!На 1 февруари 2017 година, заврши промотивниот период на слободно користење на содржините на „Мета“. Во периодот што претстои го воведуваме новиот систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително

Македонците од Албанија го осудија Бушати за изразот „славомакедонци“


Тирана, 10 јануари, 2017 - 18:28 (META) 

Вчерашната изјава на министерот за надворешни работи на Република Албанија, Дитмир Бушати, за албанската телевизија „Топ ченел“, во која за македонскиот народ тој го употреби изразот „славомакедонци“, наиде на општа осуда меѓу етничките Македонци во Албанија.

Македонското друштво „Илинден“ од Tирана и разгранокот на друштвото за областа Голо Брдо денеска соопштија дека го осудуваат и оти се непријатно изненадени од делот од интервјуто на шефот на албанската дипломатија.

„Македонското друштво „Илинден“ смета дека изјавата на министерот за надворешни работи на Албанија, Бушати, е несоодветна, неодговорна и навредувачка. Бараме од министерот Бушати во иднина да не прави дефиниции без право и без основа. Ние мора да работиме со храброст да се изградат искрени и пријателски односи меѓу Албанија и Македонија“, се вели во писмената реакција.


Катастрофална состојбата со снегот и со мразот во областите Голо Брдо и Гора


Тирана, 8 јануари, 2017 - 18:46 (META) 

Македонско друштво „Илинден“ од Тирана се огласи со соопштение и со алармантно предупредување дека е катастрофална состојбата со снегот и со мразот во областите Голо Брдо и Гора.

Македонско друштво „Илинден“ ги повика албанската влада и општините да преземат итни и неодложни мерки за да се подобри ситуацијата.

„Ги повикуваат Владата, Општина Либражд, Општина Булќиза и Општина Кукс итно да ги преземат сите неопходни мерки за да се подобри исклучително тешката ситуацијата во областа Голо Брдо и во областа Гора, создадена со врнежите од снег во изминатите денови и исклучително ладното време“, се вели во апелот.

Како резултат на големи врнежи од снег и на ниска температура, сите патишта што го поврзуваат областа Голо Брдо и областа Гора се целосно блокирани, а со денови нема и електричната енергија. Сите села се изолирани и нема доволно резерви на лекови во здравствените амбуланти, предупредуваат и бараат помош од друштвото „Илинден“ од Тирана.

Во Албанија и официјално едно лице се води како починато поради ниската температура.


За албанскиот народен правобранител етничките Македонци се горанско малцинство


Охрид, 11 декември, 2016 - 11:02 (META) 

За Народниот правобранител на Албанија, етничките Македонци од областа Гора се горанско малцинство. Официјално на овој став, реагираше македонскo друштво „Илинден“ од Tирана.

– Народниот правобранител спомена дека во областа Гора „де факто“ постои горанско малцинство. Македонскo друштво „Илинден“ од Tирана посочува дека во областа Гора не постои никакво горанско малцинство. Во областа Гора има само македонско малцинство и таму живеат само етнички Македонци. Никакво малцинство не може да се извлекува од географско име, односно од топонимот на областа. Бараме Народниот правобранител во иднина да не ги нарекува Македонците во областа Гора горанско малцинство, што е без основа и без никакви аргументи – вели за „Мета“ претседателот на македонско друштво „Илинден“ од Тирана, Никола Ѓурѓај.

Во Албанија, во подготовка е законот за заштита на националните малцинства. Во јавната расправа што ја иницираше албанското министерство за надворешни работи, активно партриципираат и етничките Македонци.

Тие веруваат дека со неговото усвојување, ќе добијат можност македонскиот јазик да го изучуваат насекаде каде што има Македонци.

Се повикуваат сите заинтересирани страни да ги достават своите забелешки и сугестии до 28 декември годинава.


Три лица загинаа кај селото Требиште во Голо Брдо


Дебар, 4 август, 2016 - 18:21 (META) 

Во сообраќајна несреќа што се случи попладнево кај селото Требиште во Голо Брдо, три лица загинаа, а едно е тешко повредено.

