосредно и од поодалеченото соседство за посветената соработка во текот на 2017 година. Да бидеме горди на заедничките достигнувања и да ги засилиме напорите онаму каде сè уште е потребен напредок“, напиша Хан на „Твитер“.

„2018 ќе биде решавачка година за Западен Балкан и можност за уште поблиска соработка со сите партнери за справување со заедничките предизвици. Им посакувам на сите партнери – политичари и граѓани мирна и просперитетна Нова година! Ајде заеднички да ја обликуваме иднината, за нашите млади!“, порача Хан.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

За еден ден, две жени од Скопје нападнати од своите партнери

Два случаја во кои жени од Скопје се нападнати од своите партнери се регистрирани во полицискиот билтен во текот на вчерашниот ден. Околу 18 часот и 30 минути вчера, во...