fbpx

Владата ќе ја реконструира Универзална сала по застојот направен од Град Скопје

Поради доцнењето на градежните работи, скопјани веќе седум години немаат концертна сала, така што концертите се одржуваат на алтернативни и често пати не соодветни локации во Скопје

-

Владата ќе ја доврши реконструкцијата на Универзална сала, која веќе подолг период е оставена како руина поради тоа што Градот Скопје доцнеше со реализацијата на овој градежен зафат. На последната седница на Советот на град Скопје со гласовите на советниците од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се донесе одлука овој култен објект да биде преземен од Министерството за култура.

Градските советници донесоа одлука правото за реконструкција, доградба и надградба на Универзална сала да се пренесе на Министерството за култура, а откако ќе биде завршен реконструктивниот зафат, објектот повторно ќе се врати во надлежност на Град Скопје.

Министерството за култура сега треба да ја заврши првата фаза од реконструкцијата на Универзалната сала, која подразбира комплетирање на надворешноста на објектот, додека во втората фаза ќе треба допрва да се реновира внатрешноста на објектот.

Инаку, Универзалната сала почна да се реконструира во септември 2021 година, но по доаѓањето на градоначалничката Данела Арсовска беа прекинати градежните работи на терен, со објаснување дека претходното раководство изработило небезбеден проект за реконструкција.

Поради доцнењето на градежните работи, скопјани веќе седум години немаат концертна сала, така што концертите се одржуваат на алтернативни и често пати не соодветни локации во Скопје.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Патот до слободниот пристап до информации поплочен со тужби, нетранспарентност и молк од администрацијата

Колкава плата зема одреден министер, директор, функционер? Колку пари потрошиле пратениците за патни трошоци? Колку судски пресуди се донесени за семејно насилство? Колку чинело новогодишното украсување за секој град...