fbpx
Таг: Универзална сала

таг: Универзална сала

Костадиновска-Стојчевска ќе ја тужи Арсовска за клевети околу пожарот во Универзалната сала

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, ги отфрли, како што рече „измислените лаги и скандалозни тврдења на градоначалничката Данела Арсовска дека знаела за пожарот во Универзална сала, а не пријавила“. Таа најави тужба против Арсовска. „Таа самата детално ќе објасни во тврдењата за мене. Изгледа добро ѝ оди со судски тужби. Ако сака да биде обвинител и истражител, нека повели. За...

Јавен обвинител денеска започнува со увид на Универзалната сала која вчера изгоре во пожар

Откако локацијата e обезбедена и се создадени неопходни услови, увидни екипи со јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска го започнаа увидот на објектот на Универзалната сала каде вчера изби пожар, информираат оттаму. „Локацијата ќе биде детално прегледана за да се обезбедат сите докази неопходни за утврдување на причините за настанување на пожарот. Стручно вешто лице ќе се произнесе...

Од симбол на солидарноста до универзална негрижа – хроника на Универзалната сала

Утрово изби застрашувачки пожар во Универзалната сала во центарот на Скопје. Полицијата се обидуваше да ги престрои луѓето додека пожарникарите се бореа против пламенот, а веќе полураспаднатата Универзална сала за помалку од еден час си го запечати своето место како објект од историјата. Од ова историско здание остана само новата метална конструкција која, исто така, беше делумно опожарена. Универзалната сала...

МВР: Тројца градежни работници приведени за пожарот во Универзална сала

Во полициската станица Центар се приведени тројца градежни работници кои изведувале работни задачи во моментот на пожарот и тоа Б.Р. (50), З.Т. (60) и Б.И. (53), информира Министерството за внатрешни работи (МВР) на својот Фејсбук профил. „По пријавата околу 09:45 зa пожар во Универзалната сала, на лице место се упатија полициски службеници и припадници на Бригадата за противпожарна заштита, кои...

(ГАЛЕРИЈА) Локализиран пожарот во Универзална, од кровот на салата остана само металната конструкција

Локализиран е пожарот што утрово избувна во Универзалната сала во центарот на Скопје. Нема опасност од негово ширење, а пожарникарите од скопската Противпожарна бригада во моментов работат на догаснување, информираше директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов. Стотици граѓани речиси два часа сведочеа како пожарникарите се борат со пламените јазици што го зафатија објектот кој претставуваше симбол...

Гори Универзалната сала во центарот на Скопје

Пожар избувна денеска во Универзалната сала во Скопје. Гори куполата која беше поставена пред точно две седмици. Во моментов големи пламени јазици и чад се издигаат над тој дел од градот. Дежурните пожарникари на телефонскиот број 193 потврдија дека се работи за објектот Универзална сала. На терен се повеќе противпожарни возила. Последен пат, министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, во февруари најави...

Наредната недела ќе продолжи изградбата на Универзална сала

Следната недела ќе продолжи реконструкцијата на Универзална сала во Скопје, рече на прес-конференција министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска. Владата ја презема концертната сала од Град Скопје по двeгодишен застој при промената на градоначалници. Костадиновска-Стојчевска рече дека одложувањето на работата на салата се должи на тоа што градоначалничката Данела Арсовска не ја предавала документацијата за салата на министерството. „Поминавме еден многу интересен...

Министерството за култура ги чека парите и документацијата за реконструкција на Универзална сала

Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска посочи дека реконструкцијата на Универзалната сала ќе продолжи откако ќе ја добие целокупната документација и средствата за оваа намена од Градот Скопје. Таа денеска рече дека во рамките на министерството имаат тим и надворешни соработници кои се подготвени да го продолжат процесот на реконструкција. Таа додаде дека штом ја добијат проектната документација, како и...

Владата ќе ја реконструира Универзална сала по застојот направен од Град Скопје

Владата ќе ја доврши реконструкцијата на Универзална сала, која веќе подолг период е оставена како руина поради тоа што Градот Скопје доцнеше со реализацијата на овој градежен зафат. На последната седница на Советот на град Скопје со гласовите на советниците од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се донесе одлука овој култен објект да биде преземен од Министерството за култура. Градските советници донесоа...

Универзалната сала ќе ја гради Министерството за култура, а потоа ќе ја врати во надлежност на градот

Советот на Град Скопје денеска ја прифати иницијативата да му се отстапи корисничкото право на објектот Универзална сала на Министерство за култура. По изградбата, тоа треба да го врати објектот во надлежност на градот. Советот ја задолжи градоначалничката Данела Арсовска и нејзините служби во рок од седум дена да изготват и предлог-одлука за префрлање на ингеренциите околу обновата на салата. Страшо...

