fbpx
Таг: Ричард Ховит

таг: Ричард Ховит

Ховит се збогува со Европарламентот, пратениците го испратија со овации

Европарламентарецот Ричард Ховит, кој беше еден од известувачите за Македонија и еден од посредниците на Договорот од Пржино, денеска се збогуваше со Европскиот парламент. - Денеска е мојот последен ден во Европскиот парламент – една минута по 22 години. Им благодарам на сите групи во Европскиот парламент, членовите и на персоналот за сето ваше пријателство и за вашата соработка –...

Средба Заев – Ховит: Во декември мора да има фер избори

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, придружуван од заменик-претседателката Радмила Шекеринска, денеска се сретна со пратеникот во Европскиот парламент, Ричард Ховит. На средбата била истакната неопходноста од регуларни избори во Македонија, како и потребата од демократска влада. - Во декември мора да има фер избори и на таквите избори убедени сме дека СДСМ и опозицијата ќе ја добијат одговорноста да ја водат...

Ховит: Меѓународната заедница нема да поддржи одложување на изборите

Извештајот на Европската Унија за напредокот на Македонија во евроинтеграциите ќе биде објавен кон крајот на месецот, изјави денеска во Скопје европратеникот Ричард Ховит, кој воедно се збогува со Македонија и со функцијата известувач за земјава. - Ја научивме лекцијата од минатата година, кога објавувањето на извештаите беше одложено поради Турција. Годинава ќе биде објавен навреме, кон крајот на месецот....

Хан и европратениците Ховит, Вајгл и Кукан во Стразбур разговарале за Македонија

Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, денеска во Стразбур се сретнал со тројцата европратеници Ричард Ховит, Иво Вајгл и Едвард Кукан, со кои разговарал за политичката состојба во Македонија. По средбата, на својот твитер-профил Хан потсети на потребата од веродостојни избори. „Стразбур: Добар разговор со Ричард Ховит, Иво Вајл и со Едвард Кукан за развојот на настаните во Скопје. Веродостојни избори се клучот за...

Европратениците ги повикаа партиите да работат одговорно и во интерес на државата

Европратениците Ричард Ховит, Едвард Кукан и Иво Вајгл, посредници на Договорот од Пржино, денеска го поздравија постигнатиот договор меѓу четирите главни политички партии за продолжување на имплементацијата на Договорот и на обврските преземени на 20 јули годинава, кои вклучуваат и подобрување на медиумската ситуација во земјата, како и согласноста предвремените парламентарни избори да се одржат на 11 декември годинава. -...

Вајгл, Кукан и Ховит повикаа на одговорност на лидерите во интерес на граѓаните

Тројцата европарламентарци Ричард Ховит, Иво Вајгл и Едвард Кукан кои посредуваа во постигнувањето на Договорот од Пржино денеска во заедничка изјава ја изразија својата загриженост поради неуспехот на четирите партии во земјава да постигнат заедничко решение за надминување на политичката криза, што, како што велат, води кон целосно распаѓање на Договорот. „Длабоко сме загрижени поради тоа што неодамнешниот дијалог меѓу...

Во Брисел, средба меѓу Шекеринска и Ховит

Заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, денеска во Брисел се сретна со британскиот европратеник Ричард Ховит, кој посредуваше при потпишувањето на Договорот од Пржино. Тој ова го објави на „Твитер“, каде напиша дека е на итна средба со Шекеринска. https://twitter.com/richardhowitt/status/725213151554355201

Ховит за „Мета“: Македонија се наоѓа во опасна и нестабилна состојба

Европратеникот и еден од посредниците за Договорот од Пржино, Ричард Ховит, во интервју за „Мета“ вели дека одговорноста за иднината на Македонија е кај македонските политичари, како и дека земјата е во опасна и нестабилна состојба. Тој порачува дека политичарите во Скопје треба добро да размислат во која насока ќе одлучат да продолжат да се движат по вчерашните предупредувања од...

ЕУ испратила покани до партиите за нова лидерска средба во Виена

Делегацијата на Европската Унија во Скопје испратила покани до политичките партии за лидерска средба планирана за петок во Виена, потврдија за „Мета“ од делегацијата. Европратениците Ричард Ховид, Евдард Кукан и Иво Вајгл ги повикале четворицата лидери, потписници на Договорот од Пржино, в петок да се сретнат во Виена. На средбата, според најавите, поканет е и еврокомесарот за проширување Јоханес Хан,...

Брисел потврдува: Лидерска средба ќе има, но не се знае кога и каде

Европската комисија засега не потврдува дали политичките лидери в петок во Виена ќе имаат средба со тројцата европратеници Иво Вајгл, Едвард Кукан и Ричард Ховит и со еврокомесарот за проширување, Јонаес Хан. - Не можеме да го потврдиме состанокот, но секако комесарот Хан е во постојан контакт со политичките лидери во земјата, европратениците и со Делегацијата на ЕУ и со...

