fbpx

Земјите од Западен Балкан, Грција и Бугарија ќе изработат документ за взаемен протокол за границите

-

Министерот за здравство Венко Филипче присуствувал на видео-конференција на тема „Ковид-19 во земјите од Западен Балкан, Грција и Бугарија“.

На конференцијата учествувале министрите за здравство на Албанија Огерта Манастарлиу, на Грција Василеиос Кикилиас, на Република Српска Ален Шераниќ и на Косово Арменд Земај, како и заменик-министерот за здравство на Босна и Херцеговина Горан Черкез, Данијела Урошевиќ асистент на министер за интернационална соработка и европски интеграции и Верица Јовановиќ директор на Институтот за јавно здравје од Србија и Ангел Кунчев од Бугарија – директор на Здравствениот инспекторат.

На видео-конференцијата која ја иницирал Филипче, учесниците информирале за состојбата со корона вирусот во своите земји, предизвиците со почетокот на учебната година, подготовките на системот за есен и процесот за набавка на вакцината.

„Во однос на границите и слободното движење на патници во земјите од регионот, Филипче посочи дека треба да се заземе координиран пристап помеѓу земјите како границите да бидат отворени и да им се олесни преминот на патниците, а притоа да се обезбеди контрола над ситуацијата со корона вирусот, на што се сложија и останатите учесници на конференцијата. Врз основа на ова, на видео состанокот е договорено да се изработи иницијален документ на взаемен протокол за границите. На документот ќе работи работна група составена од членови од сите земји на Западен Балкан, Грција и Бугарија, а следната видео конференција на која ќе се дискутира за протоколот ќе се одржи, најдоцна, за две недели од денес,“ се вели во соопштението на Министерство за здравство.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...