fbpx

Министерот Османи ги посети Македонците во Албанија

-

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска престојува во работна посета на Албанија, каде се сретна со повеќе преставници на македонското национално малцинство и со преставници на локалните самоуправи. Османи е во посета на месноста Голо Брдо во Албанија, каде имаше средби со Македонците од Тробиште, Голобрдо и Пустец, на кои им посочи дека Северна Македонија обезбедува поддршка за заштита и промоција на нивните јазични и културни особености во Албанија, преку конкретни проекти и соработка.

„Имаме одличнa соработка со албански институции и благодарни сме за нивната поддршка за Македонското национално малцинство во Албанија. Потребни се дополнителни заеднички напори со Албанија за промена на режимот на работа на граничниот премин Џепиште-Требиште со што би се подобрила економската и трговска соработка во овој крај, како и слободата на движење на локалното население од двете страни на границата. Ова прашање беше покренато како едно од клучните прашања од интерес на македонското население во областа Голо Брдо“, напиша Османи на фејсбук.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Уапсени тројца германски државјани за наводно шпионирање за Кина

Полицијата во Дизелдорф и Бад Хомбург уапси тројца германски државјани за шпионирање за кинеската тајна служба. Двајца мажи и една жена се во притвор, објави во понеделникот федералното обвинителство,...