Почна рушењето на постојниот објект на Универзална сала [галерија]

-

Градежните работници викендов почнаа со рушење на дел од постојниот објект на Универзалната сала, којшто е дел од проектот за реконструкција на оваа концертна сала во Скопје. Во моментов се руши влезот во салата и некогашната мала сцена, на која се одигруваа претстави и други културно-уметнички активности од помал обем.

Во изминативе неколку месеци на терен се работеше на изведба на идната метална конструкција на Универзалната сала, чии носечки столбови треба да бидат основа за изработка на надворешниот изглед на објектот. Од Градот Скопје веќе информираа дека најпрво ќе се сработи надворешноста, а потоа ќе се уредува идниот ентериер на Универзалната сала.

Инаку, реконструктивниот зафат на Универзалната сала започна на почетокот од летово. Договорот за реконструкција на објектот е во вредност од 1,9 милиони евра. Изведувач на зафатот е скопската фирма „Универзал-Балкан“, додека архитектот Бујар Муча и неговото архитектонско биро „Мегарон“ на Градот Скопје и на скопјани им го отстапија идејниот проект за реконструкција на Универзална како донација.

Тековната реконструкција подразбира задржување на автентичниот изглед на Универзална сала, односно објектот ќе го задржи постојниот облик и големина за да се сочува колективната меморија за Универзална како симбол на меѓународната солидарност искажана кон Скопје по катастрофалниот земјотрес од 1963 година. Реконструкцијата вклучува обнова на внатрешноста, фоајето и влезниот дел, обнова на надворешноста и имплементирање на мерки за енергетска ефикасност. Ќе се интервенира во машинскиот дел, во сценскиот дел и во делот на техниката.

Универзалната сала била проектирана од бугарските архитекти Станкови (Јарослав, Љубомир и Владимир) и нивната сестра К. Станкова-Мутафова. Таа е симбол на меѓународната солидарност искажана кон Скопје по катастрофалниот земјотрес од 1963 година, бидејќи во обезбедувањето средства за нејзината изградба учествувале со свои донации дури 35 земји од целиот свет.

Оставки во тишина

Последна молитва на моето тело Црн е твојот ветар, а ноќта бела и секој дамар напнат од зрелина. Застани како меч во овој дрворед од тела пред да се срушиш заслепено со белина. Но и тогаш...

За утре и в понеделник во Скопје закажни три собири за кочанската трагедија

За утре и за в понеделник во главниот град се закажани вкупно три собири од три различни иницијативи, а во врска со трагедијата во импровизираната кочанска дискотека „Пулс“ во која животот...

ФСС Економски ги потсети студентите дека од понеделник продолжува наставата

Факултетското студентско собрание на Економскиот факултет во Скопје попладнево објави соопштение на својот Инстаграм профил во кое ги потсетува студентите на овој факултет дека од понеделник, 24 март, продолжува редовната формална...

Дел од повредените што се лекуваат во странство следната недела ќе се вратат во земјава

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денес изјави дека идната недела треба да почне враќањето во Македонија на првите пациенти што се лекуваат во странство од повредите во...

Оставки во тишина

Последна молитва на моето тело Црн е твојот ветар, а ноќта бела и секој дамар напнат од зрелина. Застани како меч во овој дрворед од тела пред да се срушиш заслепено со белина. Но...