fbpx

Општините од Североистокот и Истокот ќе формираат заедничко претпријатие за управување со отпад

-

Осуманесет општини од Североисточниот и Источниот плански регион деновиве се договорија заедничкото меѓуопштинско претпријатие за управување со отпад, како прво од овој вид во државата, да се формира во Свети Николе. Основачкиот влог е три милиони денари, при што секоја од општините учествува пропорционално на бројот на жители.

Со тоа почнуваат да се придвижуваат активностите со регионалната депонија за овие осуманесет општини, која со средства од ИПА-фондовите на Европската унија, треба да се гради на потегот меѓу светиниколските села Мечкуевци и Арбашинци.  

Следните активности од проектот за воспоставување интегриран регионален систем за управување со отпад, е затворање на актуелните градски депонии. Тоа ќе биде задача на компанија, која ќе биде избрана на меѓународен тендер. Целиот отпад се планира да се носи во регионалната депонија, при што стартува уште еден европски проект, за набавка на опрема – контејнери за граѓаните и возила за комуналните претпријатија, чие финансирање исто така е од европските фондови. Општините ќе добијат комунални возила и влекачи, кои ќе бидат предадени на јавните комунални претпријатија.

Проектот за изградба на регионална депонија се одвива веќе неколку години и ќе биде првиот од ваков тип за овој дел од државата. Се очекува да чини над 35 милиони евра.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Појавата на болести сѐ поголема закана за жителите на Газа

Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци, UNRWA денеска соопшти дека заканата од појава на болести во Газа станува сѐ поголема, бидејќи температурите почнуваат да растат. „Нашиот страв е...