fbpx

Македонското друштво „Илинден“ укажува на лошата состојба во областа Голо Брдо

-

Македонско друштво „Илинден“ од Тирана, заедно со разгранокот за Голо Брдо, уште еднаш ја повика Владата на Република Албанија итно да преземе соодветни мерки за подобрување на состојбата во оваа област.

„Досегашниот однос на албанската влада има и во иднина ќе има долгорочни последици по положбата и правата на Македонците во Република Албанија. Потврда за ваквиот наш став е фактот дека во последните 25 години малку или ништо не е инвестирано во селата во областа Голо Брдо, населена со македонско население. Патната инфраструктура, која опфаќа 20 села, е во многу лоша состојба и срамно е во 21 век во една држава да има толку голема област каде сè уште нема асфалтирани патишта. Тоа е главната причина за екстремно слабиот економски развој на областа Голо Брдо. Сиромаштијата во обласата Голо Брдо се движи до незамисливи граници, бидејќи 90 проценти од населението се невработени“, се вели во повикот.

Исто така, од македонското друштво укажуваат дека досегашното однесување кон областа Голо Брдо и кон тамошното население значи прекршување на основните човекови права според меѓународните конвенции.

Социјалната помош што ја одредува владата, според претставниците на друштвото „Илинден“, изнесува 20 евра месечно. На овој начин, македонското население се иселува од Голо Брдо. Посебен проблем на македонско национално малцинство во областа Голо Брдо е снабдувањето на електрична енергија бидејќи мрежата за нејзина дистрибуција е стара од времето на комунизмот и покрај тоа што жителите редовно ја плаќаат електричната енергија.

Во катастрофална состојба е и здравствената заштита во областа Голо Брдо. Имено, според македонското друштво „Илинден“, во времето на комунизмот имало здраствен дом во секое село. Денес, пак, по 25 години демократски развој, ваквите здравствени институции се бројат на прсти и се во исклучително лоша состојба.

„Дополнителен проблем за македонското малцинство во Албанија е фактот што децата не можат да го изучуваат мајчиниот јазик во училиштата, иако со меѓународните конвенции за човекови права тоа нешто е решено. Бараме од Министерството за образование и спорт да преземе соодветни мерки за почитување на правото на македонските деца во училиштата во Голо Брдо да се учи македонски јазик. Ваквото барање на жителите на македонското национално малцинство во областа Голо Брдо неколкупати било актуелизирано, но по него ништо не се презема. Македонците од бласта Голо Брдо бараат од министерствата за внатрешни работи на Албанија и на Македонија и од царините на двете земји, граничниот премин Џепиште – Требиште, кој беше отворен во мај 2013 година, од локален премин од трета категорија да премине на регионален премин од втора категорија. Со ова ќе му се помогне на населението од областа Голо Брдо бидејќи ќе се зголеми економската соработка меѓу жителите од двете страни на границата, со што економски ќе зајакне и ќе се развива оваа област. Воедно, ќе се овозможи поголем број туристи да ја посетат областа Голо Брдо, која изобилува со природни убавини“, се вели во реакцијата на Македонско друштво „Илинден“ од Тирана и на разгранокот за Голо Брдо.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...