Вајгл, Ховит и Кукан: Одлуката на Иванов ја загрозува стабилноста на Македонија

Европратениците Иво Вајгл, Ричард Ховит и Едвард Кукан, кои посредуваа во разговорите меѓу политичките партии од кои произлезе Договорот од Пржино, денеска изразија длабока загриженост поради развојот на настаните во Скопје. Тие ги повикаа главните политички партии да работат заедно во интерес на граѓаните на државата и да се вратат на својата посветеност на тоа што е договорено со Договорот...

Итна средба на Хан со Вајгл, Ховит и со Кукан за Македонија

Еврокомесарот за добрососедска политика и за проширување, Јоханес Хан, утрово има итна средба со посредниците од Договорот од Пржино, европратениците Ричард Ховит, Иво Вајгл и Едвард Кукан, по вчерашната одлука на претседателот Ѓорге Иванов да ги прекине судските процеси против политичките лидери. Информацијата за средбата ја соопшти Ховит, кој на „Твитер“, покрај фотографијата од средбата, напиша дека наскоро ќе следува...

Ховит за „Мета“: Итен состанок во Брисел по одлуката на Иванов за амнестија и аболиција

Кршењето на Договорот од Пржино ќе има сериозни последици, изјави денеска за „Мета“, европратеникот Ричард Ховит, кој посредуваше во носењето на Договорот од Пржино. - Политичарите во Брисел итно ги проучуваат и се консултираат за последните случувања во Скопје и можам да предупредам на многу сериозни последици доколку некоја од партиите или поединец е одговорен за кршење на Договорот од...

Ховит за „Мета“: Квалитетот на изборите е поврзан и со датумот на нивното одржување

Датумот на одржувањето изборите и демократскиот квалитет на изборниот процес не можат да се разгледуваат одделно, изјави денеска за „Мета“, европратеникот Ричард Ховит, еден од посредниците во склучувањето на Договорот од Пржино. Изјавата на Ховит доаѓа по одлуката на Собранието да се распушти и на опозицијата да не учествува на изборите затоа што не се создадени услови за веродостојни избори. Ховит повтори дека за време...

Вајгл, Ховит и Кукан го поздравија новиот датум за избори

Европратениците Иво Вајгл, Ричард Ховит и Едвард Кукан, кои беа медијатори за постигнување на Договорот од Пржино, по разговорите со партиите во Скопје, го поздравија гласањето на Собранието да постави нов датум за одржување на парламентарните избори на 5 јуни 2016, но инсистираат договорот на сите партии да остане од суштинско значење и да се исполнат сите елементи со кои...

Ховит, Кукан и Вајгл жалат што политичките партии не нашле консензус

Европскиот парламент инсистира сите политички партии да останат посветени на исполнување на сите аспекти од Договорот од Пржино, изјави за „Мета“ европратеникот Ричард Ховит, еден од тројцата медијаторите кои денеска се сретнаа со политичките партии пред истекот на синоќешниот краен рок. - Жалиме за пропуштената можност да се најде консензус меѓу сите партии. Се надеваме дека проблемот за кој денеска...

Ахмети: Сите партии треба да учествуваат во носењето на вечерашната одлука во Собранието

Сите потписници на Договорот од Пржино треба да учествуваат во усвојувањето на вечерашната одлука во Собранието, порача лидерот на ДУИ, Али Ахмети, по средбата со европратениците, Иво Вајгл, Ричард Ховит и Едвард Кукан. Според Ахмети, би било грешка да се донесе одлука без учество на сите страни. - Секако, и во овој случај, фанатично го браневме Договорот во интерес на неговото...

Тачи: Македонија да остане на патот кон Европа и НАТО

ДПА ќе продолжи да дава придонес во овие критични моменти Македонија да не го напушти патот кон Европа и НАТО, изјавил лидерот на ДПА, Мендух Тачи, по средбата со тројцата европратеници, Иво Вајгл, Ричард Ховит и Едвард Кукан. - Жал ми е што и пред европратениците и пред јавноста денеска уште еднаш се потврди мојата скептичност од пред осум месеци...

Ховит, Вајгл и Кукан ќе го спасуваат Договорот од Пржино

Тројцата европратеници Ричард Ховит, Иво Вајгл и Едвард Кукан денеска ќе се обидат да ги приближат ставовите меѓу владејачката партија и опозицијата за датумот на изборите. Тие вчера допатуваа во Скопје, а денеска ќе имаат средби со политичките партии потиписнички на Договорот од Пржино. Засега нема информации дали европратениците ќе имаат и заедничка средба со лидерите на политичките партии. Европратениците, заедно со...

Ховит, Вајгл и Кукан вечерва доаѓаат во Скопје

Европратениците Ричард Ховит, Иво Вајгл и Едвард Кукан вечерва ќе допатуваат во Скопје, дознава „Мета“ од извори од Брисел. Бриселската тројка, која заедно со еврокомесарот Јоханес Хан посредуваше во носењето на Договорот од Пржино, во текот на утрешниот ден ќе се обиде да ги приближи ставовите меѓу владејачката партија и опозицијата за датумот на изборите. Засега нема информации дали европратениците...

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...