fbpx

Ескобар: Бараме опозицијата да го поддржи евроатлантскиот пат на Северна Македонија

Заменик-помошникот државен секретар на САД за Западен Балкан вели дека ќе се разменуваат најдобрите практики за спротивставување на дезинформациите, а меѓу нив и на руското малигно влијание во медиумите

-

Заменик-помошникот државен секретар на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар во интервју за Гласот на Америка рече дека од македонската опозиција очекува да слушне посветеност на патот на евроатлантските интеграции на земјава.

Тој вели дека најголема грижа за САД е дека ќе се изгуби време, а оти договорот за уставни промени е разумен.

„Нашата најголема грижа е дека ќе изгубиме време. И, знаете, ние не бараме од опозицијата да го поддржи премиерот. Бараме од опозицијата да го поддржи евроатлантскиот пат на Северна Македонија. Ова е најдобриот договор што го добивме. Тој е разумен, мислам засега, и треба да продолжиме напред што е можно побрзо. Затоа, се надевам дека сите страни на политичкиот спектар ги поддржуваат потребните промени за да можеме да продолжиме напред во унапредување на кандидатурата на Северна Македонија“, вели Ескобар во интервјуто за Гласот на Америка.

Тој одби да ги коментира дипломатските разговори со опозицијата во Северна Македонија, но рече оти кредибилитетот на процесот на проширување зависи од земјава.

„Она што би сакал да го слушнам од опозицијата е посветеноста на патот на евроатлантските интеграции. И тоа вклучува разгледување начини како Македонија да се доведе до следната Меѓувладина конференција. Би рекол дека кредибилитетот на процесот на проширување зависи од Северна Македонија. Имаме земја која направи сè што е потребно за да премине на следниот чекор и мислам дека го заслужува следниот чекор. И мислам дека сите, и во рамките на Европската унија, и во политичките структури на Северна Македонија, треба да направат сè што е можно за ова да успее“, вели Ескобар.

Во интервјуто, Ескобар зборува и за потпишаниот меморандум меѓу САД и Северна Македонија за соработка во борбата против дезинформациите. Заменик-помошникот државен секретар на САД за Западен Балкан вели дека ќе се разменуваат најдобрите практики за спротивставување на дезинформациите, а меѓу нив и на руското малигно влијание во медиумите.

„Има многу малигни актери кои сакаат да го дестабилизираат регионот и да ги дестабилизираат земјите кои се обидуваат да застанат на патот кон евроатлантските интеграции. Мислам дека тоа е предизвик секогаш“, вели Ескобар.

Тој рече дека САД се загрижени и за корупцијата како еден од најголемите предизвици за целиот регион и сподели дека државниот секретар на САД Ентони Блинкен и македонскиот премиер Димитар Ковачевски долго разговарале за ова на нивниот состанок – за начините на кои може да се работи заедно за намалување на корупцијата во регионот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...