fbpx

СДСМ: АЕК во 2015 година ќе потроши еден милион евра на промоција

-

Агенцијата за електрoнски комуникации, во својот годишен предлог-план за работа за 2015 година, планира да потроши 60.000.000 денари или цел еден милион евра за промотивна кампања, истакна Горан Трајановски, член на Комисијата за информатичко општество на СДСМ на денешната прес-конференција.

– Агенцијата не е орган што е сега основан и треба да се промовира и навистина е прашање што тоа Агенцијата треба да промовира за да потроши еден милион евра пари од граѓаните? Или се отвора нова можност за финансирање и контрола на „послушните медиуми“? Дополнително, Агенцијата за електронски комуникации планира да биде донатор. Не е наведeно кому и за што. Оваа ставка во 2014 година изнесувала 80.000.000 денари. Сега ја зголемуваат за неверојатни 101 отсто или на 160.960.000 денари – рече Трајановски.

Само оваа ставка за донации, заедно со таа за т.н. интелектуални услуги, кадешто влегува милионската промотивна кампања, според него, ќе однесат 50 проценти од парите на компаниите, односно на граѓаните, што ги прибира АЕК.

– Да не зборуваме за низата други чудни ставки. Ваквите расфрлувања на АЕК го оптоваруваат работењето на телекомуникациските оператори. Сметката на крајот ја плаќаат граѓаните и компаниите со високите сметки за услугите. Бидејки Агенцијата со ваквиот годишен предлог-план за работа за 2015 година покажува дека може да троши многу повеќе од лани, тоа значи дека имаат вишок пари од потребните за административни трошоци. Затоа бараме да се намалат надоместоците на операторите и тие да бидат задолжени, преку соодветна анализа на пазарите, да ги намалат цените на своите услуги – рече Трајановски.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Доналд Туск: Во ризик сме од војна, Европа не е подготвена

Полскиот премиер Доналд Туск изјави оти смета дека постои огромен ризик од војна и оти никој во Европа нема да се чувствува безбедно доколку Русија победи во Украина, пренесува...