Платформа за родова еднаквост: Градоначалникот не е за да прави поделби на „послушни“ и „непослушни“, туку да работи за доброто на сите

„Почитувањето на правата на секоја личност и практикувањето на партиципативната демократија е основа за развој на секое демократско општество, а правото на партиципативна демократија е загарантирано со Уставот на земјата. Оттука, повторно нагласуваме, Законот за родова еднаквост не е против ниту еден граѓанин, децата и семејствата, ниту пак со истиот се одземаат нечии права“, порачаа членките на Платформата

-

Платформата за родова еднаквост реагира на последната заканувачка реторика на градоначалникот на Општина Струмица, Костадин Костадинов, кон граѓанските организации кои не се согласуваат со неговото практикување на функцијата градоначалник. Костадинов, преку јавно изразениот став на неговата официјална страна на социјалните мрежи во средата, се закани со вето и ништовност на соработка со граѓанските организации кои имаат критички став кон последните случувања на територијата на општина Струмица. Ваквиот наратив за ставање вето на соработката со „неистомислениците“ во граѓанскиот сектор кои се залагаат за унапредување на родовата еднаквост и почитување на основните човекови права создава дополнителна поларизација помеѓу граѓаните и поттикнува говор на омраза, насилство и нетолеранција.

Вкупно 29 членки на Платформата за родова еднаквост, изјавија дека се згрозени од последната заканувачка реторика на градоначалникот на Општина Струмица, Костадин Костадинов, кон граѓанските организации кои не се согласуваат со неговото практикување на функцијата градоначалник.

„Костадинов, преку јавно изразениот став на неговата официјална страна на социјалните мрежи на 21.06.2023 година, се заканува со вето и ништовност на соработка со граѓанските организации кои имаат критички став кон последните случувања на територијата на општина Струмица. Ваквиот наратив за ставање вето на соработката со „неистомислениците“ во граѓанскиот сектор кои се залагаат за унапредување на родовата еднаквост и почитување на основните човекови права создава дополнителна поларизација помеѓу граѓаните и поттикнува говор на омраза, насилство и нетолеранција“, порачаа од Платформата.

Тие во реакцијата го потсетуваат градоначалникот дека “ваквата реторика на „подобни“ и „неподобни“ граѓански организации беше главен политички инструмент на минатиот автократски режим на владеење, против кој сите се боревме за да ги ослободиме граѓаните и институциите, со верување дека никогаш повеќе нема да се повтори.“

Еднаквоста, рамноправноста и демократичноста, како што истакнаа од Платформата, се принципи кои секој избран носител на јавна функција е должен да ги почитува и негува, а не да практикува принцип на исклучување кога некои граѓани или граѓански организации немаат ист политички став како неговиот.

„Верувањето во Бога и верската определба е личен и приватен став на секој граѓанин. Ние, граѓанските организации, не го оспоруваме правото на верска определба на ниту еден граѓанин, ниту пак на градоначалникот Костадинов. Меѓутоа, како избран од граѓаните и носител на јавна функција, градоначалникот не е избран на оваа функција заради верувањето или неверувањето во Бога, туку заради решавање на локалните проблеми на сите граѓани и за подобрување на нивниот квалитет на живот. Повикот за поделба на организациите на „подобни“ и „неподобни“ ги крши законските овластувања на градоначалникот за вклучување на сите заинтересирани страни во креирањето и спроведувањето на локалните политики, а особено ја загрозува слободата на изразување и критичката мисла на оние кои размислуваат поинаку од него“, велат од Платформата за родова еднаквост.

Тие го повикаа градоначалникот на општина Струмица да се воздржи од понатамошни критики кон граѓанските организации кои се борат за унапредување на родовата еднаквост, како основно човеково право и една од најголемите демократски вредности на секое општество. И, укажаа дека ваквите негови настапи само може уште повеќе да поттикнат омраза и насилство кон различните и маргинализираните групи, а за кои градоначалникот е должен да ја обезбеди нивната безбедност и живот. Ондосно дека се чекор назад во демократијата и приближувањето кон ЕУ и не и носат никакво општествено добро на нашата земја.

„Почитувањето на правата на секоја личност и практикувањето на партиципативната демократија е основа за развој на секое демократско општество, а правото на партиципативна демократија е загарантирано со Уставот на земјата. Оттука, повторно нагласуваме, Законот за родова еднаквост не е против ниту еден граѓанин, децата и семејствата, ниту пак со истиот се одземаат нечии права, туку вклучува подобри институционални механизми за унапредување на положбата на жената, еднаквост на жените и мажите во остварувањето на својот личен, социјален, економски и општествен потенцијал. Законот е за подобро утре за жените, децата, за демократијата, за еднаквоста во општеството“, порачаа членките на Платформата.

Насер Зибери: Во затворот „Идризово“ 1.200 затвореници ги лечи само еден општ лекар и две медицински сестри

Состојбата на една земја најдобро може да се види врз основа на тоа какви повреди на правата регистрира официјалниот бранител. Ова го вели народниот правобранител на Северна Македонија, Насер Зибери, во...

Владата ја донесе Националната стратегија за сајбер безбедност 2025–2028 година

Денеска, на прес-конференција во Владата, министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, официјално ја претстави Националната стратегија за сајбер безбедност 2025–2028 година, стратешки патоказ за зајакнување на отпорноста и безбедноста на државата...

170 жени годишно заболуваат од рак на грло на матка, болеста може да се спречи со вакцинација

Според податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), во Македонија се забележува дека бројот на нови случаи за 2022 година со рак на грлото на матка изнесува 173, а бројот на...

СЕММ: Најмногу жалби за онлајн медиумите, најчесто се прекршува првиот член од Кодексот на новинари

Најголем дел од жалбите кои лани стигнале до Комисијата за жалби при Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), се однесуваат на интернет порталите - за онлајн медиумите минатата година...

Насер Зибери: Во затворот „Идризово“ 1.200 затвореници ги лечи само еден општ лекар и две медицински сестри

Состојбата на една земја најдобро може да се види врз основа на тоа какви повреди на правата регистрира официјалниот бранител. Ова го вели народниот правобранител на Северна Македонија, Насер...