fbpx

„Јас внимавам и безбедно возам“ – дефиле на велосипедисти и мотоциклисти за поголема безбедност во сообраќајот

Велосипедистите и мотоциклистите тргнаа од различни локации во главниот град, а сите завршија на платото пред Спортскиот центар „Јане Сандански“

-

Повеќе од 100 велосипедисти и над 30 мотоциклисти возеа на дефилето „Јас внимавам и безбедно возам“ што денеска се одржа во Скопје.

Целта на дефилето, како што информираа организаторите, е да се подигне свеста за поголема безбедност на велосипедистите и мотоциклистите во сообраќајот, како и за користењето на заштитна опрема.

Велосипедистите и мотоциклистите тргнаа од различни локации во главниот град, а сите завршија на платото пред Спортскиот центар „Јане Сандански“.

На настанот се обрати министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој рече дека дефилето претставува континуитет на решеноста на државата постојано да ја унапредува безбедноста во сообраќајот преку воспоставување квалитетни сообраќајни безбедносни стандарди.

„Особено во поглед на воспитно-образовното и стручно делување, имаме и силна поддршка и од нашите висoкообразовни институции, како што е поддршката од нашата најстара образовна институција од областа на безбедноста – Факултетот за безбедност при универзитетот „Св. Климент Охридски“, така што сум убеден дека се движиме кон посакуваните цели, а тоа е поголема граѓанска свест и одговорност, пред сѐ кон почитувањето на сообраќајните правила и прописи, поквалитетна едукација и превенција и примарно – поголема безбедност на сообраќајот на патиштата“, рече Спасовски.

Од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) истакнаа дека секој од граѓаните влијае врз безбедноста на сообраќајот и затоа сите треба да бидат внимателни и одговорни.

„Во рамките на своето делување РСБСП организира и спроведува низа едукативни активности, како обуки, продукција на материјали, настани и кампањи со што конкретно работиме на поголема едукација на велосипедистите и мотоциклистите, како и на останатите учесници во сообраќајот. Покрај тоа, во континуитет работиме и на истражувања и анализи, преку кои се лоцираат слабостите во безбедноста на сообраќајот на патиштата, но и можните начини како тие да се надминат. Сепак, за поголема безбедност клучна е личната одговорност на секој учесник во сообраќајот“, истакна Гордана Кожуваровска, претседателка на РСБСП.

Дефилето беше организирано од страна на РСБСП, во соработка со Министерството за внатрешни работи, Факултетот за безбедност – Скопје, Црвениот крст и компанијата ОКТА.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...