fbpx
Таг: електрична енергија

таг: електрична енергија

Нема одлука дека цената на струјата по Нова година ќе се зголеми за 30 проценти

Засега нема официјална одлука дали и за колку ќе се зголеми цената на струјата. Никој досега не кажал дека струјата по Нова година ќе поскапи за 30 проценти, како што се тврди во објавата што ја анализираме. Енергетските компаниите ги доставиле своите калкулации и според нив, цената на струјата би требало да се зголеми за 27 проценти. Но, ваквата...

ЕСМ понуди цена на струјата за 7,5 проценти повисока од претходно

ЕВН Хоме како Универзален снабдувач на електрична енергија, на тендерот за набавка на електрична енергија за задоволување на потребите на корисниците за периодот јануари-јуни 2024 добило само една понуда, и тоа од АД ЕСМ со купопродажна цена на електрична енергија од 57 евра за мегаватчас, за покривање на 95% од вкупно планираните количини. Оваа цена, велат од ЕВН Хоум е...

Бектеши гарантира дека цената на струјата ќе остане иста и по 1 јануари

Министерот за економија Крешник Бектеши очекува на новиот распишан тендер за избор на универзален снабдувач со електрична енергија за домаќинствата и малите потрошувачи да се избере конкурент со помала профитна маржа, со што би можела да се намали цената на струјата на регулираниот пазар. Актуелен универзален снабдувач е ЕВН Хоум, а наскоро ќе има нов повик за следните пет години. „Никако...

Слупчане и Оризари сè уште се без струја, од ЕВН бараат да им се гарантира безбедноста

„Ги повикуваме сите надлежни институции да постапат согласно нивните надлежности и да се реши проблемот со снабдување со електрична енергија во Слупчане и околните села и да се овозможи работа на екипите на ЕВН Македонија“, апелираат од Министерството за економија. Инаку, селата Слупчане и Оризари во општина Липково сè уште се без напојување со електрична енергија, соопштија денеска од ЕВН. Од...

Бектеши: Проблемот со струјата во Слупчане ќе биде решен, сите граѓани мора да плаќаат

Проблемот со снабдување со електрична енергија во селото Слупчане денеска ќе биде решен, изјави министерот за економија Крешник Бектеши, откако поради неовластено користење на струјата од мештаните, настана дефект на преносната мрежа на струја во неколку села во липковско. „Сите граѓани мора да плаќаат за потрошената струја, а Министерството за економија ќе помогне во секоја ситуација каде што има потреба,...

Регулаторна: За 18 месеци издадени лиценци за 545 централи за струја од обновливи извори

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕВУ) за 18 месеци – од јануари 2022 до јуни 2023 година - издала лиценци на 545 централи за производство на електрична енергија од обновливи извори со вкупно инсталирана моќност од речиси 270 мегавати. Според Регулаторна, со инсталираниот капацитет може да се задоволат потребите на над 104 илјади домаќинства со просечна потрошувачка на...

Евтина струја од 13 до 15 часот ќе има од први декември

Од први декември се враќа евтината тарифа од 13 до 15 часот и тоа е максимумот што можевме да направиме. Евтината тарифа не ја воведуваме од политички причини, туку заради сигналот на цената на електричната енергија на сите берзи во Европа. Ова денеска на прес-конференција го истакна претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски. Тој кажа дека цената...

ЕСМ ги започна подготовките за следната грејна сезона

АД ЕСМ ги започна подготовките за следната грејна сезона, информираа од АД Електрани на Северна Македонија. Во наредните неколку месеци ќе се прават ремонти во сите производствени капацитети за зголемувањето на нивната доверливост со цел, како што велат, компанијата да ги произведе потребните количини електрична енергија. Од ЕСМ информираат дека во моментов во РЕК Битола работат три блока, додека редовен...

Започна со работа првата берза за струја во земјава

Националниот оператор на пазар со електрична енергија „Мемо“, го воспостави првиот организиран пазар на електрична енергија во Северна Македонија. По тој повод, премиерот Димитар Ковачевски преку писмо го нагласи и значењето во процесот на поддршката на Секретаријатот на Енергетската Заедница и на УСАИД. „Ова е уште еден голем ден за економијата и за перспективите на граѓаните. Започнува со работа првата...

Ќе се врати евтината тарифа на струјата, но од кога, ќе зависи од анализа на Регулаторна

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) планира да ја врати евтината тарифа  бидејќи падна цената на струјата на светската берза. Како што за Мета.мк изјави претседателот на РКЕ, Maрко Бислимовски, евтината дневна тарифа ќе се врати, но во кој часовен интервал и опсег ќе зависи од податоците што ќе ги даде анализата која ја прави РКЕ во моментов. „Свесни сме дека...

