fbpx

Незири: Сѐ повеќе турски бизнисмени најавуваат инвестиции во Македонија

-

Денеска министерот за економија, Беким Незири, се сретна со својот турски колега Нихат Зејбекчи, во рамки на работната посета на претседателот на Владата на Република Турција, Ахмет Давутоглу, на Република Македонија.

Економските и трговските односи меѓу двете земји беа главна тема на разговорите меѓу двајцата министри.

Министерот Незири ги истакна традиционално пријателските односи меѓу Македонија и Турција, и од политички и од економски аспект, што е причина повеќе за продлабочување на деловната соработка, продолжување на циклусот на инвестиции од Турција и проширување на трговската соработка меѓу двете земји.

– Резултат од досегашната соработка се двата потпишани договори, и тоа Спогодбата за трговска и економска соработка меѓу Република Македонија и Република Турција и Договорот за слободна трговија меѓу Република Македонија и Република Турција, кои претставуваат и правна рамка за трговската соработка меѓу двете земји. Особено задоволство претставува фактот што се зголемува и инвестициската активност на турски бизнисмени во Македонија, па во последните две години турските инвестции надминаа 44 милиони евра, а наскоро го очекуваме и почетокот на инвестицијата на „Веибо“ во зоната Ранковце, во вредност од 400 милиони долари, кој треба да донесе 5.600 нови вработувања – посочи Незири.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...