fbpx

Платформата „Ајде“ повика политиката да им се врати на граѓаните

-

123 граѓанки и граѓани денеска ја промовираа платформата за граѓанска политика „Ајде“. Членовите на „Ајде“, седнати на столчиња спроти Собранието, свртени кон споменикот на АСНОМ, симболично им порачаа на пратениците и на власта дека граѓаните се извор на суверенитетот и дека демократијата не е можна без активни, слободни и здружени луѓе. Платформата претставува неформална, но организирана група слободноумни поединци со ралични идеи и ставови, која сака да ги зајакне и здружи расцепканите демократски сили во земјата.

Мајран Забрчанец нагласи дека „Ајде“ има намера да ги поддржи граѓаните слободно да размислуваат, говорат, коментираат, креираат политики и слободно да бараат подобра власт.

Елизабета Секирарска смета дека мора многу да се зборува за образованието.

– Образованието е сериозно заболен организам, кој не може да се затскрие зад флоскулата „ова се опции за систематско подобрување на квалитетот на образованието“ – рече Секирарска.

Петрит Сарачини истакна дека на власт имаме мултиетничка коалиција, која ја крепи машинерија базирана на интереси, пари, непотизам, корупција, страв, насилство, сервилност, криминал, кражба на народни пари.

– Ајде да се сплотиме. Овој систем може да се победи само ако сме заедно, искрени и со меѓусебна почит – рече Сарачини.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

За еден ден, две жени од Скопје нападнати од своите партнери

Два случаја во кои жени од Скопје се нападнати од своите партнери се регистрирани во полицискиот билтен во текот на вчерашниот ден. Околу 18 часот и 30 минути вчера, во...