Министерството за култура ги чека парите и документацијата за реконструкција на Универзална сала

Министерката за култура денеска рече дека во рамките на министерството имаат тим и надворешни соработници кои се подготвени да го продолжат процесот на реконструкција

-

Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска посочи дека реконструкцијата на Универзалната сала ќе продолжи откако ќе ја добие целокупната документација и средствата за оваа намена од Градот Скопје. Таа денеска рече дека во рамките на министерството имаат тим и надворешни соработници кои се подготвени да го продолжат процесот на реконструкција.

Таа додаде дека штом ја добијат проектната документација, како и донесената одлука од Град Скопје, ќе се продолжи со работа. Костадиновска Стојчевска дополни дека средствата за реконструкција на Универзалната сала веќе се наоѓаат на посебна наменска сметка на Град Скопје, но согласно со документацијата, тие како министерство ќе ги повлечат повторно на посебна буџетска сметка на Министерство за култура за да продолжи реконструктивниот зафат.

Скопската градоначалничка Данела Арсовска, пак, денеска рече дека Советот на Град Скопје изгласал одобрение Универзалната сала да ја реконструира Министерството за култура, а потоа да ја предаде на владение на градот Скопје. Ова како можност им било понудена на советниците во Град Скопје уште минатата година, а тие имале две опции по којшто треба да се продолжи со постапката.

Арсовска денеска рече дека административните бариери коишто ги имале тие како Град Скопје од аспект на корекција на техничката грешка во документацијата што се има појавено во јули 2021 година многу полесно ќе може да ги надмине Министерството за култура, бидејќи во случајот не се работело само за изградба, туку и за реконструкција, за која самиот закон не дозволувал измени во текот на градбата со нови технички решенија.

Министерството за култура сега треба да ја заврши првата фаза од реконструкцијата на Универзалната сала, која подразбира комплетирање на надворешноста на објектот, додека во втората фаза ќе треба да ја реновираат внатрешноста на објектот.

Инаку, поради доцнењето на градежните работи, скопјани веќе седум години немаат концертна сала, така што концертите се одржуваат на алтернативни и често пати несоодветни локации во Скопје.

Владата ќе ја реконструира Универзална сала по застојот направен од Град Скопје

Пуштена во употреба железничката пруга Куманово – Бељаковце во должина од над 30 километри

Од денес во употреба е пуштена железничката пруга Куманово - Бељаковце, која е дел од Коридорот 8. Пругата со должина од 30,8 километри вклучува три нови железнички станици, шест стојалишта, пет...

Скопје ќе биде домаќин на Европското дебатно првенство во 2026 година

Младинскиот образовен форум (МОФ) соопшти дека ќе биде домаќин на Европското дебатно првенство за средношколци, кое ќе се одржи во Скопје, во февруари 2026 година. Овој настан претставува признание за долгогодишните напори...

Две новороденчиња во прилепско починаа од премрзнување

Две новороденчиња - близнаци од прилепското село Славеј, стари околу 20 дена, починале вчера попладне.   Од Општата болница Прилеп соопштија дека се работи за машко и женско новороденче, кои се родиле...

Измама: „Нептун“ не нуди „Маршал“ звучници за 612 денари

Во невистинитата објава, всушност се прави психолошки притисок врз граѓаните, да немаат време да размислуваат или да се премислат пред да ги остават своите банкарски податоци, затоа што им се става...

Пуштена во употреба железничката пруга Куманово – Бељаковце во должина од над 30 километри

Од денес во употреба е пуштена железничката пруга Куманово - Бељаковце, која е дел од Коридорот 8. Пругата со должина од 30,8 километри вклучува три нови железнички станици, шест...