Од добиените повреди, на самото место починале Азем Карабрахами (21) од селото Мало Острени, неговата сестра Елена Бајрами (32) од село Тучепи и Муса Нуредини (35) од село Мало Острени, кој управувал со возилото.

Тешки повреди добил Гентиан Сула (27), кој прво бил пренесен во Општата болница во Дебар, а по укажаната прва медицинска помош, бил префрлен на лекување во регионалната болница во пограничниот албански град Пешкопеја, 20 километри оддалечен од Дебар.

Несреќата се случила околу 15 часот, на влезот во селото Требиште, кога возачот изгубил контрола, по што возилото излетало од патот и паднало во бездна.

По отворањето на граничниот премин Требиште – Џепиште, жителите од Голо Брдо речиси секојдневно доаѓаат во Дебар да пазарат. Предност е и малата оддалеченост од дванаесетина километри или, временски, помалку од половина час возење.


Со резолуција ќе се бара албанската влада да ги унапреди правата на македонското малцинство


Охрид, 28 мај, 2016 - 10:18 (META) 

Делегатите од 20 земји кои претставуваат повеќе од 30 малцинства во Европа, на 61. конгрес на Федералната унија на европските националности (ФУЕН) во Вроцлав, едногласно, усвоија резолуција која ја испратија до владата на Албанија и до други институции, посветена на правата на македонското национално малцинство во оваа земја.

Поднесувачот, македонско друштво „Илинден“ од Тирана, соопшти дека документот за првпат е усвоен на еден меѓународен форум и од Албанија се бара да ја потпише и ратификува Повелбата на Советот на Европа за регионални и малцински јазици, работа што албанската држава на нејасен начин и неодговорно ја одложува со години.

Потоа, се бара прзнавање на македонското национално малциство на цела територија на Албанија, односно овозможување на припадниците на македонското национално малцинство во Голо Брдо и Гора да ги уживаат сите права што им припаѓаат на другите малцинствата, следствено како во Мала Преспа.

Во резолуцијата се бара учење на мајчин македонски јазик во државните училишта во овие области, како и на цела територија на Албанија каде што има значаен број на жители од македонско национално малцинство.

 


Македонците од Голо Брдо бараат регионализација на преминот Џепчиште – Требениште


Охрид, 9 мај, 2016 - 13:02 (META) 

Македонците во областа Голо Брдо во Република Албанија барат граничниот премин Џепиште – Требиште да добие статус на регионален премин од втора категорија, а не, како досега, од трета категорија.

„Бараме од министерствата за внатрешни работи на Албанија и на Македонија и од царините на двете земји, граничниот премин Џепиште – Требиште во Голо Брдо, кој беше отворен во мај 2013 година, од локален да стане регионален премин. Со ова ќе му се помогне на населението од областа Голо Брдо, бидејќи ќе се зголеми економската соработка меѓу жителите од двете страни на границата, со што економски ќе зајакне и ќе се развива оваа област. Воедно, ќе им се овозможи на поголем број туристи да ја посетат областа Голо Брдо, која изобилува со природни убавини“, се вели во соопштението на Македонско друштво „Илинден“.

Македонско друштво „Илинден“ од Тирана изразува загриженост од сегашната состојба и положбата на Македонците во областа Голо Брдо.

„Отворено ги повикуваме Владата на Република Албанија и Владата на Република Македонија итно да преземат соодветни мерки за подобрувањо на состојбата во оваа обласат. Ваквото барање на жителите на македонското национално малциство во областа Голо Брдо неколкупати било актуелизирано, но по него ништо не се презема“, се додава во соопштението.


Сè повеќе средношколци од Голо Брдо учат во Охрид


Охрид, 29 април, 2016 - 12:55 (META) 

Учениците од областа Голо Брдо во Албанија, по завршувањето на основното образование, нејчесто го избирааат Охрид како место каде го продолжуваат средното образование.

Во моментов во Охрид двајца средношколци го продолжија образованието во средното медицинско училиште, еден во средното економско и двајца во угостителското училиште.

