!На 1 февруари 2017 година, заврши промотивниот период на слободно користење на содржините на „Мета“. Во периодот што претстои го воведуваме новиот систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително

Отежнат авиосообраќајот во Италија поради штрајк на вработените на аеродромите


Рим, 20 март, 2017 - 9:55 (META) 

Авионскиот сообраќај во Италија денеска ќе биде отежнат поради штрајкот на аеродромските работници, меѓу кои и контролорите за летање, соопштија синоќа синдикатите. Контролорите за летање се повикани на синдикален штрајк во периодот од 13 до 17 часот.

Покрај тоа, сите вработени во воздухопловството се повикани на 24-часовна готовност за штрајк, освен во двата шпица, од 7 до 10 часот и од 18 до 21 часот.

Италијанскиот авиопревозник „Алиталија“ соопшти дека откажал 40 отсто од своите домашни и меѓународни летови.
Владата, управата на „Алиталија“ и синдикатот денеска треба да преговараат за низа проблеми.

„Алиталија“ се соочува со финансиски проблеми поради конкуренцијата од евтините превозници, како што се „Рајанер“, и планира за 20 отсто да ја намали работната сила, а платите да ги скрати за третина, што е неприфатливо за синдикатите кои повикаа на штрајк и на 5 април.


Авиосообраќајот е нормализиран, Евзони сè уште е затворен


Скопје, 6 февруари, 2017 - 9:48 (META) 

Утринава се нормализираше авиосообраќајот на аеродромот „Александар Велики“, откако синоќа поради густата магла беа откажани летови кон повеќе дестинации.

Според информативната табла на веб-страницата на „ТАВ Македонија“, откажан е само летот кон Виена во 4.25 часот, а сите други летови се реализираат.

Поради штрајк на грчките земјоделци, граничниот премин Евзони е сè уште затворен за сообраќај, а премините Дојран и Меџитлија се отворени за сообраќај, информираат од Автомото-сојузот на Македонија.

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Магла со видлиовост до 50 метри има на патните правци Скопје – Миладиновци, Скопје – Катланово во двата правци и на обиколницата околу Скопје.


Посебен сообраќаен режим за време на Скопскиот маратон


Скопје, 7 мај, 2016 - 10:34 (META) 

По повод одржувањето на манифестацијата „Виз ер – Скопски маратон 2016“, утре во периодот од 7.30 до 14 часот ќе биде изменет режимот на сообраќај.

За време на маратонот, целосно затворен за сообраќај ќе биде булеварот Илинден, од крстосницата со улица ВМРО до булеварот 8 Септември. Во продолжение, затворена ќе биде десната коловозна лента во правец од булеварот 8 Септември до крстосницата со улицата Никола Парапунов.
Целосно ќе бидат затворени и улицата Војвода Васил Чакаларов, (ул. Адолф Циборовски), улицата Митрополит Теодосиј Гологанов, улицата Димитрије Чуповски, улицата 11 Октомври, улицата Пролет, и тоа од семафорите кај Тутунски комбинат до семафорите кај Полициска станица Пролет, булеварот Трета македонска бригада до крстосницата со улица Коста Новаковиќ, десната коловозна лента од булеварот Јане Сандански, и тоа од Тобако во правец кон Аеродром сè до крстосницата со булеварот Србија.

Делумно затворени за сообраќај ќе бидат: десната коловозна лента од улица Љубљанска и улица Московска во правец од булеварот Илинден до крстосница со улицата Митрополит Теодосиј Гологанов, кај студентскиот дом „Гоце Делчев“.

Во период од 7.30 до 9.45 часот, целосно за сообраќај ќе биде затворена и улицата Франклин Рузвелт, од крстосницата со булеварот Илинден до крстосницата со улицата Митрополит Теодосиј Гологанов, а во период од 8 до 9.45 часот, целосно за сообраќај ќе биде затворен и булеварот Гоце Делчев, од крстосницата со булеварот Филип Втори Македонски (Стив Наумов) до крстосницата со булеварот Илинден и булевар Св. Климент Охридски. Во истиот период затворен за сообраќај ќе биде и улицата ВМРО од булеварот Илинден до булеварот Партизански одреди.

Во согласност со променетиот режим на сообраќај, ќе биде променет режимот на линиите на Јавниот градски превоз. Промените се состојат во следново:

I. Линии со изменета траса:

– Линија бр. 3: Од Спортска сала МЗТ до Југодрво по своја траса, продолжува по ул. Кирил и Методиј (Рамстор), Клинички центар, Комплекс „Панорама“. Вo oбратна насока: Комплекс Панорама, ул. Јордан Мијалков, подвозник, бул. Кочо Рацин (Jугодрво), Транспортен центар, ул. Владимир Комаров,  ул. Васко Каранѓелески, Спортска сала МЗТ.

