fbpx
Таг: регион

таг: регион

Скопје домаќин на неформалниот состанок на лидерите на НАТО сојузниците од регионот

Северна Македонија е ценет партнер во НАТО и фактор на стабилност во регионот, рече премиерот Димитар Ковачевски пред официјалниот почеток на неформалниот состанок на лидери на НАТО сојузници од регионот што денеска се одржува во Скопје. Тој непосредно пред почетокот на состанокот даде изјава за медиумите заедно со Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. „Драго ми е што Северна Македонија...

Ковaчевски се сретна со новиот дирeктор на ЕК за соседство и преговори за проширување

Европската Унија очекува брз развој на регионот и силно ја поддржува Република Северна Македонија во следниот чекор на евроинтеграциите. Таква порака, како што соопшти македонската влада, упатиле Герт Јан Купман, новиот генерален директор за соседство и преговори за проширување од Европската комисија (ЕК) и со Микела Матуела, вршителка на должност директорка за Западен Балкан во Генералниот директорат за соседство и...

Србија и Унгарија ќе му предложат на регионот да се приклучи кон изградбата на брза пруга

Србија и Унгарија ќе ги поканат Северна Македонија, Албанија, Грција, Бугарија и Турција да се приклучат кон изградбата на брзата железница во регионот, која за почеток ќе ги поврзува Будимпешта и Белград, а подоцна и Ниш и Прешево. Ова денеска од Будимпешта го соопшти српскиот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура Горан Весиќ по средбата со унгарскиот колега Лазар...

Земјотреси во Албанија, Грција, Хрватска и Турција

Земјотрес со јачина од 4,2 степени по Рихтерова скала рано утрово ја погоди Албанија, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ). Потресот кој се случил две минути пред 3:00 часот наутро со епицентар на 48 километри западно од Призрен е почувствуван и во Македонија, Црна Гора, Србија и на југот на Косово. Според информациите на ЕМСЦ, земјотрес утрово ја погоди и Грција,...

Регионален конкурс за кратки раскази на тема за намалување на меѓусебната омраза и непријателство

Регионалниот конкурс за краток расказ наречен „Бибер“ оваа година се оддржува по петти пат и истиот ќе биде отворен за конкурирање до 01.06.2022 година. Станува збор за конкурс кој опфаќа учесници од регионот, односно автори и авторки кои пишуваат на македонски, црногорски, босански, хрватски, српски или албански јазик, а право на пријавување имаат афирмирани автори како и оние кои досега...

Ќучук и Груби во посета на училиштето „Исмаил Ќемали“

Артан Груби, првиот заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, заедно со Илхан Ќучук, известувач на Европарламентот, денеска беа во посета на училиштето „Исмаил Ќемали“ во Чаир, каде што учеа петмина од учениците кои загинаа во несреќата која се случи во Бугарија. Груби кажа дека Ќучук изразил голема желба да дојде и...

Земјите во регионот – мета на влијание од авторитарни режими

Владите на земјите во регионот се склони кон корупција и се колебаат да спроведат реформи па затоа постојат политички, социјални и економски ранливости кои може лесно да се искористат од странски актери со авторитарни тенденции. Ова го покажува анализата на „Политикал капитал“, истражувачки институт од Будимпешта, на тема странско влијание на Западен Балкан од авторитарни држави, како што се...

ЕБОР прогнозира економски раст за Северна Македонија од 4 проценти

Европска банка за обнова и развој ја зголеми прогнозата за економски раст на С. Македонија за оваа година на четири проценти, што е за еден отсто повеќе од проценката во септември 2020. Во Извештајот се вели дека закрепнување на економијата кое се очекува во 2021 година, е како резултат на закрепнувањето на извозот и приватната потрошувачка, како и одржливата потрошувачка...

Колумна: За регионално поврзани и европски млади 

Ако на некој од младите кои учествувале во првите проекти на новоотворената Франко-германската младинска канцеларија во 1963та год. би му кажале дека учествува во изградба на долгорочен мир, интеркултурна соработка и заедничка иднина, тие веројатно би го сметале тоа за лудост, завера или залудно трошење на пари во невозможна мисија. Од прва рака тоа може и да изгледа така, всушност како би можела една младинска канцеларија, особено на две...

Земјите од Западен Балкан, Грција и Бугарија ќе изработат документ за взаемен протокол за границите

Министерот за здравство Венко Филипче присуствувал на видео-конференција на тема „Ковид-19 во земјите од Западен Балкан, Грција и Бугарија“. На конференцијата учествувале министрите за здравство на Албанија Огерта Манастарлиу, на Грција Василеиос Кикилиас, на Република Српска Ален Шераниќ и на Косово Арменд Земај, како и заменик-министерот за здравство на Босна и Херцеговина Горан Черкез, Данијела Урошевиќ асистент на министер за...

