Словенечката претседателка: Треба да имате политичка мудрост и да го промените Уставот

Верувајте ми дека како човек кој го познава обемот на приближувањето кон законодавството на Европа, знам дека не е лесно. Многу пати е тешко. Да потенцирам, Словенија го помина тој процес, рече Пирц-Мусар

-

Претседателката на Словенија, Наташа Пирц-Мусар, на заедничката прес-конференција со својот домаќин, македонскиот претседател Стево Пендаровски, порача дека треба да се има политичка мудрост и да се направи измена на Уставот. Таа нагласи оти ѝ е јасно дека тоа не е лесно, оти и во Словенија се случувало нешто слично.

„Верувајте ми дека како човек кој го познава обемот на приближувањето кон законодавството на Европа, знам дека не е лесно. Многу пати е тешко.
Да потенцирам, Словенија го помина тој процес. И нам не ни беше лесно. Дозволете ми да потенцирам дека и Словенија мораше да го промени својот устав и тогаш во мојата татковина се слушаше како тоа не е добро за словенечкиот народ, како ќе се изгуби словенечкиот народ, јазик“, порача Пирц-Мусар, појаснувајќи дека станува збор за уставна измена што овозможува странци да купуваат и поседуваат имот во Словенија.

Таа нагласи дека тоа исто така поминало со жешки расправии, но преовладеала свесноста дека словенечката политика треба да биде единствена за да се оди напред.

„Имаше политички жешки расправии и дебати, но успеавме во тоа. Зошто? – затоа што словенечката политика беше свесна дека треба да биде единствена во европските проекти. Се надевам дека политичарите ќе сфатат колку е битна единственоста и размислувањето дека треба да се оди 5-6 чекори напред, да се сфати што е добро за Македонија и македонскиот народ. Искрено посакувам да имате доволна политичка мудрост и ќе го промените Уставот“, додаде Мусар.

Таа појасни дека со Македонија ја врзуваат убави чувства.

„Со Македонија ме врзуваат посебни чувства. Тука работев повеќе шест месеци пред 10 години кога Македонија со усвојување на националното законодавство, се приближуваше кон законодавството на ЕУ“, нагласи претседателката на Словенија.

Претседателот Пендаровски порача дека од својата словенечка колешка добил уверување дека поддршката од Словенија ќе продолжи.

„Со Словенија нѐ поврзува заедничкото минато како дел од поранешната држава, денес сме заедно сојузници во НАТО Алијансата, а, уверен сум дека имаме и заедничка иднина како дел од Европската Унија. Република Словенија е наш важен партнер при имплементација на европските реформи со години наназад. Од словенечката претседателка добив уверување дека оваа поддршка ќе продолжи и дека со експертска и со политичка поддршка Словенија ќе остане да биде промотор на македонската европска интеграција“, нагласи македонскиот претседател.

Суета и политика – власта заборава каква била во опозиција

Премиерот Мицкоски е сигурно во право кога апелира до опозицијата на отстранување на суетите во политиката при носење јавни оценки за политиките на власта, но е недоследен во својот...