fbpx
Таг: тендер

таг: тендер

Визер, Луфтханза и Аегеан Ерлајнс со барања за државна поддршка за воведување нови авиолинии

Авиокомпаниите Визер, Луфтханза и Аегеан Ерлајнс доставија понуди на тендерот за доделување финансиска поддршка за воведување нови авиолинии од Меѓународниот аеродром „Скопје” и аеродромот „Св. Апостол Павле” во Охрид за периодот од 2023 до крајот на 2025 година. Јавниот повик траеше од 20 декември 2022 година до вчера, соопшти денеска Министерството за транспорт и врски. Понудите денеска биле отворени, а...

Бектеши: Снабдувањето со природен гас ќе продолжи, не може 30 години да има само еден снабдувач

На јавниот повик на ЕСМ за снабдување со природен гас досега има пристигнато две понуди, но ги повикуваме заинтересираните страни и сите што имаат можност да снабдуваат со природен гас во нашата држава да достават понуди до крајот на денот, порача економија Крешник Бектеши, на денешната прес-конференција на која се презентираше новиот буџет на министерството за економија. Постапката за избор...

Новиот клинички центар за три години исцица половина милион евра за дваесетина хонорарци

Вистиномер го проверуваше секое лице на чија сметка се слеале пари во последните три години од проектната единица за изградба на нов Клинички центар – сумите се движат од 5.500 до 90.000 денари месечно. Што точно работеле овие лица останува нејасно, бидејќи нема никаква најава за изградба на нов клинички центар во Скопје, а не беше направена ниту реконструкција...

ЕСМ ќе купува гас за шест месеци за да работи скопското парно, дизелот засега е алтернатива

Електростопанство на Северна Македонија (ЕСМ) утре очекува да пристигнат повеќе понуди од заинтересирани компании за набавка на природен гас за производство на топлинска енергија во Скопје. Ќе се набавува гас за работењето на топланите „Исток“, „Запад“ и „Север“, но се чекаат понуди за гас и за функционирањето на комбинираната електрана ТЕ-ТО. За ова денеска информираше директорот на АД ЕСМ...

Перински ја демантира Арсовска: ЕИБ потврдува дека секој чекор на Водовод и канализација е според правилата и процедурите

Разрешениот директор на Јавното претпријатие „Водовод и канализација“, Златко Перински повикувајќи се на соопштение од Европската инвестициска банка (ЕИБ) ја  демантира градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, велејќи дека секој чекор на претпријатието со кое раководеше е во согласност со правилата и процедурите. Тој на својот Фејсбук профил истакна мислење од ЕИБ дека за проектот за изградбата на Пречистителната станица за...

Компанијата ППС од Грција единствен кандидат за изградба на ХЕЦ Чебрен

Две понуди од компании, едната од Грција и една од Франција, пристигнале на тендерот за доделување концесија за користење на водата на Црна Река, за изградба на хидроцентралата „Чебрен“. Како што информираше денеска министерот за животна средина, Насер Нуредини, за една од понудите на компнијата ЕДФ Франција, Комисијата утврдила дека е со непотполна документација и нема да продолжи понатаму во...

Австриски „Штрабаг“ и турски „Ѓулермак“ ќе ја градат пругата Куманово-Крива Паланка

Австриската компанија „Штрабаг“ (Strabag AG) е избрана за да ја гради пругата од Куманово до Бељаковце, додека турски „Ѓулермак“ (Gülermak) ќе ја изведува втората фаза од Бељаковце до Крива Паланка од железничкиот Коридор 8 кон Бугарија. Во владиното седиште денеска се потпишаа договорите за изведба на двете фази од пругата кон Бугарија, капитален инфраструктурен проект во којшто се инвестираат...

Од февруари се бира фирма што ќе печати свидетелства, учениците ќе ги добијат до август

Исто како и минатата година, учениците во основното и во средното образование нема да ги добијат свидетелствата за постигнатиот успех на крајот на јуни. Во тек е тендерска постапка за избор на фирма која ќе ги печати. Зекирија Хасипи, директорот на Бирото за развој на образованието, за Мета оценува дека ова воопшто не претставува проблем и уверува дека учениците...

Две години се одолговлекува изградбата на пречистителната станица за отпадни води во Скопје, Вардар останува загаден

„Пречистителната станица за отпадни води за Скопје ќе почне да се гради в година“ е насловот на текстот на Мета.мк објавен на 27 ноември 2019 година во однос на изведбата на капиталниот проект што треба да го реши проблемот со загадувањето на водите на реката Вардар во главниот град. Од крајот на 2019 година до денес, најдовме барем неколку...

Мицкоски со изненадувачки престврт за јавниот превоз во Скопје: Проектот за БРТ не е напуштен

Откако градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, како и опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, која ја поддржа кандидатурата на Арсовска, во повеќе наврати излегоа со тврдења дека со воведувањето на БРТ, односно „брзи автобуси“ ќе се уништело средишното зеленило на булеварите, ќе се доведе во опасност главната водоводна цевка под булевар Партизански одреди и серија на други критики за проектот, вчера претседателот...

