fbpx
Таг: авиосообраќај

таг: авиосообраќај

Летовите и автобусите кон странство профункционираа, но само до дел од дестинациите

Со летовите на „Туркиш ерлајнс“, „Пегасус“, „Германија“, „Еделвајс“ и „Виз ер“, од 1 јули повторно ќе профункционира Меѓународниот аеродром Скопје, додека „Германија“ и „Виз ер“ од овој датум ќе почнат да летаат и од Охрид. Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, министерот за здравство Венко Филипче и директорот на ТАВ Македонија Алпер Ерсој денеска извршија обиколка на скопскиот...

Македонските аеродроми поради корона кризата досега изгубија над 720.000 патници (инфографик)

Растат штетите од корона вирусот во ависообраќајот од двата македонски аеродрома. Како последица на нивното затворање за да се спречи ширењето на ковид-19 во земјава, во мај 2020 година биле превезени само 849 патници, наспроти бројката од 219.141 патник што минале низ скопскиот и охридскиот аеродром во мај 2019 година. Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека од...

Аеродромите во земјава не се очекува да бидат отворени пред 15 јуни

Директорот за Агенцијата за цивилно воздухопловство Томислав Тунтев смета дека не треба да се очекува аеродромите во земјава да бидат отворени пред 15 јуни. Моментално во земјава, бројот на летови во споредба со претходната година е само 7 до 10 отсто и во нив се опфатени воените летови, специјалните медицински, државните, хуманитарните летови и летовите за репатриација на државјаните...

Корона кризата доведе македонските аеродроми да изгубат половина милион патници

Корона вирусот и неговото четиримесечно ширење во нашата земја нанесува сериозни штети по авиосообраќајот. Поради одлуката на 18 март да се затворат двата аеродрома како мерка за спречување на ширењето на Ковид-19 во Македонија, до крајот на мај биле изгубени околу половина милион патници во авиосообраќајот. Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека во април 2020 воздухопловниот превоз...

Транспортот со негативни резултати во првиот квартал, короната ги поштеди само товарните возови

Уште при првиот удар на пандемијата на корона вирусот и ограниченото движење на населението, македонскиот транспорт забележа пад кај бројот на превезени патници и стоки. Државниот завод за статистика во првиот квартал од 2020 година регистрирал 1.215.000 превезени патници во патниот патнички превоз, 93.000 патници во железничкиот сообраќај, 429.869 патници во воздухопловниот превоз и 18.330.000 патници во градско-приградскиот превоз. Споредено...

„Катар ервејс“ летово нема да лета меѓу Скопје и Доха, укинати и летовите за Тел Авив и Измир

По речиси три години директни летови меѓу Скопје и Доха, „Катар ервејс“ летово нема да ја опслужува оваа авиолинија. Глобалната пандемија на корона вирусот и огромното намалување на интересот за патување со авиони придонесоа катарската авиокомпанија од крајот на мај да планира авиосообраќај само до 52 дестинации, додека во јуни би се активирале редовните летови до вкупно 80 дестинации,...

Короната го урна ависообраќајот – за два месеца „изгубени“ 300.000 патници (инфографик)

Затворањето на македонските аеродроми заради спречување на ширењето на корона вирусот веќе предизвика значајни штети во авиосообраќајот во земјава. Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека низ двата аеродрома во првиот квартал од годинава минале 429.869 патници, односно за над 50.000 помалку во споредба со идентичниот период лани. Бројот на патници во првите три месеци од годинава е...

Од мај ќе летаме со авион по нови правила поради корона вирусот

Европската комисија во мај ќе го претстави пакетот на нови правила за летање откако ќе бидат укинати вонредните мерки. Европската комесарка за транспорт Адина Валеан соопшти дека мерките ќе вклучуваат социјално дистанцирање меѓу патниците на аеродромите и во самите авиони. Главната цел на овие мерки е да се загарантира безбедноста на здравјето на патниците од авиосообраќајот, којшто во изминатиов...

„Еуровингс“ ќе воспостави директна авионска линија меѓу Приштина и Белград

Германската авиокомпанија „Еуровингс“, членка на „Луфтханза“ групацијата, е заинтересирана по повеќе од две децении да ја возобнови авионската линија меѓу Приштина и Белград. Во Берлин денес беа потпишани писмата за намери за воспоставување на редовна авионска врска. Од страна на Србија, потписник е  Министерството за економија, додека Управата за цивилно воздухопловство на Косово ги потпиша писмата од косовска страна...

