fbpx
Таг: Турција

таг: Турција

Анкара негира дека борци на ИД влегле во Сирија преку Турција

Официјална Анкара ги негира тврдењата дека џихадистите на Исламска држава влегле во сирискиот град Кобане преку турската граница. Според некои извештаи, четири автомобили на припадници на ИД го преминале граничниот премин со Турција и се упатиле кон Кобане. Опсерваторијата за човекови права соопшти дека борците на ИД извршиле егзекуција над најмалку 20 сириски Курди, а меѓу нив имало жени и деца. Претходно во...

Турција даде дозвола за подморско истражување за „Турски тек“

Дозвола за спроведување инженерски истражувања за подморската делница на гасоводот „Турски тек“ даде Турција, соопштија од „Газпром“. Со овој документ предвидени се инженерски истражувања на првата линија на гасоводот во ексклузивната економска зона и во територијалните води на Турција. Подморската делница на „Турски тек“ ќе ја сочинуваат четири линии, а секоја ќе има капацитет од 15,75 милијарди кубни метри. Гасоводот ќе...

Почина Сулејман Демирел, пријателот на Македонија

Поранешниот турски претседател Сулејман Демирел почина во болница во Анкара во 90. година од животот. Должноста претседател на влада од 1965 година до 1993 година ја извршувал во повеќе мандати и беше деветтиот претседател на државата. Турските медиуми јавија дека во болница завршил поради ненадејни респираторни проблеми, но лекарите не успеале да го спасат. Демирел го обележа бурниот период на турската...

УНХЦР: 23.000 Сиријци побегнале во Турција

Најмалку 23.000 сириски бегалци дошле во Турција од 3 до 15 јуни, соопшти денеска во Женева Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР). По неколку дена борби, курдските сили денеска целосно ја презеле контролата врз градот Тал Абџад, што го држеа џихадистите на Исламска држава. Градот се наоѓа кај сириско-туската граница. - Повеќето нови бегалци се Сиријци кои бегаат од насилствата на вооружените...

Опозицијата треба да формира влада во Турција

Опозициските партии во Турција се должни да формираат влада бидејќи тие заедно добија најголем број гласови на парламентарните избори на 7 јуни, изјави лидерот на главната опозициска Републиканска народна партија, Кемал Килиџароглу. Според него, „неприфатливо“ е што претседателот Реџеп Таип Ердоган е главен политички фактор во коалициските разговори. Килиџароглу истакна дека Ердоган мора да остане во рамките на границите на шеф...

Ердоган повикува на брзо формирање влада

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска во Анкара ги повика политичките партии „што е можно побргу“ да ја формираат новата влада, по парламентарните избори одржани пред четири дена на кои неговата владејачка Партија на правдата и развојот (АКП) го загуби мнозинството по 13 години власт. - Сега секој мора да го стави егото на страна... за што побргу да се...

Нападната православна црква во Истанбул

Православна црква во Истанбул синоќа е нападната со молотов коктел, јавуваат турските медиуми. На интернет се појави снимка на која е се гледа маж, како на арапски јазик извикува „Алах е голем“, по што го фрла молотовиот коктел кон црква во квартот Кадкој. Влезната врата на црквата се запалила, но набргу била изгасната. Полицијата го уапсила напаѓачот.

Турција го повика амбасадорот од Бразил поради ерменскиот геноцид

Турција го повика својот амбасадор во Бразил на консултации, откако бразилскиот сенат усвои резолуција во која масакрот над Ерменците во Првата светска воја за време на Отоманското Царство е окарактеризиран како геноцид. Министерството за надворешни работи на Турција соопшти дека амбасадорот Хусеин Дириоз се враќа во Анкара на консултации поради, како што се наведува, бразилското „извртување“ на историјата. Турција негира дека...

Пад на турската берза и на валутата по парламентарните избори

Истанбулската берза утринава, веднаш по отворањето, забележа пад од шест отсто, додека турската валута регистрирала благ пад по парламентарните избори во земјата, каде владејачката Партија на правда и развој (АКП) по 13 години владеење го изгуби апсолутното мнозинство во парламентот. Индексот на берзата паднал за 6,1 отсто, половина час по отворањето, додека турската лира се продавала за 2,78 долари, што...

Партијата на Ердоган го загуби мнозинството во парламентот

Владејачката Партија на правда и развој (AKP) на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган победи на парламентарните избори, но го загуби апсолутното мнозинство и нема да може сама да формира влада. Изборите беа клучни за иднината на турскиот претседател, кој се надевал дека неговата партија ќе добие двотретинско мнозинство од 330 пратенички места, што би овозможило промена на уставот и да...