ЕСМ Продажба набави струја наменета за градинки, училишта, универзитети и болници

ЕСМ Продажба набави електрична енергија за период на испорака од 09 до 16 април, преку склучен индивидуален договор со ХСЕ „Мак Енерџи“ ДООЕЛ Скопје, со договорена моќност од 70 MW, количина 13.440 MWh по цена од 106,4 евра/MWh, соопшти претпријатието. „ЕСМ Продажба ја набавува оваа електрична енергија за да ги исполни договорените обврски кои ги имаме склучено со основни и...

По Грчец, и дел од Сарај остана без струја – ЕВН е на терен со полициска придружба

Противзаконските манипулации во мрежата направени од засега непознати лица од селото Грчец, предизвикаа хаварија во дистрибутивниот систем поради што без снабдување со електрична енергија денес останаа и корисниците на дел на територија на Сарај, информираа денеска од ЕВН. „По сериозниот дефект кој настана четвртокот наутро како последица на нелегално и неконтролирано контуинирано користење на електрична енергија од жителите на Грчец,...

Во февруари произведена 80 отсто повеќе струја во однос на истиот месец лани

Во февруари, Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) и ТЕЦ Неготино произвеле 80 отсто повеќе електрична енергија во однос на истиот месец минатата година, информираше денеска владиниот соработник за енергетика Виктор Андонов, кој ги презентираше најновите информации за енергетската состојба во земјава. „Во месец февруари 2023 година, од капацитетите на ЕСМ и ТЕЦ Неготино произведени се вкупно 504.338 MWh електрична енергија,...

Регулаторна: За 14 месеци издадени лиценци за фотоволтаици што може да ги задоволат потребите за струја на осум градови

Од 1 јануари 2022 година до 28 февруари годинава, во земјава има нови фототанапонски централи со инсталиран вкупен капацитет од 181,2 мегавати од обновливи извори што можат да ги задоволат потребите на 72.500 домаќинства со просечна потрошувачка на електрична енергија, информираше Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕВУ). Од таму велат дека во првите два месеца од годинава во...

Заврши мини ремонтот, блок 2 на РЕК Битола во функција

Блок 2 на РЕК Битола е вратен на мрежа утрово во 9:50 часот, информираат од АД Електрани на Северна Македонија. „Постројката е повторно ставена во фунција по завршувањето на активностите за нега и санација. Согласно планот за производство на АД ЕСМ, РЕК Битола продолжува со работа со полн капацитет, односно со трите блока“, наведено е во соопштението од компанијата. Вториот блок...

Домаќинствата во јануари потрошиле 14 отсто помалку струја од лани

За 14 отсто домаќинствата ја намалиле вкупната потрошувачка на електрична енергија во јануари, покажуваат податоците од Електродистрибуција со кои располага Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕВУ). Според информациите, вкупната потрошувачка на домаќинствата минатиот месец изнесувала над 349 гигаватчасови, додека истиот месец минатата година била потрошена поголема количина на струја - 408 гигаватчасови. Претседателот на РКЕВУ, Марко Бислимоски, вели дека...

Бектеши: Од јули очекуваме да се намали цената на струјата

Од први јули не се очекува зголемување на цената на струјата, туку се очекува дополнително намалување, изјави министерот за економија Крешник Бектеши на денешниот брифинг на новинарите заедно со директорот на Електрани на Северна Македонија (ЕСМ), Васко Ковачевски. Очекувањата дека ќе нема зголемување на цената на електричната енергија, според Бектеши, се базирани на анализите на Регулаторната комисија за енергетика и...

Во второто полугодие училиштата да користат субвенционирана струја, порачува МОН

Има јавни основни и средни училишта кои сè уште ја немаат искористено поволноста за снабдување со субвенционирана електрична енергија, па затоа апелираме до раководствата на образовните установи и општините како нивни основачи, да ја реализираат оваа можност, соопштија денеска во Министерството за образование и наука. Оттаму потсетија дека второто полугодие од учебната година продолжува на 23 јануари. „Со одлука на...

Ковачевски: Електрична енергија ќе има без рестрикции, цената не се зголемува

Премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека се ангажирани сите расположливи капацитети во земјава за зголемување на домашното производство на струја. При посетата на РЕК Битола, Ковачевски рече дека 99,2 отсто од домаќинствата немаат зголемени сметки за струја и дека електрична енергија во државата ќе има, без рестрикции, во една од најпредизвикувачките зими за светот. „Успеавме да ги ангажираме сите расположливи...

Василеска: Илјадници научници работат за што поскоро да се добие првата плазма во ИТЕР

Минатата година, нуклеарната физичарка Ивона Василеска од Струга, дојде до откритие што може да ја поевтини струјата за цела Европа. Во време кога континентот се соочува со енергетска криза, поразговаравме со неа за тоа колку овој изум може да придонесе во ублажување на кризата, но и во функционирањето на долг рок на големиот фузиски реактор ИТЕР во Франција. Младата...

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...