ООН собра тим експерти подготвени да ја посетат нуклеарната централа „Запорожје“

-

Обединетите Нации собраа тим експерти од Меѓународната агенција за атомска енергија кои се подготвени уште следната недела да ја посетат нуклеарната централа „Запорожје“ во Украина, откако викендов најголемата централа во Европа беше повторно гранатирана од руските сили.

Нападите, според Нуклеарното тело на Обединетите нации, дадоа нова итност на преговорите за потребата од посетата на меѓународните експерти. Како што пишува „Њујорк тајмс“ во тимот се шефот на нуклеарната агенција, Аргентинецот Рафаел Мариано Гроси и уште 13 експерти од претежно неутрални земји. САД и Велика Британија, земји кои Русија ги прозива како пристрасни поради нивната силна поддршка за Украина, немаат претставници.

Најавата за посетата доаѓа откако викендов Русија и Украина повторно се обвинуваа кој го гранатира објектот. Украинската агенција за нуклеарна енергија, Енергоатом, соопшти дека Русија ја гранатирала централата доцна во петокот и во саботата наутро. Компанијата ги обвини руските сили за зголемен притисок врз персоналот на централата пред можната посета „за да ги спречат да откријат докази за злосторствата на окупаторите во централата и нејзината употреба како воена база“.

По изјавата на Енергоатом, руското Министерство за одбрана излезе со сопствена изјава во која се вели дека Украина истрелала гранати врз централата во изминатите 24 часа.

Централата е цел на гранатирање од почетокот на август, иако обемот на штетата останува нејасен. Инфраструктурата околу централата, исто така беше гранатирана што предизвика објектот да остане без електрична енергија, откако беше оштетена високонапонска жица.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, во обраќањето до нацијата доцна во петокот, рече дека овој настан централата опасно ја приближил до катастрофа, што ја прави потребата за посета на меѓународните инспектори уште поитна.

„Сакам да нагласам дека ситуацијата останува многу ризична и опасна. Затоа е толку важно мисијата да пристигне што е можно поскоро“, рече Зеленски.

За само една недела бројот на грипозни пораснал за 61,7 отсто

Во текот на петтата недела од 2025 година, во Македонија се пријавени 3.036 случаи на групни пријави за заболени од грип/заболувања слични на грип, за 61,7 отсто повеќе во споредба со...

Промовирана веб-страницата на Комисијата за паричен надоместок на жртви од кривично дело со насилство

Со помош и поддршка од Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Комисијата за паричен надоместок на жртви од кривично дело со насилство, изработи веб-страница, која ќе служи како основа за промовирање на...

Зеленски: Севернокорејските трупи се вратија на фронтот во Курск

Украинскиот претседател Володомир Зеленски, изјави дека севернокорејските трупи се вратиле на фронтот во руската област Курск, по информациите дека Москва ги повлекла своите трупи поради големи загуби, пренесува „Гардијан“. „Имаше нови напади...

Подобри игри во најава Crimson Desert, Dune Awakening и Doom: The Dark Ages

Игрите „Crimson Desert“, најновата „Dune: Awakening“, како и најавената „DOOM The Dark Ages“ се најавени за годинава. Се очекуваат да бидат масовно играни особено играта за Dune: Awakening која е носталгична...

За само една недела бројот на грипозни пораснал за 61,7 отсто

Во текот на петтата недела од 2025 година, во Македонија се пријавени 3.036 случаи на групни пријави за заболени од грип/заболувања слични на грип, за 61,7 отсто повеќе во...