fbpx

Вистиномер: Изградена филтер станица за прочистување на водата за пиење во Општина Липково

-

„Мета“ ја пренесува анализата на „Вистиномер“ во однос на ветувањето за изградба на филтер станица за прочистување на водата за пиење во Општина Липково.

[Извор: Предизборна дебата 2017- Општина Липково, датум: 29.09.2017]

 

OБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Во кампањата за локалните избори во 2017 година, поточно во текот на предизворната дебата на МРТВ 2,  граданачалникот на Општина Ликово, Еркан Арифи  вети дека ќе биде изградена филтер станица за прочистување на водата со што целосно ќе се реши проблемот со водоснабдувањето во оваа Општина. Ова ветување на Арифи, е исполнето.

На 29.09.2017 Арифи рече дека веќе се инвестирани 2,5 милиони евра за водоснабдувањето на Општина Липково,  добиена е дозвола за поврзување со браната Глажња, а исто така, се обезбедени 1,3 милиони евра за станицата за филтрирање.

Пречистителната станица за вода за пиење во Липково почна да се гради пред три години, во септември 2018 година. Градоначалникот на Липково, Арифи тогаш кажа дека ова е значаен ден за Липково бидејќи започнува изградба на голем капитален објект со кој ќе се реши проблемот на граѓаните за снабдување со вода за пиење.

На означувањето на стартот на изградбата присуствуваше и премиерот Зоран Заев кој изјави:

Денеска сме овде да означиме почеток на изградба на филтер станицата и доводниот цевковод за водоснабдување на Липково, проект вреден 84 милиони денари од кои 75 милиони денари се обезбедени од Владата на Република Македонија преку кредитната линија на Европската инвестициона банка, а 9 милиони денари се обезбедени од општина Липково. Ова е само почеток на водоснабдувањето на Липково. Се работи за вода пиење. Во 21 век не смееме да оставиме ниту едно село, ниту едно детенце во Македонија да остане без вода за пиење.

Изградбата на пречистителната станица е завршена неодамна. На 7 септември оваа година, градоначалникот Арифи на неговиот Фејсбук профил објави видео од свеченото отворање на изградената филтер станицата, каде меѓу другото се вели:

 Во текот на денешниот ден градоначалникот на Липково, г. Еркан Арифи, придружен од министерот за животна средина и планирање, г. Насер Нуредини, заменик-министерот за транспорт и врски, г. Беким Реџепи свечено ја отворија филтер-станицата и таложно-дренажниот објект за вода за пиење кои ќе служат за сите села на Општина Липково.  

На свечениот настан министерот Нуредини истакна дека чистата вода е основна потреба и таа треба да се обезбеди за секој граѓанин на државата.

Средствата за изградба на овој проект се обезбедени од Министерството за животна средина и просторно планирање, а со свои средства учествуваше и Општина Липково. Целиот проект со кој се решава долгогодишниот проблем за снабдување со вода во оваа Општина, според податоците добиени од Општина Липково, чини 1.350.000 евра.

Имајќи го предвид сето ова, изборното ветување на градоначалникот на Липково, Арифи, за изградба на филтер станица за потребите на оваа Општина, го оценуваме како исполнето.

ИЗВОРИ:

Оцени: Дрилон Салиу

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...