Отфрлена идејата на СДСМ да се отстапи реконструкцијата на Универзална сала на Владата

Советот на град Скопје денеска ја отфрли иницијативата на советничката група на СДСМ за Градот Скопје да го отстапи проектот за реконструкција на Универзалната сала на Владата на РСМ. Оваа точка на дневниот ред не беше изгласана, бидејќи мнозинството советници, иако беа присутни во салата - вкупно 38 на број, одлучија да не гласаат за оваа точка. За идејата...

Иницијативата Владата да ја преземе реконструкцијата на Универзална не се најде на советнички дневен ред

Советниците во Советот на Град Скопје денеска не прифатија да се најде на дневен ред иницијативата Владата да ја преземе реконструкцијата на Универзална сала од Град Скопје. „Реконструкцијата на Универзална сала повеќе од една година стои во место, откако градоначалничката Данела Арсовска реши овој проект да не продолжи“, изјави вчера координаторката на советничката група на СДСМ и коалицијата во Советот...

Владата наместо Град Скопје би ги градела пречистителната станица, автобуското метро и другите капитални проекти

Владин тим работи во рамките на своите надлежности за да ги доврши започнатите капитални проекти во Градот Скопје, информираше премиерот Димитар Ковачевски. Тој најави дека Владата ќе ги преземе ингеренциите од скопската градоначалничка Данела Арсовска за реконструкцијата на Универзалната сала, но и за пречистителната станица за отпадни води, брзиот автобуски систем, клучката кај Момин поток, патот за Визбегово и...

Фото-вест: Зад Универзална сала во Скопје отворено детско игралиште со руска тематика

Детско игралиште со руска тематика изникна зад Универзалната сала во центарот на Скопје во текот на предизборната кампања пред локалните избори во земјава. Игралиштето, на кое треба да си играат деца од околните згради, е со подлога - мапа на Руската Федерација и испишано е името на државата „Русија“ на руски јазик. Градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ ја...

Почна рушењето на постојниот објект на Универзална сала [галерија]

Градежните работници викендов почнаа со рушење на дел од постојниот објект на Универзалната сала, којшто е дел од проектот за реконструкција на оваа концертна сала во Скопје. Во моментов се руши влезот во салата и некогашната мала сцена, на која се одигруваа претстави и други културно-уметнички активности од помал обем. Во изминативе неколку месеци на терен се работеше на изведба...

Објавен повикот за учество на манифестацијата „Бела ноќ“

Јавната установа Универзална сала – Скопје и Град Скопје распишаа јавен повик за учесници на културната манифестација „Бела ноќ“, која годинава треба да се одржи по 17 пат. „Годинава, како и секоја Бела ноќ, ќе бидат опфатени следниве области: визуелни уметности (ликовна уметност, фотографија, инсталација, видеоарт, стрип) како и применети уметности (архитектура, визуелен/индустриски/веб дизајн, мода, дигитални креации, видеоарт и инсталации),...

Започна реконструкцијата на Универзална сала, легендарните столчиња заминаа во историјата [галерија]

Започна реконструкцијата на Универзалната сала во Скопје. Столчињата од гледалиштето што имаше капацитет да прими околу 1.500 лица деновиве беа изнесени од објектот – симбол на солидарноста што целиот свет ја покажа кон Скопје по земјотресот од 1963 година. Просторот околу Универзална сала е ограден веќе неколку недели, а во моментов се врши и ископот на земја на платото...

Склучен договорот за реконструкција на Универзална сала, наскоро стартуваат работите

Градот Скопје денеска го потпиша договорот за реконструкција на фасадата и кровниот покривач на Универзална сала. Градежните работи ќе чинат нешто над 115 милиони денари (речиси 1,9 милиони евра), а за изведувач на работите е избрана скопската фирма „Универзал-Балкан“, се наведува во договорот објавен на Електронскиот систем за јавни набавки.  Како што вети пролетва скопскиот градоначалник Петре Шилегов, автентичниот изглед...

Рок легендите Ван Гог, Игор Џамбазов и Фиц (Студени Нозе) на 25 јуни на фестивалот “Skopje Unplugged”

Фестивалот на акустична музика “Skopje Unplugged”, во организација на ЈУ „Универзална Сала“ и Град Скопје, е пред одржувањето на своето трето издание, кое е закажано за петок (25 јуни), на кровот на паркингот во „Сити Мол“, со почеток во 18:30 часот, информираат од ЈУ „Универзална сала“. Организаторите велат дека полека но сигурно, “Skopje Unplugged” се наметнува на македонската мапа на...

Реконструкцијата на Универзална сала ќе започне во мај, ќе се задржи стариот лик

Во мај годинава ќе започне реконструкцијата на Универзална сала, откако ќе заврши тендерот за изведувачките работи. Таа ќе остане во автентичниот изглед, во постојниот облик и големина, за и понатаму да биде во колективната меморија како симбол на солидарноста. Тоа го посочи премиерот Зоран Заев, кој заедно со градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, денеска го најавија почетокот на...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...