УЕФА почна дисциплинска постапка против турската екипа Галатасарај поради тоа што нејзините навивачи, на натпреварот против Андерлехт, во Младинската фудбалска лига на шампиони, предизвикаа прекин со фрлање пиротехнички средства, а потоа почнаа со националистички скандирања кон Србија и убиениот навивач на Црвена звезда, Марко Ивковиќ.
Се очекува турскиот фудбалски гигант да заработи висока казна.