– Линија бр. 3Б: Од Кванташки пазар до Jугодрво по своја траса, продолжува по ул. Кирил и Методиј (Рамстор), Kлинички центар. Комплекс „Панорама“. Вo oбратна насока: Комплекс „Панорама“. ул. Јордан Мијалков, подвозник, бул. Кочо Рацин (Jугодрво). Tранспортен центар,  ул. Владимир Комаров, ул. Васко Каранѓелески, бул. АСНОМ, Кванташки пазар.

– Линија бр. 4: Од Хрoм дo Соборен храм по бул. Партизански одреди, мост Гоце Делчев, бул. Гоце Делчев, бул. Крсте Мисирков, бул. Кочо Рацин, подвозник, ул. Aнтон Попов, ул. Димо Хаџи-Димов, ул. Борис Трајковски и обратно.

– Линија бр. 5: Од Дексион,  ул. Ѓорче Петров, бул. Партизански одреди, бул. Гоце Делчев, бул. Крсте Мисирков, бул. Кузман Јосифовски Питу, ул. Владимир Комаров, ул. Васко Карангелевски, Спортска сала „MЗТ“, бул. АСНОМ, Ново Лисиче, a oбратно од Ново Лисиче до Комплекс банки по својата траса, бул. Крсте Мисирков, бул. Гоце Делчев, бул. Партизански одреди, ул. Ѓорче Петров и Дексион.

– Линија бр. 7 : Од Карпош 3 до Соборен храм по нормална траса, бул. Гоце Делчев, бул. Крсте Мисирков, бул. Кузман Јосифовски Питу, ул. Владимир Комаров, ул. Коста Новаковиќ, бул. Трета македонска бригада и продолжува по својата траса, a вo обратна насока по бул. Трета македонска бригада, ул. Коста Новаковиќ, ул. Владимир Комаров, бул. Jaнe Сандански, бул. Кузман Јосифовски Питу, бул. Крсте Мисирков, бул. Гоце Делчев, бул. Партизански одреди до Карпош 3.

– Линија бр. 8: Влае, бул. Партизански одреди, мост Гоце Делчев, бул. Гоце Делчев, Битпазар и продолжува по својата траса, а во обратната насока по истата променета траса.

– Линија бр. 9: Клинички центар, ул. Јордан Мијалков, подвозник, бул. Кочо Рацин (Jугодрво) и продолжува по својата траса, а во обратната насока по редовната траса.

– Линија бр. 15 и 15а: Од Карпош 4 до Соборен храм по траса на линија 15, бул. Гоце Делчев, бул. Крсте Мисирков, бул. Кузман Јосифовски Питу, ул. Владимир Комаров, ул. Васко Карангелевски, Спортска сала „MЗТ“, бул. АСНОМ, Ново Лисиче, a обратно од Ново Лисиче до Комплекс банки по својата траса, бул. Крсте Мисирков, бул. Гоце Делчев, бул. Партизански одреди до Карпош 4.

– Линија бр. 16: Железара, Бит-пазар, Југодрво и продолжува по своја траса, а во обратната насока по иста променета траса.

– Линија бр. 21: Транспортен центар, бул. Кузман Јосифовски Питу , бул. Крсте Мисирков, бул. Гоце Делчев, бул. Партизански одреди и продолжува по своја траса, а во обратната насока по иста изменета траса.

– Линија бр. 22: Транспортен центар, бул. Кузман Јосифовски Питу, бул. Крсте Мисирков, бул. Гоце Делчев, бул. Партизански одреди и продолжува по своја траса, а во обратната насока по иста изменета траса.

– Линија бр. 23: Дом на печат, ул. Јордан Мијалков (ул. Железничка), подвозник,  бул. Кочо Рацин (Југодрво), Комплекс банки, бул. Кузман Јосифовски Питу, ул. Никола Карев, ул. Владимир Комаров, ул. Васко Карангелевски, ул. 717, Спортска сала МЗТ, бул. АСНОМ и продолжува по трасата по бул. Киро Глигоров (бул. Војводина).
Во обратна насока: по својата траса, бул. Киро Глигоров (бул. Војводина), бул. Јане Сандански, бул. Кузман Јосифовски Питу (Транспортен центар), Народна банка, бул. Кочо Рацин, бул. Св. Кирил и Методиј (бул. Мито Хаџи-Василев Јасмин – Рамстор) до Дом на печат.

– Линија бр. 24: Почетна станица Карпош 3 (почетна 7 и 59), бул. Илинден, ул. Бледски договор, бул. Партизански одреди, бул. Гоце Делчев, бул. Крсте Мисирков, бул. Кочо Рацин и продолжува по своја траса. Во обратна насока по истата траса до Карпош 3.

