fbpx

По 248 часа поминати под урнатините во Турција спасена е 17 годишна девојка

-

Mлада девојка беше извлечена од урнатините на урната зграда 248 часа по земјотресот што ја погоди јужна Турција иако надежите за пронаоѓање на уште преживеани исчезнуваат, објави турската агенција Анадолија.

Спасувачите ја пронајдоа Алејна Олмаз (17) жива под урнатините во областа Дулкадироглу во провинцијата Караманмарас. Таа е префрлена во болница за укажување лекарска помош.

Најмалку 36.187 луѓе загинаа во двата силни земјотреси што ја погодија јужна Турција минатата недела, соопшти во четвртокот Агенцијата за катастрофи на земјата.

Земјотресите од 6 февруари со јачина од 7,7 и 7,6 степени, со центар во провинцијата Кахраманмарас, погодија повеќе од 13 милиони луѓе во 11 провинции, вклучувајќи ги Адана, Адијаман, Дијарбакир, Газиантеп, Хатај, Килис, Малатија, Османије, Шанлиурфа и Елазиг.

Силните земјотреси предизвикаа штети и во Сирија, а беа почувствувани и во Либан.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...