fbpx
Таг: чистење

таг: чистење

Арсовска: Исчистивме 150 диви депонии низ Скопје, ако има уште, пријавете ги

Чистењето на дивите депонии на територијата на Град Скопје е еден од проектите за коишто скопската градоначалничка Данела Арсовска рече дека се исполнети во првите 82 дена од нејзиното раководење со главниот град. Таа рече дека во текот на предизборието мапирале 120 диви депонии низ целиот град, а досега успеале да исчистат над 150. Арсовска изјави дека за првпат...

Пролетва се најавува конечно старт на чистењето на депониите во Источен и Североисточен регион

Минатата година се дадоа неколку рокови за почетокот на чистењето на нестандардните општински депонии во Источниот и Североисточниот плански регион, но ниту еден не беше испочитуван. Сега, од Министерството за животна средина и просторно планирање за Мета.мк информираат дека напролет треба конечно да стартуваат активностите на терен. Во моментов нема видлива активност на локациите натрупани со ѓубре, но периодов се...

Градот Скопје почна да чисти депонии на приватни имоти, но и да ги казнува сопствениците

Инспекторите за животна средина на Град Скопје деновиве почнаа акција за чистење и казнување за приватни депонии, односно имот на кој сопствениците дозволиле од негрижа или од лукративни причини да се креира отпад во скопските општини, информираат градските власти. Врз основа на пријава од граѓани или самоиницијативно, инспекторите за животна средина прво вршат инспекциски надзор, ја констатираат состојбата на терен...

Градските власти почнаа да ја чистат депонијата кај железничкиот мост меѓу Трубарево и Лисиче

Градот Скопје денеска започна со чистење на депонијата кај железничкиот мост на реката Вардар на потегот помеѓу Трубарево и Лисиче. На оваа депонија во општина Гази Баба секојдневно се исфрла комунален отпад и градежен шут кој придонесува кон загадување на почвата, подземните води и воздухот, информираат градските власти. „Градот во соработка со јавните претпријатија интензивно ќе работи на целосно чистење...

Никако да започне чистењето на дивите и општинските депонии во Источниот и Североисточниот регион

Од март преку април до септември. Ова беа досегашните ветувања за почеток на чистењето на дивите и општинските депонии што се лоцирани во Источниот и Североисточниот плански регион. И по поминати неколку месеци, од Министерството за животна средина и просторно планирање нема прецизна информација за тоа кога официјално ќе почне затворањето на општинските депонии во 18-те општини од двата...

Во ОХИС се копаат темели за шаторот под кој ќе се чисти линданот од малата депонија

Чистењето на малата депонија со линдан во кругот на фабриката ОХИС ќе започне штом стигне заштитниот шатор од Италија, најави денеска министерот за животна средина Насер Нуредини, на заедничка прес конференција со премиерот Зоран Заев. Нуредини информира дека во рамките на проектот за расчистување на првата од четирите депонии на линдан во Скопје, веќе се почнати подготвителните работи на...

World Cleanup Day утре ќе се одбележи со чистење на Долна Матка

Глобалниот настан World Cleanup Day (Светски ден на чистењето) ќе се одбележи и во земјава со акција за чистење на Долна Матка. Чистењето на излетничкото место покрај реката Треска ќе се одржи утре (сабота), со почеток од 11 часот. За сите заинтересирани лица ќе има бесплатен превоз кој ќе тргнува во 10:15 часот на паркингот Пошта 2 кај Железничката станица...

Елези: Загадувањето на реката Пена носи голема опасност од ширење на болести

Коритото на реката Пена во Тетово е преполно со отпадоци. Несовесните граѓани, освен отпадоци од домаќинствата фрлале и градежен шут, мебел и најразлични материјали. Сликите што можат да се видат во коритото на реката Пена се доста вознемирувачки, бидејќи поради овие отпадоци може да се појават големи опасности. Порталб.мк разговараше со Зибиџете Елези, магистер по животна средина, која подетално...

Чистењето на расфрланиот отпад во Источниот и Североисточниот регион ќе започне во септември

По неколку одложувања на почетокот на работите, во септември треба да започне чистењето на нестандардните општински депонии и ѓубриштата што се лоцирани во Источниот и Североисточниот плански регион, информираат за „Мета.мк“ од Министерството за животна средина и просторно планирање. Во моментов се вршат подготвителните активности за расчистувањето на отпадот и рекултивација на локациите, додека целокупниот проект е предвидено да...

Започнува затворањето на дивите депонии во Источен и Североисточен плански регион

По неколкумесечно одложување, Владата на вчерашната седница ја донесе одлуката за затворање на дивите депонии и ѓубриштата во 18 општини од Источниот и Североисточниот плански регион, информираат од владината прес-служба. „На оваа своја седница Владата, врз основа на информацијата за статусот на реализација на подготвителните активности поврзани со проектот за затворање на нерегуларните депонии и ѓубришта во источниот и североисточниот...

