fbpx
Таг: Турција

таг: Турција

Двајца загинати во престрелка во Истанбул

Две лица загинаа, а пет се повредени при престрелка во добротворна организација во Истанбул. Како што јавуваат турските медиуми, непознати лица упаднале во објектот и отвориле оган. Вработените возвратиле, при што во престрелката се повредени седум лица. Полицијата приведе 24 лица поврзани со инцидентот, кој избил поради нетрпение меѓу членови на добротворната организација и напаѓачите.

Турција го одблокира пристапот до „Јутјуб“ и до „Твитер“

Турција денеска го одблокира пристапот до „Твитер“ и до „Јутјуб“ бидејќи компаниите, наводно, ги отстраниле содржините што биле спорни за владата. Интернет-страниците вчера беа блокирани откако обвинителите побараа воведување на мерката поради фотографиите од обвинителот кој минатата недела беше киднапиран и убиен во Истанбул. Двајцата милитанти и обвинителот се убиени за време на полициската акција за спасување на обвинителот. Турската влада неодамна донесе...

Во Турција блокирани социјалните мрежи поради снимки со убиениот обвинител

Во Турција, социјалните мрежи „Твитер“, „Фејсбук“ и „Јутјуб“ се блокирани од властите поради објавување снимки на обвинителот кој на 31 март беше киднапирани од терористи во Истанбул. Обвинителот Мехмет Сели Кираз беше киднапиран од двајца членови на левичарската група Револуционерна партија и фронт за народно ослободување. При операцијата за ослободување, обивинителот Кираз беше повреден и наредниот ден почина во болница, а...

Доделени сертификати на полицајци специјализирани за обезбедување важни личности

Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, и турскиот амбасадор во Македонија, Ѓурол Сокменсуер, денеска им доделија сертификати на македонските полицајци кои цела недела учеа вештини за обезбедување важни личности од своите турски колеги. Јанкулоска им се заблагодари на турските колеги со кои соработуваат уште од 2007 година токму во делот на меѓународната полициска обука, која има цел зацврстување на односите помеѓу безбедносните служби на двете...

Турската полиција уапси 10 осомничени радикали

Најмалку десет лица се уапсени во рациите на турската полиција против осомничени припадници на ултралевичарски групи во Истанбул. Полициските акции во Истанбул и во Анталија следуваат два дена по убиството на киднапираниот обвинител во Истанбул, што го извршија припадници на ултралевичарската групација Револуционерна народна ослободителна партија - фронт.

Турција: Уапсени се девет Британци кои сакале да ѝ се придружат на ИД

Девет британски државјани се уапсени во близина на турскиот град Хатај поради сомневање дека сакале да се приклучат кон екстремистичката џихадска организација Исламска држава во Сирија, соопшти турската полиција. Полицијата не го открива идентитетот на уапсените.

Вооружен маж упадна во седиштето на владејачката партија на Турција

Вооружен маж упадна во седиштето на владејачката турска Партија на правдата и развојот (АКП) во Истанбул. Набргу е уапсен и нема жртви. Мажот го скршил прозорците на последниот кат на зградата во предградието Кратл, на азиската страна од Истанбул и развеал турско знаме на кое е додаден мотивот бел меч. Агенцијата „Доган“ првобитно јави дека двајца упаднале во АКП. Инцидентот се случил за...

Почина турскиот обвинител кој беше киднапиран

Од тешките повреди што ги доби во текот на вчерашната престрелка во судската палата во Истанбул, турскиот обвинител Мехмет Селим Кираз почина во болница. Кираз беше нападнат во својата канцеларија на шестиот кат од судската зграда и земен како заложник од двајца припадници на ултралевичарска Револуционерна партија - Фронт за народно ослободување. Заложничката драма заврши со интервенција на турските специјални сили,...

Заложничка драма во судот во Истанбул, киднапиран јавниот обвинител

Левичарската турска група ДХКП/Ц го држи како заложник обвинителот кој работи на случајот со 15-годишното момче кое почина откако полицијата со гас ги нападна демонстрантите. Обвинителот ја води истрагата за 15-годишниот Беркин Елван, кој почина минатата година во март, по девет месеци кома. Елван доби тешки повреди за време на минатогодишните антивладини протести. Турскиот премиер свика итна средба со министерот за...

Асад ја обвини Турција дека намерно ги пропушта терористите во Сирија

Сирискиот претседател Башар ал-Асад ја обвини Турција дека „намерно ги игнорира терористите на Исламска држава“, додека тие се обидуваат да ја минат границата меѓу двете држави и да влезат во Сирија. Асад, во интервјуто за „Си-Би-Ес“, го обвини турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган дека не само што не го спречува преминувањето на терористите од Турција во Сирија, туку оти ѝ...

