fbpx

Бектеши: Од јули очекуваме да се намали цената на струјата

-

Од први јули не се очекува зголемување на цената на струјата, туку се очекува дополнително намалување, изјави министерот за економија Крешник Бектеши на денешниот брифинг на новинарите заедно со директорот на Електрани на Северна Македонија (ЕСМ), Васко Ковачевски.

Очекувањата дека ќе нема зголемување на цената на електричната енергија, според Бектеши, се базирани на анализите на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕВУ) и согласно домашните капацитети за производство на струја.

„Ние сме во координација и со Регулаторната комисија за енергетика која е надлежна за цените на електрична енергија. Веќе се прават одредени анализи и се анализираат до детали одредени опции и со факултетите и со експерти за да се менува начинот на утврдување на цената на електрична енергија. Согласно капацитетите што ќе ги имаме во мај и јуни и јас сум убеден дека сите одлуки ќе бидат донесени во насоки да се зачува животниот стандард на граѓаните и да се поддржат малите и средни компании. Од 1 јули не очекуваме да има зголемување на цената на струја. Очекуваме да има дополнително намалување како што направивме од 1 јануари согласно производството на ЕСМ, како и движењето на цените на берзите“, кажа Бектеши.

Тој додаде и дека е можно компаниите од прехранбениот сектор што добија повластена цена на електрична енергија, а кои не ги намалиле цените согласно договореното со Владата, да ја изгубат оваа поволност.

„Тоа ќе се знае на крајот на месецов согласно податоците од Државниот пазарен инспекторат. Оние што ги намалиле цените ќе продолжат да ја користат таа поволност. На дневна база разговараме со стопанските коморите и со одредени сектори од индустријата, особено производителите на домашни прехранбени производи. Во случај ако нема дополнително намалување ќе се доведеме во ситуација тоа да се укине како поддршка од страна на Владата, затоа што целта на поддршката што ја даде Владата на барање на стопанските комори беше да се влијае во делот на намалувањето на цените на основните прехранбени производи“, истакна Бектеши, додавајќи дека очекувањата биле основните прехранбени производи да се намалат за 7 до 13 отсто.

Во однос на кризната состојба во енергетскиот сектор што трае до крајот на април, министерот рече дека целта на нејзиното прогласување е да се влијае во делот на цената на струјата и во ликвидноста на ЕСМ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Три лица загинаа во сообраќајна несреќа на автопатот Свети Николе-Штип

Тројца загинати е епилогот од денешната сообраќајна несреќа што се случи на автопатот Свети Николе-Штип во близина на наплатната рампа „Кадрифаково“. Како што информираат од МВР, незгодата се случила...
Download Nulled WordPress Themes
Download Nulled WordPress Themes
Download Best WordPress Themes Free Download
Free Download WordPress Themes
free download udemy course
download coolpad firmware
Download WordPress Themes Free
download udemy paid course for free