fbpx
Таг: Турција

таг: Турција

Турција со пеколни температури – жителите и туристите бегаат по околните острови [фото-вест]

Турција, исто како и многу делови од светот се бори со последиците од климатските промени, со оглед на тоа што и таму се засилува жешкиот топлотен бран. Редакцијата на Мета.мк пренесува дел од атмосферата во Истанбул, каде што голем број жители и туристи деновиве се упатуваат на разладување кон околните острови, чекајќи ред за траект. Канцеларијата на гувернерот на Истанбул...

Зеленски ги врати од Турција заробените командати од Азовстал, во Украина нови цивилни жртви

Украинскиот претседател Володмир Зеленски вчера од посетата на Турција се врати со петте воени команданти од Азовстал кои беа заробени од руската војска пред повеќе од една година и потоа престојуваа во оваа земја со лична гаранција на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, јави украинската државна новинска агенција Укринформ.. Тие беа свечено пречекани дома. Во септември 2022 година, како дел...

Ердоган по победата со подбив кон опозицијата поради нејзините полиберални политики

Качен на автобус во Истанбул, па од балкон на неговата палата во главниот град Анкара, Реџеп Таип Ердоган вчера по претседателските избори, прогласи победа, што сепак уште не е официјална. Порача дека не победил само тој, туку и цела Турција и дека „до гроб” ќе биде со неговите приврзаници, јави Би-би-си. https://meta.mk/erdogan-proglasi-pobeda-na-pretsedatelskite-izbori-vo-turcija-galerija/ Во Анкара, тој говореше пред маса што тој ја...

Ердоган прогласи победа на претседателските избори во Турција [галерија]

Реџеп Таип Ердоган останува претседател на Турција. Според резултатите што ги објави агенцијата Анадолија, а се однесуваат на 98 отсто преброени избирачки места, Ердоган добил 52,10 отсто од гласовите, а неговиот противкандидат Кемал Киличдароглу 47,90 отсто. Ердоган веќе излезе во јавноста и прогласи победа, а неговите приврзаници веќе со часови слават по улиците нa Анкара и на Истанбул, уште пред...

Турција го бира новиот претседател, набргу ќе се знае дали Ердоган ќе остане на тронот

Првите и неофицијални резултати од вториот круг од претседателските избори во Турција, според државната агенција Анадолија, покажуваат благо водство на актуелниот претседател Реџеп Таип Ердоган. Сепак, опозициската новинска агенција АНКА објавува различни бројки. Според Анадолија, според досега преброените гласови, Ердоган води со 53,4 отсто, додека неговиот противкандидат Кемал Киличдароглу има 46,6 отсто од гласовите. Овие резултати, според агенцијата, се засноваат...

Не е Јане од Македонија, туку Исмаил од Турција

Во пост со фотографија лажно се тврди дека содржината на фотографијата е од Македонија. Станува збор за изменета содржина на фотографијата на која е прикажан сиромашен ученик кој морал на училиште да оди со импровизиран ранец, бидејќи немал пари за вистински. Со пребарување на интернет се утврди дека фотографијата е од Турција и се однесува на извесен Исмаил, пишува...

Тесна разлика меѓу Ердоган и Киличдароглу, Турција пред втор круг од претседателските избори

Втор круг на гласање на претседателските избори ја очекува Турција, откако ниту актуелниот претседател Реџеп Таип Ердоган, ниту опозиционерот Кемал Каличдароглу не го надминаа прагот од 50 отсто потребен за прогласување победа во првиот круг. Според резултатите познати во моментов, Ердоган води против ривалот, но не успеа да добие целосно мнозинство за да го продолжи 20-годишното владеење со оваа...

Турција решава за иднината – без или со Ердоган!

Во Турција денеска се одржуваат решавачки избори, можеби најбитните во нејзината модерна историја, на коишто над 64 милиони гласачи ќе имаат можност да ја одредат иднината на својата земја - дали со неа и понатаму, по 20 години на власт, ќе раководи Реџеп Тајип Ердоган, или ќе го испратат во историјата. Како што известува Би-Би-Си од Турција, има тројца претседателски...

Турција утре гласа на претседателски и парламентарни избори

Невидени предизвици кои би можеле да стават крај на дводецениското владеење на Реџеп Таип Ердоган го очекуваат турскиот претседател на претседателските и парламентарните избори што утре ќе се одржат во Турција. Гласачите ќе одлучуваат за судбината на турската демократија помалку од три месеци по земјотресот на 6 февруари кога загинаа повеќе од 50.000 лица, а се раселија над 5,9 милиони...

Турција пред избори: Од ветувања за бесплатен интернет за млади до политички спотови со ракија

„Ветување за вас! 5 гигабајти месечен интернет ќе биде бесплатен за младите“, е пораката на еден од многубројните билборди низ улиците на Истанбул на главниот опозициски кандидат Кемал Киличдароглу пред претседателските избори, кои во Турција ќе се одржат на 14 мај. Реџеп Таип Ердоган не останува без одговор. Во една од предизборните реклами на телевизиите, со слоганот „Продолжете со...