За една година ќе се исчисти малата депонија со линдан во ОХИС, другите ќе почекаат

За една година треба да биде исчистена малата депонија со линдан во ОХИС. Денеска и официјално започнаа активностите во кои ќе се дислоцираат околу 7.000 тони од опасната хемикалија и контаминирана земја, што повеќе децении стојат во дворот на некогашниот хемиски капацитет. Тие ќе бидат спакувани во специјализирани буриња и веднаш ќе се транспортираат на безбедно уништување во Франција...

„Чиста Преспа, Моја Преспа“ донесе месец полн со активизам за заштита на животната средина

Пред точно еден месец, на плажата Претор на 5 јуни започна кампањата „Чиста Преспа, Моја Преспа“, чија главна цел беше да се исчистат депонии кои беа мапирани од страна на локалната заедница и невладиниот сектор, да се уредат плажите, а во исто време да се подигне свеста кај населението и туристите за еколошките предизвици на Преспанскиот регион, велат организаторите...

Кампањата „Чиста Преспа, моја Преспа“ со голем број на активности за чистење на Преспанскиот регион

Во текот на изминатите десетина денови се интензивираше чистењето на Преспа во рамките на кампањата „Чиста Преспа, Моја Преспа“, информираат организаторите на овој настан. „Од 14 јуни започнаа поголеми зафати со тешка механизација за чистење и уредување. Вработените од специјализираната болница за превенција, лекување и рехабилитација-Отешево, спроведоа акција на чистење во дворот на болницата. Во исто време во Општина Ресен,...

По реакцијата на Порталб.мк, просторот наспроти старата пошта во Тетово е исчистен од отпад

Еден ден по веста на Порталб.мк во врска со малата депонија која беше создадена кај старата пошта во Тетово, а за која жителите на населбата се пожалија до „Порталб“, јавното комунално претпријатие (ЈКП) го исчисти местото и информира дека во текот на последниве денови дошло до зголемување на количините отпад бидејќи во руралните општини не се собирал, пишува Порталб.мк. Новинарот на Порталб.мк...

Куманово со „ГЕНЕРАЛКА викенд“, Димитриевски апелира да не се исфрла отпадот непрописно

Апелирам до граѓаните да не го исфрлаат отпадот непрописно, никогаш не можеме да исчистиме толку колку што самите може да уништиме и загадиме, порача градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски, на почетокот на еколошката акција ГЕНЕРАЛКА викенд во рамките на проектот „Зелена сончева“, кој се одвива под мотото „За чисто како дома исто“. Во акцијата учествуваат и Секторот за комунални...

ЈП Комунална хигиена ги чисти верските храмови во пресрет на Велигден

ЈП Комунална хогиена
ЈП Комунална хигиена-Скопје спроведе активности за одржување на хигиената на поголемите православни верски храмови во сите скопски општини. Со помош на три автоцистерни екипите на ова претпријатие извршија рачно и машинско миење на дворовите и непосредната околина на: соборниот храм Св. Климент Охридски, црквите Св.Богородица, Св.Димитрија, Св.Јован Крстител, Св.Петка, Св.Ѓоргија, Св.Илија, Св.Архангел Михаил, Св.Петар и Павле, Св.Спас и други. „Во...

Скопски Аеродром по теркот на Љубљана сака да ја одржува јавната хигиена во општината

Пунктови за собирање на кабаст отпад, канти за селекција на отпадот во секое домаќинство, машина за компостирање на органски отпад, вендинг машини што ќе се постават низ општината и редовно чистење на локациите се активностите што планираат да ги преземат општинските власти од Аеродром за решавање на проблемот за управување со отпадот. Тие велат дека ќе воведат европска методологија...

Месецов почнува чистењето и затворањето на 77 депонии и ѓубришта во Источен и Североисточен регион

Завршен е изборот на двете компании што ќе го вршат надзорот и претстојниов месец ќе започне чистењето на несоодветните депонии и ѓубришта во Источниот и Североисточниот плански регион, информираат за „Мета.мк“ од Министерството за животна средина и просторно планирање. Во 18-те општини од овој дел на земјава ќе се чистат 70 диви депонии (ѓубришта) и 7 од постојните нестандардни општински...

ЦГК: Повеќе од осум милиони евра чинат тендерите за зимско одржување на патиштата за оваа сезона

За ангажирање на механизација, работници, сол и чакал за чистење и за прскање на улиците во зимски услови, оваа сезона ќе се потрошат 538 милиони денари, односно 8,7 милиони евра, се вели во истражувањето на Центарот за граѓански комуникации (ЦГК). „Тендери за оваа намена имале 41 општина и Градот Скопје, 6 локални јавни претпријатија и државното јавно претпријатие за одржување...

Се чисти отпадот од водите на Охридското Езеро

кеј Охридско Езеро
Деновиве екпите на Ј.П. „Охридски Комуналец” имаат полни раце работа со расчистување на отпадот што езерските води го исфрлаат по крајбрежјето и кејот. „Секојдневно се подигаат огромни количини тешко разградлив отпад (пластична и картонска амбалажа, најлон кеси, лименки и друго) што надојдените реки ги носат со себе, како и наноси од трска, реси и муљ кои силниот ветар од јужен...

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...