Одложен е штрајкот на контролата за летање, нема да има застој во авиосообраќајот

Од Министерството за транспорт и врски велат дека заедно со менаџментот на М-Нав стојат на ставот за спроведување на барањата на Синдикатот

-

На вчерашната средба во Министерството за транспорт и врски бил постигнат договор за согласност за решавање на барањата кои беа отворени од страна на Синдикатот на М-Нав (ССКЛ).

„Со тоа е овозможено авионскиот сообраќај да се одвива редовно. Во меѓувреме се продолжува со координациите во ресорното министерство, со цел целосно реализирање на преземените обврски од двете страни“, соопштија од Владата.

Барањата на Синдикатот на контролори за летање се: подобрување на условите за работа во Контрола за летање, застарената опрема да биде заменета со нова и да се воведе „нормална селекција на кадар потребен за вработување“.

„Го поздравуваме потпишувањето на колективниот договор и одлуката за ангажирање на консултантска фирма која професионално ќе изврши функционална анализа за подобрување на функционирањето на претпријатието. Продолжуваме со заеднички координации да работиме за целосно реализирање на превземените обврски од двете страни. Се согласивме да работиме на подигање на нивото на транспарентноста за сите прашања, се до изработката на студијата која ќе ги даде идните правци за развој на претпријатието“, велат од Министерството за транспорт и врски.

Оттаму, штрајкот ќе биде одложен, со цел давање на простор за надминување на отворените прашања.

Од Министерството за транспорт и врски велат дека заедно со менаџментот на М-Нав стојат на ставот за спроведување на барањата на Синдикатот.

Инаку, денеска од 11 до 17 часот, беше најавен штрајк без опслужување на воздушниот сообраќај на Меѓународниот аеродром Скопје и аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид. Доколку се реализираше, ќе имаше доцнење и нереализирање на летови и префрлање на патници на други аеродроми.

ЈО: Поведена постапка за инцидентот во Чаир во кој синоќа беа ранети три лица

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје повел постапка против едно лице на возраст од 18 години, поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Тешка телесна повреда од членот 131...

Повторно провалено во домот на убиената пратеничка од Минесота, Мелиса Хортман

Во домот на убиената пратеничка на сојузната држава Минесота, Мелиса Хортман, е пријавено уште една провалување, соопшти локалната полиција, а пренесе Еј-Би-Си њуз. Откако таа и нејзиниот сопруг, Марк, беа застрелани во...

„Никој не знае“: Трамп не открива дали ќе го нападне Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп не сакаше да открие дали донел одлука да нареди напад на САД врз Иран, потег кој Техеран повторно предупреди дека ќе наиде на жесток одговор, пишува Асошиејтед...

Изложбата „Професори и студенти“ во МКЦ ја покажува разновидноста на современата ликовна уметност

Во вторник вечерта во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје беше отворено третото издание на групната изложба „Професори и студенти“. Изложбата е отворена од 17 до 30 јуни и прикажува дела од...

ЈО: Поведена постапка за инцидентот во Чаир во кој синоќа беа ранети три лица

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје повел постапка против едно лице на возраст од 18 години, поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Тешка телесна повреда од...