fbpx
Таг: Турција

таг: Турција

Чичек: Со Македонија имаме стратегиски врски

Mирот во регионот зависи од стабилноста на Македонија. Mакедонија е срцето на Балканот, изјави претседателот на Големото национално Собрание на Турција, Џемил Чичек, по средбата со претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски. - Македонија и Турција имаат длабоки историски и културни врски. Нашите односи не се темелат на дневнополитичка основа, туку станува збор за стратегиски врски. Затоа Турција ги...

Средба на парламентарните групи на Македонија и на Турција

Претседателот на пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со парламентот на Република Турција, Кенан Хасипи, оствари средба со делегација на Големото национално собрание на Република Турција, предводена од претседателот, Џемил Чичек. На средбата присуствуваа и членовите на пратеничката група: Силвана Бонева, Амди Бајрам, Јамин Синани и Газменд Алији. Беше изразена благодарност за поддршката што Турција ѝ ја дава...

Ердоган: Жените не се рамноправни со мажите

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска во Истанбул изјави дека жените не се рамноправни со мажите и ги нападна феминистките во Турција, наведувајќи дека го отфрлаат концептот на мајчинство. Говорејќи на конференција за правата на жените, Ердоган рече дека поради биолошката разлика, жените не можат да имаат иста улога во животот. - Нашата религија (исламот) го одредила местото на жената (во...

Претседателот на Големото турско собрание, Џемил Чичек, денеска во Македонија

Денеска во официјална посета на Македонија ќе престојува претседателот на Големото национално собрание на Република Турција, Џемил Чичек. Ова е возвратна посета откако во јуни годинава неговиот денешен домаќин, претседателот на Собранието на РМ, Трајко Вељаноски, престојуваше во Турција. Во рамките на посетата, Чичек ќе биде примен и од претседателот Ѓорге Иванов. Попладне, Чичек, заедно со другите членови на делегацијата, ќе го посети...

Бајден: Време е Европа да ја намали зависноста од руските нафта и гас

Потпретседателот на САД, Џозеф Бајден, во денешниот говор на конференцијата на Атлантскиот совет во Истанбул, рече дека е време Европа да ја подобри енергетската безбедност и да најде други извори за снабдување со енергенти за да ја намали зависноста од Русија, пренесуваат светските медиуми. Тој предупреди на досегашната практика на Русија, енергентите да ги користи како оружје во својата политика кон соседите. Американскиот...

Акција на МВР и на царината: Запленети 236 грама хероин

Екипи на одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал, во заедничка акција со Царинската управа, денеска на граничниот премин Богородица, спречиле шверц на 236 грама хероин, наменет за домашниот наркопазар, соопшти МВР. Дрогата била откриена при претрес на 46-годишниот скопјанец А.Б., кој патувал во автобус, што сообраќал на редовната линија Скопје - Истанбул. - По извршениот претрес, кај лицето во елекот...

Истанбул: Кривични пријави за напаѓачите на војниците на САД

Дванаесет турски државјани, кои се уапсени по нападот на американските војници во Истанбул, пуштени се денеска на слобода, но постои можност против нив да биде покрената кривична пријава за навреда и за нанесување телесни повреди, јавуваат турските медиуми. Група демонстранти, извикувајќи „Јенки одете си дома“, нападнаа тројца американски морнари во Истанбул, во близина на воениот број на САД, кој на...

(ВИДЕО) Американски војници нападнати во Истанбул

Членови на турската националистичка фракција, вчера, во Истанбул, нападнале морнари на американската флота. Американската амбасада во Анкара денеска изрази протест поради инцидентот. Напаѓачите, кои припаѓаат на Асоцијација на турската младина (ТГБ), прво вербално го нападнале трите припадници на американската морнарица кои застанале во Истанбул по маневрите во Црно Море, а потоа се обиделе со вреќи да им ги покријат главите. Според...

Споменик на Кемал Ататурк во Центар Жупа

Основачот на современа Турција, Мустафа Кемал Ататурк, доби споменик во општина Центар Жупа. На откривањето на споменикот присуствуваа и претставници на турската општина Муратли, област Теркидак, која е и донатор на споменикот, претставници на амбасадата на Република Турција во Скопје, како и други гости. Заедно со постаментот, споменикот е висок три метри и дваесет сантиметри. Таткото на Ататурк, Али Риза-ефенди, е по потекло...

Турција ја забрани „Игра на тронови“

Серијата „Игра на Тронови“ е забранета во воените училишта во Турција
Во Турција на учениците во воените училишта и академии им е забрането да ја гледаат серијата „Игра на тронови“. Турскиот весник „Хуриет“ јавува дека е изменет правилникот за средно образование, во кој е додаден член, во кој се воведува „заштита на учениците“. Серијата се забранува за да се  заштитат учениците од „сексуална експлоатација, порнографија, егзибиционизам, злоставување, малтертирање и лошо однесување“....

Турција се закани со замрзнување на царинската унија со ЕУ

Турција би можела да ја замрзне царинската унија со Европска Унија, доколку Брисел склучи нов сеопфатен договор за слободна трговија со САД, соопшти турскиот министер за европски работи. Турција, земја-кандидатка, има царинска унија со ЕУ од 1996 година. Турските политичари стравуваат дека новиот договор меѓу ЕУ и САД, за кој се преговара, би можел да ја загрози турската трговска позиција. Турскиот...

(ВИДЕО) Турција: 24 загинати при превртување на брод

Дваесет и четири лица загинаа откако брод со илегални имигранти се превртел во теснецот Босфор. Спасувачките екипи успеале да спасат седум лица од бродот, за кој се претпоставува дека превезувал 40 илегални имигранти, вклучувајќи и деца. Потрагата по останатите патници на превртениот брод е во тек, а во неа се вклучени чамци од крајбрежната стража и хеликоптер.

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...