Турско влијание врз РСМ, долга историја и сложени односи

Северна Македонија има посебна соработка со Турција на различни полиња, но дали турската држава се обидува преку оваа соработка да ја зголеми својата доминација и влијание во РСМ? Додека Турција важи за стратешки партнер на Северна Македонија, во очите на аналитичарите билатералните односи меѓу двете земји остануваат доста сложени и проблематични, пишува Portalb.mk во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме...

Социјалните мрежи и медиуми – лост за ширење на авторитарни пропаганди

Руската пропаганда користи различни форми на социјални медиуми и канали за ширење на својата пропаганда. Води војна во Украина, но води и хибридна војна со многу повеќе земји. Северна Македонија и Балканот се мета на оваа пропаганда, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:   Социјалните мрежи се најсилното оружје на руската пропаганда. Лаги, манипулации, извртувања на вистината....

За помалку од две недели, Ердоган го чека тесна изборна трка за нов мандат

Во Турција на 14 мај ќе се одржат претседателски и парламентарни избори, а светските медиуми веќе пишуваат дека акцентот ќе биде ставен на изборот на новиот претседател, бидејќи Реџеп Таип Ердоган по подолго време се соочува со сериозен противкандидат - Кемал Киличдароглу. Турската опозиција се одлучи да застане позади Киличдароглу, додека предизборните анкети покажуваат неизвесна трка во изборот на...

Исчистени 25 кубни метри отпад од Капан Ан

Во текот на последните неколку дена, тимовите на ЈП Комунална хигиена-Скопје исчистија приближно 25 кубни метри отпад од Капан Ан во Старата скопска чаршија. Според изјавата на в.д.директорката на ЈП Комунална хигиена-Скопје, Косана Николиќ Мазнева, вработените излегле на терен по пријава од граѓаните, кои се пожалиле дека голема количина отпад го пречи движењето на луѓето околу Капан Ан и го...

Соби во студентски домови и храна им понудил министерот Шаќири на турските студенти

Бесплатно сместување во државните студентски домови, храна и бесплатна правна помош, им понудил министерот Јетон Шаќири на студентите од Турција во земјава, кои доаѓаат од погодените подрачја од земјотресите. Како што информираат во Министерството за образование и наука, ова се прави за да им се помогне полесно да го надминат тешкиот период во кој се наоѓаат поради огромните човечки...

Навивачите на „Бешикташ“ фрлаа полнети мечиња и кукли на теренот, за децата погодени од земјотресите

Во јасен израз на поддршка на децата погодени од серијата земјотреси во Турција, што почнаа на 6 февруари со двата катастрофални потреси, теренот на стадионот на турскиот фудбалски клуб „Бешикташ“ вчера беше речиси „поплавен“ од плишани мечиња и полнети кукли, јави Си-ен-ен. Истовремено, некои навивачи скандираа „оставка на власта“, во знак на протест поради официјалното справување на властите со последиците,...

Нов земјотрес во Турција со јачина од 6,3 степени по Рихтер

Земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала ја погоди јужна Турција во близина на сириската граница доцна попладнево, предизвикувајќи паника и дополнителна штета две недели по најсилниот земјотрес во модерната историја во земјата, со повеќе десетици илјади жртви, објави Ројтерс. Според сведочењата на новинарите потресите биле силни и долготрајни, оштетувајќи згради и оставајќи прашина во ноќниот воздух во...

Турција запира со спасувачките акции во подрачјата кои се разурнати од земјотресот

Турција објави дека денеска завршуваат спасувачките напори во подрачјата кои пред речиси две недели беа погодени од катастрофалниот земјотрес, во кој загинаа над 46.000 жители на Турција и Сирија, пренесе Ројтерс. Сè уште не се знае точно уште колку луѓе се водат како исчезнати во двете земји. „Потрагата и спасувачките напори ќе завршат вечерва“, изјави Јунус Сезер, шефот на турската Агенција...

Ист ИБАН број за донации за Турција и за Украина не значи дека се прави манипулација со парите

Постот што го рецензираме е манипулативен и му недостасува контекст. Тоа што на ист ИБАН број –  меѓународен број на банкарска сметка, се собираат донации за настраданите во Турција и помош на Украина, не значи дека се прави манипулација со парите. На иста меѓународна банкарска сметка сметка може да се донираат пари за настраданите во Турција и Сирија, со...

По 13 дена под урнатини, во Турција спасени три лица, меѓу кои и дете

По 13 дена поминати под урнатини, во Антакија се спасени три лица, меѓу кои и дете. Тие поминале 296 часа заробени во срушена зграда, по катастрофалните земјотреси што ги погодија Турција и Сирија на 6 Февруари, јави турската новинска агенција Анадолија. Во двата земјотреси, со јачина од 7,7 и 7,8 степени според Рихтеровата скала, досега загинаа повеќе од 45.000 луѓе,...

ДИК нема да може сама да се справи со евентуални кибер напади и дезинформации

Кибер напади, дезинформации, логистички пречки - овие ризици се закана за кредибилитетот на изборните процеси, истакна денеска првиот човек на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски. На денешната панел...