World Cleanup Day утре ќе се одбележи со чистење на Долна Матка

Глобалниот настан World Cleanup Day (Светски ден на чистењето) ќе се одбележи и во земјава со акција за чистење на Долна Матка. Чистењето на излетничкото место покрај реката Треска ќе се одржи утре (сабота), со почеток од 11 часот.

За сите заинтересирани лица ќе има бесплатен превоз кој ќе тргнува во 10:15 часот на паркингот Пошта 2 кај Железничката станица Скопје. Сите учесници на настанот ќе треба да го пополнат овој формулар: https://bit.ly/3BX04qC.

„Како и секогаш, ние обезбедуваме ракавици, ќеси, алати и средство за дезинфекција за учесниците. Вие понесете позитивна енергија и желба за промена, а оставете си и малку време после акцијата за чилање покрај ново-чистиот брег на реката“, најавуваат организаторите.

Настанот го организира „За почиста Македонија“, заедно со партнерите и пријателите од „Волонтерски Центар Скопјe“ и „GoGreen“.