fbpx

Кампањата „Чиста Преспа, моја Преспа“ со голем број на активности за чистење на Преспанскиот регион

-

Во текот на изминатите десетина денови се интензивираше чистењето на Преспа во рамките на кампањата „Чиста Преспа, Моја Преспа“, информираат организаторите на овој настан.

„Од 14 јуни започнаа поголеми зафати со тешка механизација за чистење и уредување. Вработените од специјализираната болница за превенција, лекување и рехабилитација-Отешево, спроведоа акција на чистење во дворот на болницата. Во исто време во Општина Ресен, ренџерите и активистите на здружението eко-герила Преспа, го исчистија дворот на Мониторинг станицата во Стење. Ден потоа, се случи и големата еколошка акција за уредување на плажата во Стење, а беше исчистена и депонијата во Коњско. На 22 јуни, младите од село Наколец покажаа како се сака своето место на живеење. Беше исчистена плажата и просторот за спорт и рекреација,“ се вели во соопштението.

Во него се додава дека ренџерската служба на 23 јуни ја исчистила патеката од Претор до Сливница.

„Најмасовната акција се случи ден потоа. Бизнис заедницата, граѓански здруженија, спортски клубови, вработени во јавниот сектор, ЈКП Пролетер, волонтери и граѓани го исчистија и уредија амфитеатарот и спортско рекреативниот центар пред СОУ „Цар Самоил“ во Ресен,“ се потенцира во соопштението.

Во текот на утрешниот ден предвидено е чистење на плажата Черти Камен во Отешево, а потоа следува и настанот „Meet Prespa“, каде сите присутни ќе уживаат во традиционалната храна и во музиката на артисти од три земји Positive cuts од Албанија, Saso Resyd и Uzun Baba од Македонија и Thomas Nyman од Грција.

Кампањата „Чиста Преспа, Моја Преспа“, започна на 5 јуни и во неа се вклучени голем број јавни личности кои преку своите лични пораки заедно со секојдневните акции, има за цел за краток период да им ја остави нашата Преспа чиста на идните генерации.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...