Aвтопатот Тетово-Скопје е пуштен за сообраќај

Aвтопатот Тетово-Скопје е пуштен за сообраќај, но се уште е затворен за сообраќај стариот пат Скопје –Тетово, информира Авто-мото сојузот на Македонија. На автопатот од изутрината се вршеше увид на местото на синоќешната сообраќајна несреќа во која животот го загубија 14 лица.

Сообраќајот се одвива отежнато, кашест снег на коловозите

Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива отежнато и во зимски услови, по влажни коловози со остатоци од кашест снег, соопшти Автомото сојуз на Македонија (АМСМ). Забрани за тешки товарни возила изутрина од 7.15 часот е воведена на патот Дебар – Струга, а се уште трааат забраните и на патиштата крак Маврово – Дебар, Гостивар – Кичево преку Стража, Струга...

Најмалку четири лица загинаа во невремето што ја погоди Централна Европа

Најмалку четири лица загинаа во невремето што денеска ги погоди централните делови на Европа. Невремето предизвика прекин на електричната енергија и на сообраќајот, соопштија припадниците на спасувачките служби. Силниот ветер предизвикал застој на железничкиот и на патниот сообраќај на неколку патни правци во Чешка. Неколку реки на северот на земјата достигнале алармантно ниво на водата, а стотина илјади домаќинства останале без...

Владата планира да го зголеми капацитетот на охридскиот аеродром за нискобуџетни летови

Зголемување на капацитетите на охридскиот аеродром и негово промовирање во аеродром за нискобуџетни компании кои ќе нудат летови за поголем број дестинации, е една од заложбите на Владата за развој на воздушниот сообраќај во земјава. Ова прашање денеска го отворил министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, на средбата со претставници од нискобуџетната авиокомпанија „Виз ер“, на која било разговарано...

СЈО подготвено да го работи и „Сопот“, има сознанија за сторителите

Службени лица на МВР што постапувале во истрагата за случајот „Сопот“ примениле тортура врз сведокот Рамадан Бајрами, утврдило Специјалното јавно обвинителство истражувајќи ги наводите од јавно објавениот разговор и сепак води предистражна постапка за овој случај од пред 14 години. Специјалната обвинителка Фатиме Фетаи, зборувајќи за овој случај на денешната прес-конференција нагласи дека покрај застареноста на случајот со тортурата,...

Отежнат авиосообраќајот во Италија поради штрајк на вработените на аеродромите

Авионскиот сообраќај во Италија денеска ќе биде отежнат поради штрајкот на аеродромските работници, меѓу кои и контролорите за летање, соопштија синоќа синдикатите. Контролорите за летање се повикани на синдикален штрајк во периодот од 13 до 17 часот. Покрај тоа, сите вработени во воздухопловството се повикани на 24-часовна готовност за штрајк, освен во двата шпица, од 7 до 10 часот и...

Авиосообраќајот е нормализиран, Евзони сè уште е затворен

Утринава се нормализираше авиосообраќајот на аеродромот „Александар Велики“, откако синоќа поради густата магла беа откажани летови кон повеќе дестинации. Според информативната табла на веб-страницата на „ТАВ Македонија“, откажан е само летот кон Виена во 4.25 часот, а сите други летови се реализираат. Поради штрајк на грчките земјоделци, граничниот премин Евзони е сè уште затворен за сообраќај, а премините Дојран и Меџитлија...

Посебен сообраќаен режим за време на Скопскиот маратон

По повод одржувањето на манифестацијата „Виз ер - Скопски маратон 2016“, утре во периодот од 7.30 до 14 часот ќе биде изменет режимот на сообраќај. За време на маратонот, целосно затворен за сообраќај ќе биде булеварот Илинден, од крстосницата со улица ВМРО до булеварот 8 Септември. Во продолжение, затворена ќе биде десната коловозна лента во правец од булеварот 8 Септември до крстосницата...

Саудиска Арабија го прекина авиосообраќајот со Иран

Саудиската управа за воздушен сообраќај денеска соопшти дека сите летови кон Иран и од таа земја кон Саудиска Арабија се откажани, затоа што Ријад ги прекина дипломатските односи со Техеран. Прекинот на авиосообраќајот се случува откако Саудиска Арабија во саботата го погуби шиитскиот свештеник Нимр Бакер ал Нимр, остар критичар на саудиската власт во таа земја, што предизвика протести во...

Маглата го отежнува одвивањето на сообраќајот

Сообраќајот по патиштата, но и авиосообраќајот се одвиваат отежнато поради густата магла утринава. Од АМСМ информираат дека на повеќе патни правци низ земјава, видливоста е намалена. Отежнато се одвива и авиосообраќајот, па дел од летовите се откажани, а дел пренасочени кон аеродромите во Охрид и во Софија.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...