„Норвеџиан ерлајнс“ од денеска ќе лета од Осло до Скопје и обратно

„Норвеџиан ерлајнс“ ќе лета до меѓународниот аеродром Скопје, со што ќе се создаде уште една можност за македонските граѓани да пристигнат до Осло и да ја посетат земјата на прекрасните фјордови и поларната светлина“, изјави Магнус Томе Морсанд, главен комерцијален директор на „Норвеџиан ерлајнс“

-

ТАВ Македонија утринава со воден мост за добредојде, на меѓународниот аеродром Скопје, го пречека првиот лет на скандинавската авиокомпанија „Норвеџиан ерлајнс“ од Осло. Со авион Боинг 737, со капацитет од 189 патници, авиокомпанијата за прв пат слета во Скопје, со што го означи почетокот на комерцијалните операции на македонскиот пазар.

„Од денеска ќе бидеме поврзан авионски со главниот град на Норвешка, со аеродромот во Осло Гардермон, двапати неделно, во понеделник и петок. „Норвеџиан ерлајнс“ ќе лета до меѓународниот аеродром Скопје, со што ќе се создаде уште една можност за македонските граѓани да пристигнат до Осло и да ја посетат земјата на прекрасните фјордови и поларната светлина“, изјави Магнус Томе Морсанд, главен комерцијален директор на „Норвеџиан ерлајнс“.

Летовите во петок поаѓаат од аеродромот во Осло во 06:35 часот, а на скопскиот аеродром пристигнуваат во 09:40 часот, а враќањето за Осло од Скопје е во 10:20 часот. Во понеделник, времето на поаѓање од Осло е 17:15 часот, а на меѓународниот аеродром Скопје во 20:20 часот.

Од ТАВ Македонија информираат дека во пет месеци од 2023 година, опслужени се 1.036.296 патници кои патувале преку двата македонски аеродроми, а оваа бројка е зголемување од 45 отсто во однос на истиот период во 2022 година и 13 отсто зголемување во однос на 2019 година.

Necromanser Eldritch -Diablo 4 -скриншот од лична архива на Иван Стојановски

Експанзијата „Vessel of Hatred“ на Diablo 4 доби одлични критики од гејмерите

Излегувањето на експанзијата Vessel of Hatred на Diablo 4 наиде на голем број одлични критики од страна на гејмерите ширум светот и е експанзија што фановите ја очекуваа од...