fbpx
Таг: Турција

таг: Турција

По 13 дена под урнатини, во Турција спасени три лица, меѓу кои и дете

По 13 дена поминати под урнатини, во Антакија се спасени три лица, меѓу кои и дете. Тие поминале 296 часа заробени во срушена зграда, по катастрофалните земјотреси што ги погодија Турција и Сирија на 6 Февруари, јави турската новинска агенција Анадолија. Во двата земјотреси, со јачина од 7,7 и 7,8 степени според Рихтеровата скала, досега загинаа повеќе од 45.000 луѓе,...

Дивата депонија со линдан кај Пеленица во фокус на новата епизода на „Шорткат“

Опасноста која демне од третата дива депонија со линдан од ОХИС, лоцирана на местото Пеленица во близина на скопската населба Драчево е главната тема која ја третираме во 73-тата епизода на емисијата „Шорткат“. Ја пренесуваме сликата од оваа депонија каде се складирани огромни количини токсичен отпад без никаква заштита. Во новите вести за млади информираме за протестот и бојкотот на...

По 248 часа поминати под урнатините во Турција спасена е 17 годишна девојка

Mлада девојка беше извлечена од урнатините на урната зграда 248 часа по земјотресот што ја погоди јужна Турција иако надежите за пронаоѓање на уште преживеани исчезнуваат, објави турската агенција Анадолија. Спасувачите ја пронајдоа Алејна Олмаз (17) жива под урнатините во областа Дулкадироглу во провинцијата Караманмарас. Таа е префрлена во болница за укажување лекарска помош. Најмалку 36.187 луѓе загинаа во двата силни...

Старо видео претставено како да е од земјотресот во Турција од 6 февруари

Вистиномер го пронајде оригиналното видео објавено на 23 ноември 2022 година во турските медиуми. Станува збор за  друг земјотрес, со јачина од 5.9 степени според Рихтер во близина на селото Чамлибел. Светлината што го придружува земјотресот е редок природен феномен, претходно забележуван  во различни делови од светот. Според научниците овој феномен се случува кај 0.5 проценти од земјотресите пред...

Турција не решила да излезе од НАТО и конзулатите не беа затворени поради земјотресот

Постот што го рецензираме го оценуваме како невистинит. Неточно се тврди дека земјотресот е произведен геолошки напад, дека повлекувањето на дипломатите било поради земјотресот и дека Турција решила да излезе од НАТО. Што се однесува на невистинитите за ковид вакцините и пандемијата кои ги споменува сенаторката Дијана Ловановици, истите Вистиномер ги има дебанкирано повеќепати, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот...

Земјотресите во Турција и Сирија не се предизвикани со ХААРП

По катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија, на социјалните мрежи се појавија нови теории на заговор кои без никакви докази инсинуираат дека катастрофалниот земјотрес бил на вештачки начин создаден од САД со користење на ХААРП технологија. Наспроти ваквите тврдења, ХААРП е програма која ги истражува својствата и однесувањето на јоносферата, а научниците и метеоролозите велат дека не може да...

Седум лица преживеале под урнатините осум дена по земјотресот во Турција, бројот на жртви надмина 41.000

Уште седум луѓе беа спасени вчера, осум дена по силниот земјотрес што ги погоди Турција и Сирија. Надежите за пронаоѓање дополнителни преживеани од, како што Светската здравствена организација (СЗО) ја нарече, најголемата природна катастрофа во последните 100 години, се намалуваат, јавува „Гардијан“. Од под урнатините во регионот Караманмараш вчера биле извлечени тројца млади момчиња на возраст од 17, 18 и...

Два камионa со хуманитарна помош од Црвениот крст тргнуваат кон регионите погодени од земјотресите

Два камиона со 800 пакети храна, 1.700 пакети со средства за хигиена и 4.000 ќебиња собрани од Црвениот крст на Северна Македонија денеска тргнуваат кон регионите погодени од земјотресите што минатиот понеделник се случија во Турција и Сирија. Исто така, како хуманитарна помош, како што извести генералниот секретар на Црвениот крст, Саит Саити, до денеска се собрани вкупно 25.120.773...

Сиријка и нејзиното новороденче двапати извлекувани од урнатини

Родилка од Сирија и нејзиното новороденче се под лекарска грижа в болница и во шатор без хуманитарна помош, откако два пати во една седмица се извлекувани од урнатините на нивната куќа во градот Џиндајрис, известува Би-би-си. Дима била во седмиот месец на бременост, кога минатиот понеделник наутро првиот катаклизмичен земјотрес предизвикал уривање на дел од куќата во Џиндајрис. Задобила полесни...

Нема докази дека проектот ХААРП го предизвикал земјотресот во Турција

ХААРП е проект со седиште во опсерваторија во Алјаска, кој ги проучува својствата и однесувањето на јоносферата користејќи радиопредаватели и не може да предизвика природни катастрофи. Нема докази дека разорниот земјотрес што се случи во понеделникот во Турција и Сирија е предизвикан од нешто друго освен од природни, геолошки причини. Не е првпат ХААРП да биде обвинет за вакви...

