fbpx
Таг: Скопје Град на солидарноста

таг: Скопје Град на солидарноста

Светски познати уметници бираат дела од Музејот на современа уметност за изложба во Кунстхале, Виена

На почетокот на следната година, во престижниот изложбен простор Кунстхале во срцето на Виена на 1.000 метри квадратни за првпат ќе биде претставена селекција на дела од вредната уметничка колекција на Музејот на современата уметност-Скопје (МСУ). „Концептот предвидува 8 меѓународни уметници да направат своја селекција од колекцијата и да осмислат поставка со која ќе воспостават дијалог помеѓу овие дела и...

Музејот на современа уметност ја збогати збирката со нови донирани дела од странски уметници

Холандскиот визуелен уметник Јонас Стаал и рускиот колектив од уметници, критичари, филозофи и писатели „Что делат“ подарија уметнички дела на Музејот на современа уметност (МСУ) во Скопје, со што нивната уметничка колекција е збогатена со уште неколку значајни дела. „Светски познатите уметници се свесни за значењето на нашиот музеј, затоа и донираат свои дела. Музејот на современата уметност - Скопје...

Почна рушењето на постојниот објект на Универзална сала [галерија]

Градежните работници викендов почнаа со рушење на дел од постојниот објект на Универзалната сала, којшто е дел од проектот за реконструкција на оваа концертна сала во Скопје. Во моментов се руши влезот во салата и некогашната мала сцена, на која се одигруваа претстави и други културно-уметнички активности од помал обем. Во изминативе неколку месеци на терен се работеше на изведба...

Започна реконструкцијата на Универзална сала, легендарните столчиња заминаа во историјата [галерија]

Започна реконструкцијата на Универзалната сала во Скопје. Столчињата од гледалиштето што имаше капацитет да прими околу 1.500 лица деновиве беа изнесени од објектот – симбол на солидарноста што целиот свет ја покажа кон Скопје по земјотресот од 1963 година. Просторот околу Универзална сала е ограден веќе неколку недели, а во моментов се врши и ископот на земја на платото...

Град Скопје додели три милиони денари помош на Петриња и на Загреб

Советот на Град Скопје на денешната итна вонредна седница донесе Одлука за давање помош на настраданите од катастрофалните земјотреси во Петриња и во Загреб, Хрватска, во кои има човечки жртви и се повредени повеќе лица. „Со оваа одлука, како израз на солидарност за настраданите, Градот Скопје дава помош во износ од 3 милиони денари, односно 2 милиона денари на градот...

Млади ќе креираат стрипови за меѓуетнички дијалог и борба против дискриминација

Стрип центарот на Македонија од Велес започна со имплементација на проектот „Да и дадеме шанса на инклузијата“ од вториот отворен повик на Младинскиот меѓукултурен уметнички фонд во рамки на...