fbpx

Попоски: Македонија е благодарна за поддршката на Турција за членство во НАТО

-

Шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски, денеска во Анкара се сретна со министерот за надворешни работи на Република Турција, Мевљут Чавушоглу.

Како што соопштија од МНР, за време на средбата, министрите размениле мислења за повеќе аспекти од билатералната соработка меѓу двете земји, при тоа констатирајќи ја интензивната соработка на сите полиња на заеднички интерес. Министрите се осврнале и на добрата економската соработка меѓу двете земји, како и на можностите за натамошно унапредување.

„Средбата беше искористена и за размена на мислења од аспект на регионалната и на меѓународната соработка. Истакнувајќи ја успешната соработка во рамките на регионалните иницијативи и на меѓународно ниво, министерот Попоски се заблагодари за постојаната и гласна поддршка на Република Турција за членство на Република Македонија во НАТО“, стои во соопштението од МНР.

Шефовите на дипломатиите, исто така, разговарале и за заедничките приоритети на двете земји за членство во Европската унија, а во тој контекст Попоски ја нагласил македонската определба за развивање на добрососедските односи во согласност со европските и со евроатланските вредности и стандарди.

Двајцата министри потпишале Меморандум за разбирање и соработка меѓу Институтот за геостратегиски истражувања на Министерството за надворешни работи на Република Македонија и Центарот за стратегиски истражувања на Министерството за надворешни работи на Република Турција.

За време на посетата, Попоски се сретнал и со турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Уапсени тројца германски државјани за наводно шпионирање за Кина

Полицијата во Дизелдорф и Бад Хомбург уапси тројца германски државјани за шпионирање за кинеската тајна служба. Двајца мажи и една жена се во притвор, објави во понеделникот федералното обвинителство,...