Порталб.мк: Тетово, студентскиот дом кој се ветува од 2016 година, повторно се ветува за следната академска година

Се ветува од 2016 година, сепак студентскиот дом во Тетово се уште не е завршен, надлежните досега само ги продолжуваа роковите и ветувањата за негово завршување, последен беше поранешниот заменик министер за образование Арафат Шабани кој рече дека работите ќе завршат пред нова година, а новиот министер за образование Јетон Шаќири не прецизираше нов рок, но рече дека за...

АД ЕСМ не достави понуда за снабдување со струја на домаќинствата, ќе се јави на следниот повик

Државното акционерско друштво Електростопанство на Северна Македонија (ЕСМ) и на четвртиот повик не достави понуда за електрична енергија кон ЕВН Хоум, со која треба да се снабдуваат домаќинствата и малите потрошувачи за сите 12 месеци од 2022 година. Ќе се распише нов повик, на којшто од АД ЕСМ информираат дека ќе учествуваат. „Одлуката од Владата на Р. Северна Македоанија во...

Девет компании нудат јаглен за РЕК „Битола“, понудите ги обезбедуваат неопходните количини

Електростопанство на Северна Македонија (ЕСМ) информира дека девет компании се јавиле на повторениот повик за набавка на јаглен за третиот блок на РЕК „Битола“, како би се обезбедило дополнително производство на електрична енергија наменето за стопанството и државните институции. Понудите ги исполнуваат бараните количини од 900.000 тони јаглен за РЕК „Битола“. Овие понуди се доставени од домашни фирми кои нудат јаглен...

ЕСМ обезбеди јаглен за РЕК Осломеј, за РЕК Битола ќе треба нов тендер

На повикот на Електрани на Северна Македонија за набавка на доволно количини на јаглен пристигнати се понуди за јаглен од три македонски рудници, потоа од рудници од Албанија, Косово, Русија, Турција и Босна и Херцеговина, соопшти денес генералниот директот Васко Ковачевски. „На јавниот повик за набавка на јаглен за РЕК Битола и РЕК Осломеј се јавија 9 економски оператори. Овие...

Порталб: Тендерот е објавен, но Ганиу не го исполни ветувањето дека ќе изгради базен во Чаир

Агенцијата за млади и спорт го објави тендерот за изградба на четири базени, меѓу кои е предвидена изградба на базен и во Општина Чаир. Од оваа агенција за Порталб.мк потврдија дека тендерот е објавен во саботата и дека законските процедури мора да се почитуваат до усвојување на одлуката за избор на компанијата која ќе ги изведува работите, а кои...

ЕСМ понуди пониска цена на тендерот на ЕВН Хоум што може да влијае на крајната цена на струјата

АД Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) на тендерот за набавка на струја што го објави универзалниот снабдувач, ЕВН Хоум, понудиле најниска цена од 36,1 евро за мегават-час (мгвч.). Оваа набавка на електрична енергија е за наредните шест месеци. Сега понудената цена на ЕСМ е пониска од ланската за 2,7 отсто, која изнесуваше 38,8 евра за мегават-час. Останува да се...

Склучен договорот за реконструкција на Универзална сала, наскоро стартуваат работите

Градот Скопје денеска го потпиша договорот за реконструкција на фасадата и кровниот покривач на Универзална сала. Градежните работи ќе чинат нешто над 115 милиони денари (речиси 1,9 милиони евра), а за изведувач на работите е избрана скопската фирма „Универзал-Балкан“, се наведува во договорот објавен на Електронскиот систем за јавни набавки.  Како што вети пролетва скопскиот градоначалник Петре Шилегов, автентичниот изглед...

Железницата како најголем загубар „плива“ во долгови, но раководството си набави луксузен автомобил

Железници на РСМ-Транспорт кон крајот на април годинава набавила луксузен автомобил „Форд Мондео Титаниум“, за којшто издвоиле над 1,8 милиони денари (околу 30.000 евра). Моторното возило е набавено од компанија, која што е единствената што се пријавила на распишаниот оглас, се наведува во објавениот договор на Електронскиот систем за јавни набавки.  Набавката на луксузен автомобил за потребите на раководството на...

Чистењето на депониите во Источен и Североисточен регион со нов рок – работите ќе почнат кон средината на мај

Чистењето на ѓубриштата и нестандардните депонии во општините од Источниот и Североисточниот плански регион треба да започне кон средината на мај, информираат за „Мета.мк“ од Министерството за животна средина и просторно планирање. Работите за затворање на овие горливи точки што ја загадуваат животната средина е повторно одложена, а последното објаснување беше дека во првата тендерска постапка не била избрана...

Улиците со дупки во Тетово, за кои информираше Порталб, ќе бидат санирани за 191.000 евра

Неколку дена по веста на Порталб.мк, во врска со дупките по улиците во Тетово, Општина Тетово објави на Електронскиот систем за јавни набавки договор од 191.000 евра со компанијата „Еуро инвест“ токму за пополнување на дупките. Иако градоначалничката Теута Арифи ова го ветува од 2013 година, ова се очекува да се реализира во следните денови, пишува Порталб.мк. Општина Тетово склучила...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...