fbpx
Таг: уставни измени

таг: уставни измени

Словенечката претседателка: Треба да имате политичка мудрост и да го промените Уставот

Претседателката на Словенија, Наташа Пирц-Мусар, на заедничката прес-конференција со својот домаќин, македонскиот претседател Стево Пендаровски, порача дека треба да се има политичка мудрост и да се направи измена на Уставот. Таа нагласи оти ѝ е јасно дека тоа не е лесно, оти и во Словенија се случувало нешто слично. „Верувајте ми дека како човек кој го познава обемот на приближувањето...

Мицкоски и Ковачевски се препукуваат околу предлозите за уставни измени

Лидерите на двете најголеми политички партии во земјава, Димитар Ковачевски и Христијан Мицкоски со денови се препукуваат околу предлозите за уставни измени. По ДУИ, и од Алијансата на Албанците денеска нагласија дека се подготвени и тие да излезат од владата доколку ВМРО-ДПМНЕ ги гласа уставните измени, додека партијата БЕСА најави оти нема намера да влезе во евентуална широка влада. Премиерот...

Понудата за влез во владата неочекувано го премисли ВМРО за уставните измени, ДУИ подготвена да се „жртвува“

Експертите и познавачите на политичките прашања ја гледаат како позитивна ненадејната промена на ставот на ВМРО-ДПМНЕ во однос на уставните измени, за кои во изминатиот период оваа партија спроведуваше остра, националистичка и популистичка кампања за асимилација и бугаризација на Македонците и истата ја искажа и преку протести на улиците. Партијата беше до тој степен против, што ги принуди своите...

Османи: Оптимист сум дека со новата бугарска влада можеме да отвориме ново поглавје меѓу двете земји

Скрининг процесот со Европската Унија е во тек и се одвива со добра динамика врз основа на што ќе ги добиеме извештаите од скринингот и патоказот за отворање на поглавјата. Паралелно со тој процес се одвива и процесот на уставни измени и впишувањето на Бугарите во Уставот, рече министерот за надворешни работи Бујар Османи во интервју за француската телевизија...

Ковачевски: Дијалогот да продолжи, предлозите на опозицијата на лидерската средба беа прифатени

Дијалогот треба да продолжи, предлозите на опозицијата на лидерската средба беа прифатени, порача премиерот Димитар Ковачевски во синоќешното гостување на емисијата „360 степени“ на Телевизија Алсат. Во интервјуто Ковачевски зборуваше за исходот од средбата со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и за други актуелни теми во однос на евроинтеграцискиот процес на државата. Премиерот рече дека со прифаќањето на условот на ВМРО-ДПМНЕ...

Џес Бејли оптимист дека земјава ќе влезе во ЕУ: Уставните измени се решение за бугарското вето

Поранешниот амбасадор на САД во Скопје Џес Бејли вели дека уставните измени се јасно решение за бугарското вето, но оти ќе биде разочарување ако има ново вето понатаму што ќе го закочи патот кон Европската Унија. Бејли, во интервју за Гласот на Америка на македонски, вели дека е оптимист оти земјата ќе влезе во ЕУ, но дека не може да...

Мицкоски: Уставните амандмани да бидат ефективни кога Македонија ќе стане земја-членка на ЕУ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски изјави дека неговата партија е подготвена да го прифати предлогот на власта за уставните измени, но под услов измените да бидат ефективни во Уставот кога Македонија ќе постане членка на ЕУ. Тој истакна дека Европа би требало да го поддржи брзиот напредок на Македонија во преговорите и членството во ЕУ, што ќе овозможи отворање...

Вчерашната лидерска средба и денеска носи неусогласени ставови меѓу партиите

Водечките политички партии и денеска се расправаат за резултатите од вчерашната лидерска средба меѓу Димитар Ковачевски и Христијан Мицкоски. СДСМ вели дека ВМРО-ДПМНЕ прифатиле уставни измени и учество во влада за европска иднина, најавувајќи дека лидерот Димитар Ковачевски за утре свикал седници на Извршниот и Централниот одбор на партијата за да се разгледаат начинот и формата на која ќе...

Контраспин: Дилемата за изолација или интеграција не е лажна – опасноста е голема

Застојот во реформскиот пат на државата по 2008 година, по одбивањето на Грција да бидеме примени во НАТО на самитот во Букурешт и изолацијата која настана по тогаш закочените евро-атлантски интеграции, придонесе со стеснување на демократските права и слободи на граѓаните и до состојба опишана како „заробена држава“. Ништо не укажува дека би било поинаку доколку не го исполниме...

Предложената иницијатива за уставните измени стигна до Владата

Министерството за правда ја испрати до Владата на РСМ предлог-иницијативата за уставните измени. Откако беа усвоени од страна на работната група за уставни измени, предлог-иницијативата за промена на Уставот потоа се проверуваше од страна на Министерството за правда, по што беше преведена и на албански јазик. Владата на седница ќе треба да ја разгледа предлог-иницијативата за уставни измени, по што...