Турција донесе закон за употреба на огнено оружје против демонстрантите

Tурскиот парламент со големо мнозинство го усвои законот за безбедност, со кој се прошират полициските овластувања и се овозможува употреба на огнено оружје против демонстранти. Тоа ги продлабочува стравувањата за репресија на инцидентите пред парламентарните избори. Законот донел жестоки критики од опозициските партии, кои велат дека владејачката Партија на правдата и развојот станува авторитарна. Претставниците на проблематичното курдско малцинство стравуваат дека законот може...

Средношколци од Охрид, Гостивар и од Кавадарци на практична обука во Турција

Десет ученици од средното училиште „Св. Наум Охридски“ од Охрид, во наредниве две недели ќе бидат на практична обука во Измир, Турција, во рамки на проектот „Иднината на мехатрониката“. Охридските средношколци, заедно со учениците од стручните училишта од Гостивар и од Кавадарци, ќе ја претстават Македонија и спецификите на нашиот образован систем на меѓународен план. Проектот „Иднината на мехатрониката“ е...

Турција: Уапсена Британка која сакала да ѝ се приклучи на ИД

Турската полиција приведе една 21-годишна британска државјанка, осомничена дека се обидела да отпатува во Сирија на територија која е под контрола на Исламска држава, соопштија денеска владини претставници. Жената со иницијали Ј.Н.Х. е уапсена доцна синоќа, на автобуска станица во Анкара и во моментов е во притвор. Турските официјални претставници соопштија дека ја уапсиле врз основа на информација од разузнавачките служби...

Попоски: Македонија е благодарна за поддршката на Турција за членство во НАТО

Шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски, денеска во Анкара се сретна со министерот за надворешни работи на Република Турција, Мевљут Чавушоглу. Како што соопштија од МНР, за време на средбата, министрите размениле мислења за повеќе аспекти од билатералната соработка меѓу двете земји, при тоа констатирајќи ја интензивната соработка на сите полиња на заеднички интерес. Министрите се осврнале и на добрата...

Попоски и Чавушоглу ја потврдија добрата соработка меѓу Турција и Македонија

Македонија и Турција имаат интензивна соработка на сите полиња од заеднички интерес, потврдена и преку чести средби на високо ниво, а економските релации бележат нагорен тренд и можности за понатамошно унапредување, констатирале министерот за надворешни работи, Никола Попоски, и неговиот турски колега и домаќин, Мевлут Чавушоглу, на средбата во Анкара, во рамки на официјалната посета на Турција. Како што соопшти...

Истанбул: Полицијата го совлада бомбашот-самоубиец пред конзулатот на САД

Турските специјални сили успеале да го неутрализираат лицето кое изутринава се закануваше дека ќе се разнесе во близина на генералниот конзулат на САД во Истанбул, пишува весникот „Хуријет“. Како што јавуваат локалните медиуми, повикувајќи се на полициски извори, станува збор за психички растроен маж. Според првичните информации, во возилото на осомничениот бомбаш-самоубиец имало неколку експлозивни направи. https://www.youtube.com/watch?v=6AM0ST0pZX0

Истанбул: Можен бомбашки напад на конзулатот на САД

Турската полиција е ставена на висок степен на готовност поради дојавите дека осомничен бомбаш-самоубиец би можел да се разнесе во близина на американскиот генерален конзулат во Истанбул, јавуваат локалните медиуми. Турската новинска агенција „Доган“ јавува дека во возилото на осомничениот се наоѓаат експлозивни направи. SON DAKİKA:ABD Başkonsolosluğu'nda bomba alarmı. Polisler şahısı ikna etmeye çalışıyor... http://t.co/jJQDFHYHwh pic.twitter.com/HrljG4B6mP — Hurriyet.com.tr (@Hurriyet) February 27, 2015 BREAKING:...

Протест на машките здолништа во Турција

На познатата трговска истанбулска улица Истиклал, една група млади мажи се облекоа во здолништа и излегоа  за да протестираат против сè позачестеното насилство врз жените во Турција. Директен мотив за протестот беше убиството што се случи пред една недела, на младата студентка Озгечан Аслан, на југот на Турција и желбата за се поддржи борбата на сите жени во борбата против насилството...

Незири на економски самит во Турција

Министерот за економија, Беким Незири, денеска во турскиот град Бурса присуствува на отворањето на третиот Меѓународен балкански економски самит, на кој главна тема е „Општините и економскиот развој - соработка на Турција со Балканот“. Незири ќе го претстави моделот на рамномерен економски развој во Република Македонија.

Снегот го парализира аеродромот во Истанбул

Во изминатите три часа, поради снежно невреме, откажани се сите летови од најголемиот турски аеродром „Ататурк“ во Истанбул. Авионскиот сообраќај полека се нормализира. Четвртата по големина авиокомпанија во Европа, „Туркиш ерлајнс“, откажа 200 летови закажани за денеска и за утре, поради неповолните временски услови, стои во соопштението на веб-страницата на компанијата. Уште еден турски авиопревозник, високобуџетниот „Пегасус“, исто така откажа одреден број...

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...