fbpx

ЈП Комунална хигиена ги чисти верските храмови во пресрет на Велигден

-

ЈП Комунална хигиена-Скопје спроведе активности за одржување на хигиената на поголемите православни верски храмови во сите скопски општини. Со помош на три автоцистерни екипите на ова претпријатие извршија рачно и машинско миење на дворовите и непосредната околина на: соборниот храм Св. Климент Охридски, црквите Св.Богородица, Св.Димитрија, Св.Јован Крстител, Св.Петка, Св.Ѓоргија, Св.Илија, Св.Архангел Михаил, Св.Петар и Павле, Св.Спас и други.

„Во пресрет на најголемиот христијански празник-Велигден, реализиравме вонредни активности за одржување на максималното ниво на хигиената на верските објекти кои во текот на празничниот викенд ќе ги посетат голем број наши сограѓани. Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје и во претстојниот период ќе продолжат да се грижат за чистотата на верските објекти на сите верски заедници.“- изјави директорот на ЈП Комунална хигиена-Скопје, Абдусамед Шабани.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...