fbpx

Старо видео претставено како да е од земјотресот во Турција од 6 февруари

-

Вистиномер го пронајде оригиналното видео објавено на 23 ноември 2022 година во турските медиуми. Станува збор за  друг земјотрес, со јачина од 5.9 степени според Рихтер во близина на селото Чамлибел. Светлината што го придружува земјотресот е редок природен феномен, претходно забележуван  во различни делови од светот. Според научниците овој феномен се случува кај 0.5 проценти од земјотресите пред или за време на нивното случување, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

 

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се споделуваат видеоматеријали за кои се тврди дека се непосредно снимени пред земјотресот во Турција и дека имало „зелени светла“. Меѓутоа споделеното видео не е снимено непосредно пред земјотресите кои се случија во Турција и Сирија.

Откако се случи природната несреќа во која животите ги изгубија илјадници луѓе, теориите на заговор не престануваат, вклучително и тие дека земјотресот наводно не бил природен и дека бил инсталиран од страна на западните сили, како и лажни тврдења дека е предизвикан со ХААРП. Па така и во ова видео се тврди дека некакви зелени светла биле забележани во Турција пред да се случи потресот, како знак дека нешто се крие.
Дека станува збор за очигледна дезинформација покажува фактот што видеото е снимено од безбедносни камери, на коишто може да се види дека датумот е 2022 година, а не од 2023 кога се случи разорниот земјотрес.
На рамката од видеото има датум во горниот лев агол кој прикажува дека снимката е од 2022 година и тоа не кореспондира со нарацијата односно описот на постот кој го рецензираме дека „видеото е снимено моменти пред земјотресот“.

Вистиномер го пронајде оригиналното видео  објавено на 23 ноември 2022 година во турските медиуми. Станува збор за  друг земјотрес, со јачина од 5.9 степени според Рихтер во близина на селото Чамлибел.

Заменик-директорот на опсерваторијата Кандили и Институтот за истражување на земјотреси, проф. Др. Али Пинар за инцидентот објаснил дека сеизмичката енергија која се појавила, предизвикала висок степен на топлина и дека светлината во моментот на земјотресот е поврзана со движењето на раседот.

Деведесет проценти од сеизмичката енергија акумулирана, целосно се ослободува од топлина. Со тоа движење се создава голема топлина. Само преостанатите 10 проценти се ослободуваат со сеизмичка енергија, изјави Пинар.

Проверувачите на факти на Мит Детектор пишуваат дека објавената снимка нема врска со земјотресот од 6 февруари и дека е објавена на 23 ноември 2022 година од турската новинска агенција Хабер Глобал. Според агенцијата видеото е од безбедносна камера во момент кога земјотрес со магнитуда од 5.9 степени бил регистриран во градот.

Светлината што го придружува земјотресот е редок природен феномен, претходно забележуван  во различни делови од светот. Според научниците овој феномен се случува кај 0.5 проценти од земјотресите пред или за време на нивното случување.

Светлината може да се појави во многу форми и бои. Нема консензус меѓу научниците што го предизвикува овој феномен, но според една теорија може да е поврзан со пиезоелектричниот ефект којшто се појавува поради тектонски притисок, односно кога карпите кои содржат кварц кога се компресирани, создаваат силни електрични полиња, пишува Мит Детектор.

Поради сите горенаведени факти oвој пост е со пропуштен контекст. Видеото претставено во него не е од земјотресот од 6 февруари 2023 година, туку од пред три месеци (ноември 2022) и од друга локација во Турција.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...