– Линија бр. 25 (Милениумски крст): Транспортен центар, Југодрво, ул. Кирил и Методиј (Рамстор), ул. Мајка Тереза и продолжува по својата траса, а во обратната насока по ул. Јордан Мијалков, подвозник, бул. Кочо Рацин (Jугодрво) до Транспортен центар.

– Линија бр. 27: oд Дoм нa пeчaт, ул. Јордан Мијалков, подвозник, бул. Кочо Рацин (Jугодрво), ул. Владимир Комаров, ул. Коста Новаковиќ, бул. Трета македонска бригада и продолжува по својата траса, a вo oбратна нaсока по бул. Трета македонска бригада, бул. Србија, бул. Jaнe Сандански, бул. Кузман Јосифовски Питу, бул. Кочо Рацин, ул. Кирил и Методиј (Рамстор), Дoм нa печат.

– Линија бр. 50: Клинички центар, ул. Јордан Мијалков, подвозник, бул. Кочо Рацин (Jугодрво), Бит-пазар и продолжува по својата траса, а во обратната насока, од Бит-пазар продолжува по бул. Кочо Рацин, ул. Кирил и Методиј (Рамстор) и Клинички центар.

– Линија бр. 57: Козле, ул. Јордан Мијалков, подвозник, бул. Кочо Рацин (Jугодрво), Бит-пазар и продолжува по својата траса, а во обратната насока, од Бит-пазар продолжува по бул. Кочо Рацин, ул. Кирил и Методиј (Рамстор) и Козле.

– Линија бр. 59: Од Карпош 3 до Соборен храм по своја траса, бул. Гоце Делчев, Бит-пазар, Бутел – до К.Бара. Во обратната насока по истата променета траса.

– Линија бр. 59А: Кисела Вода, бул. Кочо Рацин, Бит-пазар и продолжува по својата траса. Во обратната насока по истата променета траса.

– Линија бр. 59Б: Ново Лисиче, бул. Јане Сандански, бул. Кузман Јосифовски Питу, бул. Крсте Мисирков и продолжува по својата траса, а во обратната насока од Бит-пазар, Судска палата, Комплекс банки, Транспортен центар, ул. Владимир Комаров, ул. Васко Карангелески, бул. АСНОМ и Ново Лисиче

– Линија 31, 41, 51, 67 и 70: Транспортен центар, бул. Кочо Рацин, подвозник, ул. Антон Попов, ул. Димо Хаџи-Димов, ул. Борис Трајковски и продолжуваат по својата траса. Во обратната насока по истата променета траса.

– Линија 58: Транспортен центар, бул. Кочо Рацин, подвозник, ул. Антон Попов, ул. Димо Хаџи-Димов и продолжува по својата траса. Во обратната насока по истата променета траса.
Поради одржување на „Скопскиот маратон 2016“, на 8 мај туристичката линија „Сити тур“, која поаѓа од Порта „Македонија“, нема да сообраќа.

Сите линии што го користат мост Гоце Делчев како дел од трасата на движење во периодот од 8 до 9.30 часот поради затворање на истиот, ќе ја користат алтернативна траса преку ул. Јордан Мијалков, бул. Македонија (Јужен булевар) – во една и ул. Кирил и Методиј (Рамстор) во друга насока

II. Линии со непроменета траса:
а) Градски линии: 2, 2А, 19, 22А и 65В
б) Приградски линии: 11, 18, 47, 47а, 53, 55, 56, 60, 61, 63а, 63б, 65, 66, 68, 69, 71,81.


Саудиска Арабија го прекина авиосообраќајот со Иран


Ријад, 4 јануари, 2016 - 20:03 (META) 

Саудиската управа за воздушен сообраќај денеска соопшти дека сите летови кон Иран и од таа земја кон Саудиска Арабија се откажани, затоа што Ријад ги прекина дипломатските односи со Техеран.

Прекинот на авиосообраќајот се случува откако Саудиска Арабија во саботата го погуби шиитскиот свештеник Нимр Бакер ал Нимр, остар критичар на саудиската власт во таа земја, што предизвика протести во Техеран, каде беше нападната саудиската амбасада.

По Саудиска Арабија, дипломатските односи со Иран ги прекинаа и Бахреин и Судан, додека Обединетите Арапски Емирати го повлекоа својот амбасадор во Иран и ги сведоа дипломатските односи со таа земја на минимум.


Маглата го отежнува одвивањето на сообраќајот


Скопје, 23 декември, 2015 - 9:16 (META) 

Сообраќајот по патиштата, но и авиосообраќајот се одвиваат отежнато поради густата магла утринава.

Од АМСМ информираат дека на повеќе патни правци низ земјава, видливоста е намалена.

Отежнато се одвива и авиосообраќајот, па дел од летовите се откажани, а дел пренасочени кон аеродромите во Охрид и во Софија.