fbpx

Во среда лидерска средба меѓу Ковачевски и Мицкоски

На средбата ќе се разговара пред сѐ за одлуките кои треба да се донесат во Собранието со цел продолжување на европската интеграција на Република Северна Македонија

-

Лидерската средба меѓу премиерот Димитар Ковачевски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ќе се одржи во среда (7 јуни) од 11 часот во Клубот на пратеници. Од владината прес-служба информираат дека средбата ќе се одржи на покана на премиерот Ковачевски.

„На средбата, ќе се разговара пред сѐ за одлуките кои треба да се донесат во Собранието со цел продолжување на европската интеграција на Република Северна Македонија, како и за пристапот на државата, институциите и сите политички чинители во насока на градење и одржување на добрососедски односи со сите наши соседи“, стои во владиното соопштение.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Ориентациска недела“ за подобро снаоѓање на бруцошите на ФИНКИ

Факултетското студентско собрание на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) втора година по ред организира „Ориентациска недела“ – настан кој има за цел да ги воведе студентите...