кеј Охридско Езеро
Кејот на Охридското езеро во градот Охрид | Фото : Охридски комуналец

Деновиве екпите на Ј.П. „Охридски Комуналец” имаат полни раце работа со расчистување на отпадот што езерските води го исфрлаат по крајбрежјето и кејот.

„Секојдневно се подигаат огромни количини тешко разградлив отпад (пластична и картонска амбалажа, најлон кеси, лименки и друго) што надојдените реки ги носат со себе, како и наноси од трска, реси и муљ кои силниот ветар од јужен правец ги исфрла на кејот“, велат од Јавното претрпијатие.

Најавуваат дека наредните денови ќе продолжат со исто темпо, со цел одржување на јавната чистота на градскиот кеј и пристаништето.