fbpx
Таг: Турција

таг: Турција

Тепачка во турскиот парламент – се тепале со столици, чекан и со ѕвоно

Пет пратеници се повредени во тепачката што изби во турскиот парламент, за време на која летаа столици, а пратениците едни со други се удирале со чекан и со ѕвоното, кое за време на заседанијата го користи претседателот на парламентот, јавуваат турските медиуми. Тепачката избила рано наутро, откако пратениците од редовите на опозицијата се обиделе да ја одложат дебатата за спорниот предлог-закон...

Турција: Полицијата интервенираше на протестите на наставниците и на учениците

Стотици ученици и професори во Турција денеска ја бојкотираа наставата во знак на протест поради зголемените верски содржини во наставата, а полицијата во Измир употреби водени топови за да ги растури илјадата демонстранти собрани на протесниот марш. Светските агенции јавуваат дека најмалку 10 лица се уапсени во пет градови во Турција поради организираниот бојкот и поради уличниот марш на кој се носеле...

Експлозија во близина на турската граница со Сирија

Неколку лица се повредени при експлозија кај полициски пункт во турскиот град Суруч, во близина на границата со Сирија, јавуваат турските медиуми. Засега не се познати причините за експлозијата ниту, пак, има официјална потврда од турските власти.

Во Турција уапсени 21 полицаец за прислушување

21 полицаец се приведени во Турија во рамките на истрагата за неовластеното прислушување политичари, владини функционери, цивилни службеници и деловни луѓе. Апсењата биле спроведени во девет провинции под обвинување дека полициските офицери спроведувале нелегални прислушувања на високи функционери, а најмногу се извршени во Истанбул, во западната провинција Афјон, во црноморската Зонгулдак и во Кершехир.  

Собраниска делегација на гости во турскиот парламент

Во организација на Европскиот парламент и Големото национално собрание на Република Турција, на 5 и на 6 февруари 2015 година во Анкара, Република Турција, ќе се одржи парламентарен семинар на тема: „Енергетска сигурност, енергетска ефикасност и поврзаност на земјите од Западен Балкан и од Турција". На семинарот ќе учествува делегација од Собранието на Република Македонија во состав од пратениците: Љупчо...

Хрватите тријат раце поради Ципрас

Хрватска годинава би можела да профитира за повеќе од седум милијарди евра благодарение на нестабилноста во конкурентните земји, пред сè, поради политичките промени во Грција, пишува американската агенција „Блумберг“. - Раните резервации за сезоната веќе пораснаа, а тоа може да биде поради перцепцијата на безбедносните прашања во земјите како што се Грција, Египет и Турција - изјави хрватскиот министер за туризам, Дарко Лоренчин. Американската...

Шефот на Хамас: Турција е извор на моќ за сите муслимани

Турција е извор на моќ за сите муслимани, изјави шефот на Хамас, Калид Мешал, при посетата на Турција. Неговото кратко обраќање беше прекинато од постојаното навивање на толпата, во која се вееја турски и палестински знамиња и се извикуваше „Алах е голем„ (Allahu Akbar) и „Долу Израел“.

Откриена уште една бомба во Истанбул

Турските безбедносни служби денеска деактивираа бомба откриена пред трговски центар во квартот Башакшехир. Случаен минувач ја открил бомбата поставена во сомнителен пакет, по што пријавил во полиција. Ова е втор обид за напад на трговски центар во Истанбул во последните 24 часа.

Спречен терористички напад во Истанбул

Турските безбедносни служби спречиле бомбашки напад во истанбулски трговски центар, соопштија турските власти. Како што јавуваат турските медиуми, двајца напаѓачи биле уапсени додека се подготвувале за извршување на нападот. Полициски извори соопштија дека уапсените се членови на забранета левичарска група, но групата преку „Твитер“ негираше дека подготвувала терористички напад.

Самоубиствен напад во Истанбул

Двајца полицајци се ранети во самоубиствен напад на полициска станица во центарот на Истанбул. Експлозивот го детонирала жена, која говорела англики, јавува „Хуријет“. Повредени се полицајците кои се обиделе да ја спречат жената да влезе во станицата, поради што таа ја активирала бомбата на влезот на зградата. The tourism police station where the attack took place in Istanbul's old city, #Sultanahmet....

Турција првпат по 1923 година дозволи да се гради црква

Владата на Турција дозволи изградба на црква во Истанбул за сириското малцинство. Ова е првпат од основањето на Република Турција во 1923 година, турската влада да дозволи изградба на црква. Христијаните се големо малцинство и живеат претежно во западниот дел на Турција, која, според уставот, е секуларна земја со 99 отсто муслимани. Противниците на владејачката Партија на правдата и развојот...