Анализа: Земјите на Балканот немаат конзистентна стратегија за тестирањето за ковид-19

Ниту една земја во светот не ја знае точната вкупна бројка на лица кои се заразени со сарс-ков-2, вирусот што ја предизвикува болеста ковид-19. Сè што е познато е она што може да се дознае од официјалната евиденција која здравствените власти ја водат врз основа на добиените резултати од направени тестови. Сите инфекции кои се лабораториски потврдени, се сметаат...

Најголемите дезинформации во регионот во 2019 година

Во изминатава година, Мета.мк ја следеше ситуацијата во регионот во поглед на пласирањето дезинформации, половични информации и лажни вести. Од низата случаи што ги презентиравме, избравме шест што заслужија да се најдат во изборот на најтипичните дезинформации. 1. Сликата со кучето за земјотресот е стара не е од Албанија Една стара фотографија од куче што лежи на урнатини беше искористена како основа...

Општините од Североистокот и Истокот ќе формираат заедничко претпријатие за управување со отпад

Осуманесет општини од Североисточниот и Источниот плански регион деновиве се договорија заедничкото меѓуопштинско претпријатие за управување со отпад, како прво од овој вид во државата, да се формира во Свети Николе. Основачкиот влог е три милиони денари, при што секоја од општините учествува пропорционално на бројот на жители. Со тоа почнуваат да се придвижуваат активностите со регионалната депонија за овие...

Мајлинда Брегу: Слушајте ги жените

Слушајте ги жените, порача денеска генералната секретарка на Регионалниот совет за соработка, Мајлинда Брегу, изнесувајќи податоци според кои, кај жените е клучот на економскиот просперитет на Западен Балкан. „Секоја година економиите од Западен Балкан во просек изгубиле 18 проценти од домашниот бруто-производ БДП поради родовиот јаз на пазарот на трудот - што е повеќе од вкупниот БДП на Србија. Жените се...

Шекеринска – Столтенберг: Регионот ќе го направиме подобар и постабилен

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска, пред официјалниот министерски состанок на НАТО на ниво на министри за одбрана, се сретна со генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг денеска во Брисел. Шекеринска пред средбата изрази благодарност до генералниот секретар Столтенберг за искрената поддршка и личното залагање во процесот на пристапување на нашата земја во НАТО. „Чест ми е и привилегија за мене и за...

Заев: Лани со Ципрас во Давос ја отворивме иднината, денес привлекуваме инвестиции

Пред точно една година, овде во Давос, со премиерот на Република Грција, Алексис Ципрас, за првпат направивме средба и ја отворивме иднината за нашата земја, изјави премиерот Зоран Заев после завршување на првиот работен ден во Давос. „Овде, оваа година ги отвораме економските врати за перспективната иднина на нашата земја. Јас верувам дека оваа можност која ни се дава како покана...

Османи – Брегу: Македонија, практично, ги затвори сите отворени прашања со соседите

Со имплементација на договорот од Преспа, но и претходно, преку историскиот Договор за добрососедство со Бугарија, Македонија во моментов ги има затворено практично сите поважни отворени прашања со соседите и претставува предводник на регионалната соработка на Балканот. Со таква порака се обрати македонскиот вицепремиер Бујар Османи на средбата со Генералната секретарка на Регионалниот совет на соработка (РСС), Мајлинда Брегу. Вицепремиерот Османи...

Бизнисмени од Западен Балкан во посета на Јапонија за развивање на деловнa соработка

Претседателот на Клубот на извозници при Стопанската комора на Македонија, Глигор Цветанов, како дел од делегацијата на Коморскиот инвестициски форум, учествува на повеќедневна посета на Јапонија, во насока на развивање на деловните односи помеѓу Јапонија и земјите од Западен Балкан, информираат од Стопанска комора. „Во рамките на посетата, Глигор Цветанов учествуваше на првиот бизнис-семинар за земјите од Западен Балкан, кој денеска...

Бектеши од косовскиот колега ќе бара укинување на царината за сите производи

Mинистерот за економија Крешник Бектеши најави состанок со неговиот косовски колега Бајрам Хасани, в петок на 27 јули. Производи кои останаа неопфатени со одлуката на косовската Влада за повлекување на мерките се доматите, пиперките, јаболката, крушите, сливите, малините и грозјето. „Во име на досегашната успешна трговска и, воопшто, економска соработка со Република Косово се надевам дека ќе најдеме заеднички јазик...

Заев: Регионот има лидери кои внесоа нова енергија, а со тоа и економски придобивки

Премиерот Зоран Заев синоќа учествуваше на традиционалната манифестација „Mostar Peace Connection“ и заедно со неговите колеги, претседавачот со Советот на министри на БИХ, Денис Звиздиќ, грчкиот премиер Алексис Ципрас, црногорскиот премиер Душко Марковиќ положи цвеќе во реката Неретва, во знак на мир и со пиетет кон жртвите од сите војни. „Промовираме како еден лидер може, треба и мора да се издигне...

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...