Во среда лидерска средба меѓу Ковачевски и Мицкоски

Лидерската средба меѓу премиерот Димитар Ковачевски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ќе се одржи во среда (7 јуни) од 11 часот во Клубот на пратеници. Од владината прес-служба информираат дека средбата ќе се одржи на покана на премиерот Ковачевски. „На средбата, ќе се разговара пред сѐ за одлуките кои треба да се донесат во Собранието со цел продолжување на...

Лидерска средбата најавена за деновиве, партиите со однапред подготвени пораки

Најавената лидерска средба на која треба да учествуваат Димитар Ковачевски и Христијан Мицкоски не е со закажан датум, но извесно е дека ќе се одржи деновиве. Сепак, политичките соперници продолжуваат со однапред подготвени пораки на темите што треба да се разговараат - уставните измени и добрососедските односи. Од владејачката партија СДСМ и денеска го повикаа опозицискиот лидер Христијан Мицкоски да...

Работната група за уставни измени го усвои Деловникот, не се предвидени други интервенции во Уставот

Работната група за подготвување на предлог-иницијативата за потребата од уставни измени со кои Бугарите и другите народи треба да бидат вметнати во Уставот денеска едногласно го усвоила Деловникот за работа. Претседателката на работната група, Маргарита Цаца Николовска ја отфрли можноста работната група да расправа за други интервенции во Уставот, пред сè оние што се однесуваат на јазиците на другите етнички...

Ковaчевски се сретна со новиот дирeктор на ЕК за соседство и преговори за проширување

Европската Унија очекува брз развој на регионот и силно ја поддржува Република Северна Македонија во следниот чекор на евроинтеграциите. Таква порака, како што соопшти македонската влада, упатиле Герт Јан Купман, новиот генерален директор за соседство и преговори за проширување од Европската комисија (ЕК) и со Микела Матуела, вршителка на должност директорка за Западен Балкан во Генералниот директорат за соседство и...

Ескобар: Бараме опозицијата да го поддржи евроатлантскиот пат на Северна Македонија

Заменик-помошникот државен секретар на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар во интервју за Гласот на Америка рече дека од македонската опозиција очекува да слушне посветеност на патот на евроатлантските интеграции на земјава. Тој вели дека најголема грижа за САД е дека ќе се изгуби време, а оти договорот за уставни промени е разумен. „Нашата најголема грижа е дека ќе изгубиме време....

Работната група за уставни измени расправаше по Деловникот, ќе се гласа идниот петок

Работната група за подготвување на предлог иницијативата за потребата од измена на Уставот на денешната седница расправаше за Деловникот и начинот и методологијата на работа, информираше Министерството за правда. Се очекува Деловникот да се усвои на следната седница која е закажана за петок по што ќе се отпочне со материјална расправа за предлог иницијативата за измена на Уставот. Истото денеска го...

Работната група за уставните измени почна со работа, Цаца Николовска избрана за претседател

Маргарита Цаца Николовска, поранешна судијка во Европскиот суд за човекови права во Стразбур ќе биде претседател на работната група за уставните измени. Бајрам Положани, поранешен судија во Уставниот суд и професор по уставно право, ќе биде заменик-претседател. Вака едногласно изгласале денеска членовите на работната група за уставните измени кои денеска ја имаа првата работна средба. Работната група има 23 членови...

Објавена листата на експерти кои ќе ги подготвуваат уставните измени

Министерството за правда ја објави листата експерти во работната група за уставните измени. Од Министерството велат дека во наредниот период списокот ќе се дополнува и со други членови кои треба да дадат свој придонес во подготовката на уставните измени. Засега, работната група ќе биде составена од следните експерти: Сали Мурати - поранешен претседател на Уставен суд Маргарита Цаца Николовска -...

Контраспин: Николоски нуди граѓаните да оладат од ЕУ додека ВМРО-ДПМНЕ не ја среди државата

Николоски и ВМРО-ДПМНЕ се за евроинтеграции, преговарачкиот процес ќе продолжел и без уставни измени, само најпрво новата власт за 6 месеци до една година да ја среди земјата. После тоа Бугарија ќе имала сериозен притисок да се откаже од мегаломанските барања од страна на ЕУ, која покрај притисокот врз Софија би изразила волја за нови преговори/разговори за измена на...

Објавени предложените учесници во работната група за уставните измени

Министерството за правда денеска ги објави имињата на учесниците во работната група за уставни измени, предложени од парламентарните политички партии и од институциите. Рокот што им беше даден од Министерството за правда на институциите и политичките партии за номинирање свој претставник во работната група истече ноќеска на полноќ. Според предложените имиња, евидентно е дека претставниците од опозицијата, и од македонските и...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...