Тепачка на изборите во Турција – 15 повредени

Петнаесет лица денеска се повредени во тепачка која изби меѓу активисти на две различни партии пред избирачко место во турската провинција Шанљурфа. Како што јавуваат локалните медиуми, расправијата почнала на избирачкото место, а потоа продолжила надвор од објектот, каде ескалирала во физичка пресметка. Полицијата соопшти дека при тепачката биле користени палки, камења и ножеви, а некои од активистите имале и пиштоли. Повредените...

Парламентарни избори во Турција

Во Турција утринава се отворени избирачки места на кои граѓаните на земјата ќе гласаат за новиот состав на парламентот. Овие избори се важен тест за партијата на претседателот Реџеп Таип Ердоган, чија желба да го измени уставот и да добие поголеми претседателски овластувања би можела да биде спречена од прокурдската Демократска народна партија (ХДП). Гласачките места, на кои ќе можат...

Воздушна поддршка од САД и од Турција за бунтовниците во Сирија

Турција и САД постигнале договор за нудење воздушна заштита на сириските бунтовници, кои ќе бидат обучени и опремени за борба против Исламска држава, изјави министерот за одбрана на Турција, Мевлут Чавушоглу. Тој не наведе детали како ќе се изведе заштитата од воздух. Американски официјални лица претходно изјавија дека целта е во наредните три години, годишно да се обучат по 5.000...

Приведени неколку противници на Ердоган

Турската полиција денеска во рации привела дваесетина лица, вклучувајќи и личности кои спаѓаат меѓу приврзаниците на муслиманскиот свештеник од САД, Фетулах Гулен, противник на претседателот Реџеп Таип Ергоган. Потезите против „паралелните структури“ во турските органи досега беа фокусирани на осомничени членови од мрежата на Гулен во полицијата, судството, медиумите и во една банка. Ердоган го обвинува Гулен дека се обидува да...

Двајца повредени во бомбашки напади на седишта на курдската ХДП

Две лица се повредени во два бомбашки напади извршени врз локални седишта на курдската Демократска партија на народите (ХДП), во турските градови Мерсин и Адана. Засега нема информации колку сериозни се повредите на жртвите. Нападите се случуваат во пресрет на парламентарните избори во Турција, закажани за 7 јуни.

Турски товарен брод нападнат кај Либија

Турски товарен брод бил нападнат во близина на либискиот брег, додека се приближувал кон пристаништето во Тобрук, соопшти денеска Министерството за надворешни работи на Турција. Кога бродот се обидел да се оддалечи од брегот, од каде доаѓал огнот, бил нападнат од воздух. Во нападот убиен е еден член на екипажот, а повредени се неколкумина. Министерството за надворешни работи на Турција го...

Потпишан договор – „Турски тек“ стартува на крајот од 2016 година

Гасоводот „Турски тек“ ќе стане оперативен во декември 2016 година, соопшти директорот на „Газпром“, Алексеј Милер, за агенцијата „РИА Новости“. - Договор (меѓу Русија и Турција) е постигнат за цената и за почетокот на испораката преку „Турски тек“ да почне во декември 2016 година – рече Милер. Договорот го потпишале Милер и турскиот министер за енергетика и природни ресурси, Танер Јилдиз,...

Советот на Европа ги повика Ерменија и Туција да го обноват дијалогот

Главниот секретар на Советот на Европа, Торбјорн Јагланд, денеска во Ереван ги повика Ерменија и Турција да го обноват процесот за воспоставување дипломатски односи. Изјавата доаѓа во пресрет на стогодишнината од геноцидот врз Ерменците извршен за време на Првата светска војна. Јагланд изјави дека Советот на Европа е подготвен да го поддржи дијалогот на секој можен начин. Масакрот на турската војска...

Лажна дојава за бомба приземји два авиона

Авион на компанијата „Туркиш ерлајнс“ принудно слетал во Истанбул по дојава за можна подметната бомба во авионот. „Боингот 738“ летал од Истанбул кон швајцарскиот град Базел, но кога влегол во воздушниот простор на Бугарија, поради дојава за бомба, бил пренасочен и вратен на аеродромот Ататурк, потврди портпаролот на авиокомпанијата. Полицијата и истражителите веќе почнале да го пребаруваат авионот. Ова не е...

Двајца загинати во престрелка во Истанбул

Две лица загинаа, а пет се повредени при престрелка во добротворна организација во Истанбул. Како што јавуваат турските медиуми, непознати лица упаднале во објектот и отвориле оган. Вработените возвратиле, при што во престрелката се повредени седум лица. Полицијата приведе 24 лица поврзани со инцидентот, кој избил поради нетрпение меѓу членови на добротворната организација и напаѓачите.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...