По 7 дена под урнатините спасена 40-годишна жена, бројот на загинати се искачи на речиси 33.200

Спасувачките екипи утрово извлекоа 40-годишна жена од урнатините на зграда во градот Ислахије, во турската провинција Газиантеп. Жената преживеала приклештена во кршот цели 7 дена по најсилните земјотреси што што минатиот понеделник ги погодија југоисточна Турција и северозападна Сирија, и покрај температурите што често беа под нулата, јави Асошиејтед Прес (АП). Покрај двата разурнувачки земјотреси, со магнитуда од 7,8 и...

Ден на жалост за жртвите во катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија

Владата на Република Северна Македонија на вчерашната седница донесе одлука со којашто денешниот ден, 13 февруари, е прогласен за Ден на жалост во земјава. Одлуката, како што информираат од Владата, е донесена како израз на солидарност и почит за големиот број загубени човечки животи предизвикани од катастрофалниот земјотрес што се случи во Република Турција и Арапската Република Сирија на 6...

Сè уште се извлекуваат преживеани од земјотресот: „Си реков дека сум мртов“

Ибрахим Закарија целосно изгубил осет за времето паѓајќи во и будејќи се од бессознание додека бил затрупан речиси пет дена во урнатините на својот дом по големиот земјотрес што ги погоди Турција и Сирија оваа недела, објави „Асошиејтед прес“. Дваесет и три-годишниот вработен во продавница за мобилни телефони од сирискиот град Џабле преживеал пиејќи валкани капки вода и на...

Четириножните „војници“ на АРМ неуморно работат на откривање преживеани во Караманмараш [ГАЛЕРИЈА]

Инструкторите, Борче со лабрадорот Кони (црното куче) и Сашо со белгискиот овчар Пикси (кафеното куче) се во неуморно пребарување низ урнатините на Караманмараш, со надеж за пронаоѓање и спасување на човечки животи, соопшти АРМ. Армиските четвороножни херои со нивните инструктори од Центарот за одгледување и обука на кучиња беа во состав на екипата кои пронајдоа и спасија еден детски живот. https://meta.mk/spasuvachite-od-dzs-spasija-zhena-shto-bila-114-chasa-vo-urnatinite-vo-adijaman/ Во...

Спасувачите од ДЗС спасија жена што била 114 часа во урнатините во Адијаман

Спасувачите од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) на Северна Македонија вчера извлекоа жива жена од урнатините на зграда во Адијаман, откако таа минала 114 во кршот, по катастрофалните земјотреси што во понеделникот рано наутро ги погодија југоисточна Турција и северозападна Сирија Успехот на ДЗС бил поздравен со овации. Спасената жена е 38-годишната Мелтем Унсал.

Северна Македонија ја покажува хуманоста на дело, се собира помош за настраданите во Турција и Сирија

Откако во понеделникот низ светот одекна веста дека страшен земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала земјотрес направи пустош низ југоисточна Турција и Сирија бројот на жртвите секојдневно расте. Според  официјалните податоци, како што пренесе Би-би-си, до денес е евидентирано дека во Турција загинале 18.342, а во Сирија 3.377 луѓе. https://meta.mk/prezhiveanite-ja-pominaa-chetvrtata-nokj-na-stud-brojot-na-zhrtvi-od-zemjotresot-nadminuva-21-000/ Овие потресни информации не ги оставија рамнодушни срцата...

(Видео) Војниците на АРМ спасија 5 годишно дете од урнатините во Караман Мараш

Припадниците на македонската Армија вчера по 6 часовно расчистување на рушевините успеаа да го спасат пет годишниот Сулејман од урнатините во Турција. Армискиот тим, како што соопшти Министерството за одбрана, учествуваше во спасувачка акција во градот Кахраманмараш. Тие за време на долгата акција, слушнале детски глас по што заедно со турскиот тим за пребарување и по четири часовното максимално ангажирање...

Преживеаните ја поминаа четвртата ноќ на студ, бројот на жртви од земјотресот надминува 21.000

Повеќе од 21.000 луѓе загинале во земјотресите во понеделникот во Турција и Сирија, a ОН предупредуваат дека целосниот обем на катастрофата сè уште е нејасен, пренесе Би-би-си. Спасувачите сè уште ги бараат преживеаните во урнатините, но надежите исчезнуваат, бидејќи поминаа повеќе од четири дена од првиот два големи земјотреса. Десетици илјади луѓе ја поминаа ледената четврта ноќ во импровизирани засолништа,...

Бројот на загинати од земјотресите во Турција и Сирија достигна речиси 16.000

Бројот на загинати од земјотресите што ги погодија Турција и Сирија оваа недела се приближува до 16.000. Преживеаните граѓани, како што пренесе Ројтерс, останаа гневни и фрустрирани поради бавното пристигнување на спасувачките тимови. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кому му претстојат избори во мај, при вчерашната посета на зоната на катастрофата рече дека операциите сега работат нормално и вети дека...

Осумтемина ученици и нивниот ментор безбедно се вратија дома од Турција

Деветте државјани на Република Северна Македонија кои беа затекнати во областите во Турција погодени од земјотресот, утрово пристигнаа во земјава и се во добра здравствена состојба, информира Министерството за надворешни работи (МНР). Станува збор за осум ученици и нивен наставник, кои преку програмата „Еразмус плус“ престојуваа во Република Турција. „Веднаш штом беше идентификувана групата, на лице место во загрозениот регион...

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Учениците од основните и средните училишта низ државата од понеделник, 29 април па до 6 мај, ќе бидат на пролетен распуст. Покрај пролетниот распуст кој годинава за првпат се воведе...