Велат дека се многу задоволни со учењето и со однесувањето на професорите, со начинот на кој им помагаат да ги совладуваат методолошките единици во училиштето, но и со прифатеноста и со можноста да се интегрираат со врсниците во училиштата и во градот.

За сето ова, се интересираше и го истакна како позитивен пример, претседателот на Македонско друштво „Илинден“ од Тирана, Никола Ѓурѓај, кој претпразнично ги посети во нивните нови средини.

Ѓурѓај, и во ова пригода, ја истакната заложбата што повеќе деца од Голо Брдо, но и од други региони каде живеат Македонци, да бидат испраќани во Република Македонија за да се образуваат во матичната држава Република Македонија.

– Во Република Македонија, но и кај нас, во политичките и граѓански асоцијации на Македонци, се создава перцепција дека нас нè има само во Мала Преспа. Тоа не е точно и не е добро. Фокусот на интересот за Македонците треба да биде еднаков и кон оние од Голо Брдо, од Гора, како и поголемите градски средини како Корча, Поградец, па и самата Тирана – вели Ѓурѓај.


Македонците од Албанија да се враќаат во родните краишта, по студиите во матичната земја


Охрид, 17 април, 2016 - 11:34 (META) 

„Нашата основна заложба треба да биде што повеќе деца етнички Македонци да бидат испраќани на дообразование во Македонија. Тие, пак, по завршувањето на студиите во матичната држава, треба да се враќаат назад во своите краишта, од каде потекнуваат и како иден образован и оспособен кадар, да придонесуваат за унапредување на положбата, секојдневниот живот и на севкупниот статус на Македонците во Албанија.“

Ова го изјави претседателот на Македонско друштво „Илинден“ од Тирана, Никола Ѓурѓај, откако имаше средба со студентите по потекло од Голо Брдо, а кои образованието го продолжиле на факултетите во Прилеп.

Студентите Фатри Фетаху и Менелаос Халилај, кои се етнички Македонци од Голо Бредо, ги истакнаа проблемите со кои се соочуват во текот на студирањето, но и за тоа како се интегрираат меѓу врсниците и во градот.

Двајцата посетуваат настава на Економскиот факултет и, како што истакнуваат, задоволни се многу од учењето, однесувањето и од прифаќањето од професорите и од колегите.


„Илинден“: Bо областа Голо Брдо ниту имало ниту ќe има Бугари


Тирана, 23 март, 2016 - 15:50 (META) 

Македонското друштво „Илинден“ од Тирана, заедно со разгранокот за Голо Брдо, најостро ја осудува декларацијата на претседателството на патриотската асоцијација „Хазиз Лила“, објавена во весникот „Дибра“, со провокативен „Дали има Бугари во Голо Брдо“?

„Bо областа Голо Брдо и во цела Албанија ниту имало ниту ќe има Бугари. Така било, така и ќе остане“, реагираат од Македонското друштво „Илинден“.

– Крајно недолична и неодговорна е таа декларација и претставува груба навреда на достоинството на македонското национално малциство во Република Албанија. Поради недоличната изјава на претседателството на патриотска асоцијација „Хазиз Лила“, бараме безусловно да се извинат пред македонско национално малциство – се вели во денешното соопштене на Македонско друштво „Илинден“.

Од друштвото велат дека не е точно дека Македонци има само во Мала Преспа, а не и во Голо Брдо, Гора и низ цела Албанија. Тоа, според друштвото, е груб фалисфикат на историјата и на вистината.


Наставникот што претепа ученици во Голо Брдо избркан од работа и приведен од полицијата


Тирана, 12 март, 2016 - 12:51 (META) 

Дисциплинската комисија и раководството на основното училиште во селото Оржаново од областа Голо Брдо во Албанија, го остранила од работа учителот што претепа ученици, додека полицијата од градот Булќиза, го привела.

Како што пишуваше весникот на македонски јазик „Илинден“, наставник Агим, според сведочењето на децата, им ги трескал главите на клупите и ги тепал со стап. Децата завршиле во болница. Четири од нив биле потешко повредени.

По добивањето третман во болницата во Булќиза, три од нив биле испратени дома, додека едното било испратено и задржано во болница во Пешкопеја.