fbpx

Средношколци од Охрид, Гостивар и од Кавадарци на практична обука во Турција

-

Десет ученици од средното училиште „Св. Наум Охридски“ од Охрид, во наредниве две недели ќе бидат на практична обука во Измир, Турција, во рамки на проектот „Иднината на мехатрониката“. Охридските средношколци, заедно со учениците од стручните училишта од Гостивар и од Кавадарци, ќе ја претстават Македонија и спецификите на нашиот образован систем на меѓународен план.

Проектот „Иднината на мехатрониката“ е спонзориран од Национална агенција за европски образовни програми и мобилност, во рамки на програмата „Еразмус плус“ на Европската комисија за стручно образование.

– Во рамките на овој проект, учениците ќе имаат можност да стекнат нови знаења, вештини и способности од областа на мехатрониката. Децата ќе имаат можност да ги збогатат и своите јазични вештини бидејќи целата комуникација ќе се одвива на странски јазик. Ова е можност за зацврстување на соработката помеѓу нашето и партнер-училиштата во Турција, како и можност за промоција на нашиот град Охрид и на Македонија во Турција – вели директорот на ОМУ „Св. Наум Охридски“, Јане Цаноски.

Цаноски додава дека наредната учебна година најмалку 30 ученици од „Св. Наум Охридски“ ќе одат на практична настава во партнер-училиштето во Измир, а преговараат и со голема компанија од Гетеборг, Шведска, за и таму нивните ученици да се праќаат на практика.

В.М.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...