!На 1 февруари 2017 година, завршува промотивниот период на слободно користење, без регистрација и без претплата, на содржините на „Мета“, кое беше воведено за да им овозможиме полесен пристап на корисниците до навремени и проверени вести. За начинот на пристап и за претплата, од 1 февруари 2017 година ќе информираме дополнително. При пренесувањето и преземањето на содржините од „Мета“, задолжително е атрибуирање и линкување.

„Твитер“ му порача на ВМРО-ДПМНЕ: Реално треба во затвор да одат и парите да ги вратат


       
Скопје, 21 ноември, 2016 - 16:35 (META) 

Изборниот слоган на ВМРО-ДПМНЕ „Реално! Работа, сигурност, напредок!“ за претстојните парламентарни избори, закажани за 11 декември, на социјалните мрежи предизвика голем број коментари. Корисниците на „Твитер“ искажуваат недоверба во волјата на владејачката партија за реализација на проектите од програмата.

Програмата на ВМРО-ДПМНЕ за 2017-2020 година која владејачката партија планира да ја реализира доколку победи на изборите, на 516 страници содржи стотици проекти кои партијата им ги ветува на граѓаните за да го добие нивниот глас.

Зборот „реално“ доби и хаштаг на „Твитер“ под кој се споделуваат коментарите за програмата на ВМРО-ДПМНЕ.