Давутоглу: Македонија може да смета на безусловна поддршка и помош од Турција

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска се сретна со турскиот премиер Ахмет Давутоглу. На средбата, како што соопштија од кабинетот на претседателот, било разговарано за натамошното продлабочување на билатералните односи како и за зголемување на соработката меѓу Република Македонија и Република Турција. Иванов и Давутоглу изразиле задоволство од традиционалното пријателство и партнерство, и од интензивната комуникација и соработка во...

Незири: Сѐ повеќе турски бизнисмени најавуваат инвестиции во Македонија

Денеска министерот за економија, Беким Незири, се сретна со својот турски колега Нихат Зејбекчи, во рамки на работната посета на претседателот на Владата на Република Турција, Ахмет Давутоглу, на Република Македонија. Економските и трговските односи меѓу двете земји беа главна тема на разговорите меѓу двајцата министри. Министерот Незири ги истакна традиционално пријателските односи меѓу Македонија и Турција, и од политички и од...

Груевски – Давутоглу: Турција e искрен пријател на Македонија

Во рамките на дводневната официјална посета на Македонија, турскиот премиер Ахмет Давутоглу имаше тет-а-тет средба со својот домаќин, премиерот Никола Груевски. По средбата, на прес-конференција Груевски истакна дека Република Турција е долгогодишен пријател на Македонија и безрезервно ја поддржува земјата во евроатланските аспирации. - Ние го почитуваме фактот што Република Турција дава принципиелна и вредносна поддршка на нашите државни и национални интереси. Со...

Турскиот премиер во дводневна посета на Македонија

Денеска и утре, во посета на Македонија ќе престојува турскиот премиер Ахмет Давутоглу. Според соопштението, тој ќе се сретне со македонскиот премиер Никола Груевски и со претседателот Ѓорге Иванов, а ќе разговараат за политичките, економските и за трговските односи меѓу Македонија и Турција.  

На турските навивачи им се заканува доживотен затвор за пуч против Ердоган

Почна судењето на навивачите на „Бешикташ“, кои се осомничени за обид за пуч против режимот на Реџеп Таип Ердоган. Државното обвинителство бара доживотен затвор за 35 навивачи на фудбалскиот тим „Бешикташ“, од навивачката група „Царси“, кои се товарат дека со примена на „насилство и сила“ се обиделе да организираат пуч на минатогодишните протести против режимот на претседателот Ердоган. Пред судот во...

Грција и Турција ги испеглаа несогласувањата

Лидерите на Грција и на Турција ги изгладија најголемите несогласувања меѓу двете земји и изразија поддршка за изградба на поблиски односи меѓу двете соседни земји. По средбата со грчкиот премиер Андонис Самарас, турскиот премиер Ахмет Давутоглу изјави дека Турција го поддржува враќање на мермерите на Партенон на Грција, како дел од враќањето на културното наследство на земјата од која потекнува. Самарас...

За гасот има алтернативи, но треба посериозно да се работи на нив

По новонастанатата ситуација со изградбата на гасоводот „Јужен тек“, на кој требаше да се приклучи и гасоводниот систем во Македонија, експертите се со поделени мислења. Според едни, Македонија има доволно гас за наредните пет-шест години, а алтернативи за понатаму постојат, додека според други, станува збор за проблем за кој Владата треба посериозно да размислува. - Македонија нема да има никакви...

Путин пристигна во Турција

Рускиот претседател Владимир Путин пристигна во посета на Турција. Тој, со својот колега Реџеп Таип Ердоган, ќе разговара за конфликтот во Сирија и во Украина. Исто така, се очекува Путин и Ердоган да разговараат и за енергетската соработка. Анкара бара намалување на цените и испорака на поголеми количества гас од Русија.

УЕФА почна дисциплинска постапка против Галатасарај

УЕФА почна дисциплинска постапка против турската екипа Галатасарај поради тоа што нејзините навивачи, на натпреварот против Андерлехт, во Младинската фудбалска лига на шампиони, предизвикаа прекин со фрлање пиротехнички средства, а потоа почнаа со националистички скандирања кон Србија и убиениот навивач на Црвена звезда, Марко Ивковиќ. Се очекува турскиот фудбалски гигант да заработи висока казна.  

Сиљановска Давкова ќе се придржува до официјалната примена на уставното име

Претседателката во јавните настапи има право да го употребува името Македонија, како чин на самоопределување, а таа ќе се придржува до официјалната примена на уставното име. Ова е ставот на...